Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Жена во Гостивар прегазена од својот автомобил – се обидувала да го сопре

На 23 јули во полицијата бил пријавен е случај во кој што С.Х.(50) од гостиварското село Равенсе здобила со тешки телесни повреди при обид да го запре паркираното возило кое тргнало по удолница наназад. С.Х. во обид да го запре автомобилот  била удрена од отворената врата, паднала и била прегазена од левото предно тркало, соопштија […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Сообраќајка пред УСЈЕ

Тешка сообраќајна несреќа претпладнево се случила на раскрсницата пред скопската Цементарница, јавува скопје инфо Се уште нема информации за повредени.

______________________________________________________________________________________________________

Го убил за 300 денари – детали за убиството во Велес

МВР го расчисти убисвото во велешката гимназија од минатата недела. Во полициска станица вчера бил приведен 48 годишниот Зоранчо Б. Според првичините информации тој веќе го признал делото пред полицијата. 90 годишниот Јован Цилаков го убил за сума од 300 денари. Посочил дека го пресретнал во паркот во Велес го удрил по што паднал во […]

______________________________________________________________________________________________________

Снаа претепала свекрва во Скопје

Во текот на вчерашниот ден, 70-годишната Е.С.  пријавила дека во нејзината куќа физички била нападната од нејзината снаа Н.С.  при што и биле нанесени телесни повреди. Е.С била пренесена во Градската општа болница во Скопје каде и биле констатирани тешки телесни повредипо што била задржана на лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

Убиецот бил поранешен боксер децата не го познавале а жената била разведена

Двете убиени жени не биле во роднинска врска со убиецот. Соседите во скопски Аеродром каде утрово се случи двојно убиство и самоубиство велат дека убиената жена воопшто не му била сопруга на убиецот. Тие не знаат дали и какви релации имало меѓу нив, но велат дека таа била разведена и немала сопруг. Според нив, децата […]

______________________________________________________________________________________________________

Грабното и силувано 13-годишно девојче од струмичко

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.Д. (20) од Струмица, за сторено кривично дело дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“ и Ш.Ј. за кривично дело „помагање“. Во с.Банско-Струмичко, пријавените откако пресретнале 13-годишно девојче насилно ја внеле во патничко возило „опел вектра“ и ја однеле во куќа во Струмица каде Т.Д. извршил […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма во Скопје: 24 год момче и влегол преку прозорот на сосетката – Ја тепал и силувал

Дваесет и четири годишно момче од Скопје е осомничено дека во петокот во вечерните часови ја силувал 40 годишната сосетка со скопската населба Ѓорче Петров во нејзината куќа каде била сама. Против него е поднесена кривична пријава. Како што информираат од полицијата, М.Л. вечерта влегол во нејзината куќа преку отворениот прозорец од кујната, откако видел […]

______________________________________________________________________________________________________

Ужас во скопски Аеродром: Пред децата ја убил мајката и нејзината сестра па се самоубил

Двојно убиство и самоубиство утрово ги потресе жителите на скопската населба Аеродром. Двете жени биле во станот на 5-ти спрат во зградата со број 44 на булеварот Авоној а убиството се случило пред очите на двете малолетни деца. Од МВР потврдено е дека починати се три лица, сите од Скопје, на возраст од 31 до […]

______________________________________________________________________________________________________

Автобуси се судрија кај Соборен храм

Утрово на булеварот „Партизански одреди“ кај Собориот Храм се судрија два автобуса, јавува Република. Автобус удри во двокатен автобус на сообраќајното градско претпријатие ЈСП. Се уште нема информации за повредени во незгодата. Повеќе фотографии на Република

______________________________________________________________________________________________________

Прегазен тинејџер во Скопје, се бори за живот

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје случена е незгода со тешки телесни повреди во 9 часот на бул. „Македонско-косовска бригада“ во која учествувало патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со непознати регистарски таблички, управувано од непознат граѓанин и пешак, роден 1996 година. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот. Според […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Стравична сообраќајка во Аеродром

Стравична сообраќајна несреќа се случи вчера на булеварот „Видео Смилевски Бато“, на раскрсницата помеѓу наслебите Ново Лисиче и Аеродром, во близина на Поштата. Во соообраќајката која се случила околу еден часот по полноќ, учествувале два автомобила. Според првичните неофицијални информации, едно од возилата- „голф 4“ поминал на црвено и удрил во другиот автомобил „голф 5“. […]

______________________________________________________________________________________________________

Странски гости натепани во центарот на Охрид

Денес, во кабаре на центарот на Охрид се случила тепачка која, како што информира МВР, ја предизвикале двајца охриѓани Имено, 33- годишниот и 24- годишниот охриѓанец забележале 58- годишна жена во друштво со неколку државјани на Турција и САД, кои физички ги нападнале, при што им предизвикале телесни повреди. Потоа двајцата охриѓани го искршиле и […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонец уапсен во Србија- се обидел да пренесе дрога

На граничниот премин Батровци е уапсен македонски државјанин кај кого се пронајдени 60 пакети марихуана со вкупна тежина од 29 килограми. Српската полиција соопштува дека осомничениот на излезот од Србија кон Хрватска се обидел да ја прошверцува дрогата во специјално направен бункер во возило со македонски регистерски ознаки. Српското МВР информира дека во соработка со […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожар во затворот Идризово

Пожар избил во затворот во Идризово околу 5 часот изутринава. Причините за пожарот засега се непознати, а пламените јазици целосно ја изгореле работилницата за резбање, заедно со кровната конструкција. Пожарот бил локализиран во 5 часот и 30 минути.

______________________________________________________________________________________________________

Полицијата “влезе” во Гази Баба – апсење на улични дилери на дрога

МВР влезе во скопска Гази Баба. Познати улични дилери на дрога завршија во притвор. При претрест на нивниот дом полицијата пронашла и одзела  50 грама хероин и 375 грама смеса од парацетамол и кофеин со која приведените го мешале херионот. Двајцата скопјани на 32 и 52 годишна возраст за полицијата се познати деликвенти. Против двајцата […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали од железничка несреќа во која загина моторџија кај Кумановско

Во железничка несреќа која се случи утрово, кај кумановско Романовце загина 43 годишниот И В.,жител на село Романовце, соопштија од СВР Куманово. Околу осум часот изутрината во мотоциклистот, кој поминувал на обележен премин на железничка пруга удрил патничкот воз кој сообраќаел на релација Табановце – Скопје, информира Валентина Николовска од СВР Куманово. Лекарите од Итна […]

______________________________________________________________________________________________________

ТРАГЕДИЈА ВО КУМАНОВО: Воз удри во мотоциклист

Мотоциклист загина во железничка несреќа која утринава околу 8 часот се случила кај кумановското село Романовце. Патнички воз кој сообраќал на релација Табановце-Скопје удрил во 43 годишниот мотоциклист Ивица В. Од здобиените повреди Ивица починал на лице место. Полицискиот увид е во тек.

______________________________________________________________________________________________________

Пред 8 години си го убил таткото – завчера се самоубил

Во четвртокот вечерта, околу 19 часот, во дворот на семјната куќа со бесење си го одзеде животот педесет и шест годишниот Миле Јовановиќ од село Иванковци. Човекот кој посегна и го одзеде животот на татко му Раде Јовановиќ, не успеа  да се излекува. Завчера вечер си пресуди сам на себе. Случката била пријавена во полициската […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1