Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Гостивар: „Мамо не се враќам дома, на умирање сум“!

Синоќа во полициската станица Гостивар, Д.А. пријавила дека на пред два дена од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот син М.М.(27). Пријавителката посочила дека на 01.11.2014 година околу 19:00 часот го побарала на телефон и тој и рекол дека нема да си дојде дома и дека бил на умирање. По телефонскиот разговор бил недостапен. […]

______________________________________________________________________________________________________

Паника во Чаир: Исчезна 15-годишно девојче

Синоќа два часа по полноќ, во полициската станица во Чаир, А.Р.(1966) од Скопје, пријавил дека исчезнала неговата ќерка. Како што истакнал тој, завчера околу 11:00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка А.Е.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

Бизнисмен од Прилеп измамил пијан човек да му ги преземе долговите на фирмата

Пијан прилепчанец со измама станал сопственик на фирма, но и голем должник на Управата за јавни приходи откако бизнисмен од Битола го измамил да го потпише договорот додека бил под дејство на алкохол. Сепак полицијата успеала да ја открие измамата и им поднесе кривични пријави на инволвираните. Прилепската полиција против В.С. (46) од Битола и […]

______________________________________________________________________________________________________

НОВИ ДЕТАЛИ: Синот му го згазил воз, па го закопал со камења во Велес

Пет лица државјани на Авганистан утринава во 06:20 часот пријавиле дека во раните утрински часови, движејќи се пеш по железничката пруга Градско-Згрополци наишол товарен воз и едно лице било прегазено.   Лицето авганистански државјанин на возраст од 44 години со своите пет деца пешачеле крај пругата Градско-Згрополци, по што едно од децата, 20-годишно момче, било […]

______________________________________________________________________________________________________

4 деца за малку ќе изгореле во куќа во Велес – спасени во последен миг

Пожар избувна денеска претпладне во куќа на улица „Пеце Димов“ број 62 во населбата Керамидна во новиот дел на Велес, при што целосно изгореа покривот, дел од катот и покуќнината. Пожарникарите успеаја навреме да ги извлечат четирите деца кои во тоа време спиеле, велат за МИА од Територијалната противпожарна единица од Велес. Мајката на децата спиела во […]

______________________________________________________________________________________________________

Стружанка киднапирана и ограбена, па оставена на плажа

Стружанка вчера била киднапирана, ограбена, па пуштена на слобода. Во полициската станица во Струга, вчера е пријавено грабнувањето на С.К.(1972), откако таа излегла од „Тутунска банка“ на улицата Маршал Тито, околу 9 часот. Додека се движела кон пекарата „Алмико“, била пресретната од женско лице кое преку устата и носот и ставила некоја течност, по што […]

______________________________________________________________________________________________________

Семејство повредено во сообраќајка кај Куманово – еден загинат (Фото)

Едно лице е починато, а четворица повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи попладнево на патот Куманово-Скопје.Сите пет лица се членови на едно семејство од кумановското село Черкезе. Починатиот е 44-годишниот Беадин Р., а во несреќата повредени се неговите роднини Б.Р. (27), Ф.Р. (32), А.Р. (51) и А.Р. (21). Несреќата се случи кога автомобил […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонски државјани фатени во Сараево со хероин

Македонските државјани Шабан Х. и Индриз Ш. од Гостивар уапсени се со повеќе од еден килограм хероин на меѓународната автобуска станица на ул. „Пут живота“ (Пат на животот) во општина Ново Сараево.   – Припадниците на Одделението за борба против злоупотребата на опојни дроги при МВР на кантонот Сараево дрогата ја открија кај Шабан Х. […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна малолетничка од Скопје

Четиринаесет годишно девојче од Скопје е исчезнато пред два дена. Од полицијата информираат дека нејзиниот 35-годишен татко С.Ѓ. вчера пријавил дека пред два дена неговата малолетна ќерка околу 13 часот се оддалечила од дома во непознат правец. Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на девојчето.

______________________________________________________________________________________________________

Тепачка во средно медицинско

На ул.„Мајка Тереза“поточно во дворот на СМУ „Панче Караѓозов“ во Скопје вчера во 09,50 часот бил нарушен ЈРМ со меѓусебна тепачка помеѓу лицата О.Љ. (16) од с.Љуботен и А.К. (16) од с.Рашче од една страна и лицата Е.С. (18) од с.Крушопек, С.И.(18), Е.С.(18) од с.Сингелиќ, Ф.Б.(18) од с.Арачиново, З.Р. (17), Б.Н.(18) од с.Чифлик, М.Џ.(18) сите […]

______________________________________________________________________________________________________

Гостивар: Приведени 14 лица поради сомневање за трговија со луѓе

На 25.10.2014 година, службеници од Полициската станица Гостивар и од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, спровеле заедничка акциска контрола во три угостителски објекти во Гостивар.   Во акцијата, по разни основи, а најмногу поради сомнение за нивна евентуална инволвираност во трговија со луѓе, вкупно биле приведени четиринаесет лица, меѓу кои и двајца […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Сообраќајка кај Железничка – повредени се неколку лица

Сообраќајка пред малку се случи кај транспортниот центар. Две возила учествуваа во директен судар, а според информациите кои ги објави проверено.мк повредени се неколку лица кои се префрлени во болница.

______________________________________________________________________________________________________

Измамници на Стружанец му ветувале дека за 10.000 евра ќе средат дозвола за превоз

Измамници се претставувуавле како вработени во Министерството за транспорт и врски и му ветувале на стружанец дека за 10.000 евра ќе му средат неговите фирми да добијат две линии за вршење на меѓународен превоз на лица. Министерството за транспорт и врски, распишал оглас за распределба на меѓуопштински и возни редови, на којшто аплицирал стружанецот, управител […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови детали за самоубиството на медицинската сестра, сопруга на познатиот пејач

Триесет и седумгодишна жена попладнево во Скопје го загуби животот откако се фрлила од зградата во која била вработена. Според информациите од полицијата, немилиот настан се случил околу 12.30 часот кога скопјанката скокнала од шестиот кат и починала на самото место. -Како што се дознава таа претходно се заклучила во тоалетот од каде насилно ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Сопругата на Панки се заклучила во просторија пред да се самоубие

Медицинската сестра која денеска изврши самоубиство со фрлање од шести кат од приватна болница во Скопје е сопруга на познатиот македонки пејач Сашо Каимовски или во јавноста познат како Панки, објави Телеграф.мк   Извори од истрагата за Телеграф.мк информираат дека медицинската сестра претходно се заклучила во просторија каде насилно ја извадила мрежата од прозорците на […]

______________________________________________________________________________________________________

Се самоуби сопруга на познат македонски пејач!

Веста која ги потресе естрадните кругови е дека денеска се самоуби жена на познат пејач. Жената животот си го одзела наводно скокајќи од шестиот кат во зградата во која работела. Сопругата на пејачот која работела како медицинска сестра, денот го почнала како и вообичаено со кафе со колегите и ништо не укажувало дека подоцна ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Големо апсење во Скопје Сити Мол!

Големо апсење спровела полицијата Скопје Сити Мол, објави Пресс 24. -Според нашите информации, уапсена е цела група изманинци поради измама со доделување на возни редови од Министерството за транспорт и врски. Како што открива нашиот извор, тие си формирале паралелено министерство и си делеле возни редови за линии за што инкасирале поголема сума на пари. […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Страшна сообраќајка на патот Охрид-Кичево

На магистралниот пат Охрид – Кичево во непосредна близина на селото Оровник се судрија три возила: Цитроен Хсара,Голф 4,и Застава 750 (Фичо). Во несреќата повредени се три патици, кои се префрлени во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св Еразмо Охрид. Повредените се надвор од животна опасност.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1