Сообраќајка во Тетово – прегазено 11 годишно девојче


Со автомобил прегазил 11 годишно девојче.

Несреќата се случила вчера околу 17:30 минути на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово при што 11-годишното девојче од селото Мерово било повредено откако врз него налетало автомобил „Опел“ со тетовски регистерски таблички што го управувал Ј.А.(21) од Мала Речица.policija-skopje1-540x320

Возачот веднаш го префрлил повреденото девојче во Тетовската болница каде по укажаната лекарска помош тоа било задржано за лекување.

Материјалната штета во овој случај се проценува на 20 илјади денари. Полицијата работи на утврдување на причините за сообраќајката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1