27/07/2014 10:51
•
Posted by: MK News
Сообраќајна несреќа се случила изутринава на Илинденска во близина на средното училиште Орце Николов. До несреќата дошло кога автомобилот од марката „Хонда цивик“ излетало од патот и удрило во оградата која ги дели спротивните ленти на булеварот, јавува Нетпрес
______________________________________________________________________________________________________
26/07/2014 20:53
•
Posted by: MK News
Вчера за влакно била избегната трагедија откако 30-годишниот С.С. на улицата во „Марко Цепенков“ во Кочани, додека во помошен објект заварувал назаден дел на возило со помош на оксигенски апарат, одеднаш се појавил пламен oд кој и самиот се запалил. Повредениот поради сериозноста на повредите бил веднаш пренесен на Клиниките во Скопје.
______________________________________________________________________________________________________
26/07/2014 12:35
•
Posted by: MK News
Несреќата се случила вчера во охридското село Требеништа. Животот го загуби 56 – годишниот Благоја Л. Како што информираат од МВР, Благоја се качил на бандера, сакајќи да замени улична светилка која била прегорена. Тој некако изгубил рамнотежа по што од бандерата паднал на земја. Благоја со возило на Брза помош итно бил пренесен во […]
______________________________________________________________________________________________________
26/07/2014 11:51
•
Posted by: MK News
Во населбата Лозово вчера попладнето се случила железничка несреќа, кога воз удрил во автомобил, јави Утрински весник. Полицаец сакал со автомобил да мине пред возот, па бил удрен Несреќата се случила околу 17 часот, кога возот кој сообраќал од Велес кон Штип удрил во возило марка голф, со штипски регистарски таблички, на обезбеден патен премин […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2014 14:23
•
Posted by: MK News
Македонец скокнал од Бранков мост на реката Сава во Белград. 57 годишниот македонски државјанин, И.К. десетина минути пред пладне се фрлил од Бранков мост на Сава во Белград, јавува српски Блиц. Неговото тело се уште не е пронајдено во водите на Сава. Српските медиуми не откриваат повеќе информации
______________________________________________________________________________________________________
24/07/2014 13:20
•
Posted by: MK News
На 23 јули во полицијата бил пријавен е случај во кој што С.Х.(50) од гостиварското село Равенсе здобила со тешки телесни повреди при обид да го запре паркираното возило кое тргнало по удолница наназад. С.Х. во обид да го запре автомобилот била удрена од отворената врата, паднала и била прегазена од левото предно тркало, соопштија […]
______________________________________________________________________________________________________
23/07/2014 12:47
•
Posted by: MK News
Тешка сообраќајна несреќа претпладнево се случила на раскрсницата пред скопската Цементарница, јавува скопје инфо Се уште нема информации за повредени.
______________________________________________________________________________________________________
23/07/2014 12:34
•
Posted by: MK News
МВР го расчисти убисвото во велешката гимназија од минатата недела. Во полициска станица вчера бил приведен 48 годишниот Зоранчо Б. Според првичините информации тој веќе го признал делото пред полицијата. 90 годишниот Јован Цилаков го убил за сума од 300 денари. Посочил дека го пресретнал во паркот во Велес го удрил по што паднал во […]
______________________________________________________________________________________________________
22/07/2014 15:32
•
Posted by: MK News
Во текот на вчерашниот ден, 70-годишната Е.С. пријавила дека во нејзината куќа физички била нападната од нејзината снаа Н.С. при што и биле нанесени телесни повреди. Е.С била пренесена во Градската општа болница во Скопје каде и биле констатирани тешки телесни повредипо што била задржана на лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
22/07/2014 15:27
•
Posted by: MK News
Двете убиени жени не биле во роднинска врска со убиецот. Соседите во скопски Аеродром каде утрово се случи двојно убиство и самоубиство велат дека убиената жена воопшто не му била сопруга на убиецот. Тие не знаат дали и какви релации имало меѓу нив, но велат дека таа била разведена и немала сопруг. Според нив, децата […]
______________________________________________________________________________________________________
22/07/2014 15:20
•
Posted by: MK News
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.Д. (20) од Струмица, за сторено кривично дело дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“ и Ш.Ј. за кривично дело „помагање“. Во с.Банско-Струмичко, пријавените откако пресретнале 13-годишно девојче насилно ја внеле во патничко возило „опел вектра“ и ја однеле во куќа во Струмица каде Т.Д. извршил […]
______________________________________________________________________________________________________
22/07/2014 14:56
•
Posted by: MK News
Дваесет и четири годишно момче од Скопје е осомничено дека во петокот во вечерните часови ја силувал 40 годишната сосетка со скопската населба Ѓорче Петров во нејзината куќа каде била сама. Против него е поднесена кривична пријава. Како што информираат од полицијата, М.Л. вечерта влегол во нејзината куќа преку отворениот прозорец од кујната, откако видел […]
______________________________________________________________________________________________________
22/07/2014 14:52
•
Posted by: MK News
Двојно убиство и самоубиство утрово ги потресе жителите на скопската населба Аеродром. Двете жени биле во станот на 5-ти спрат во зградата со број 44 на булеварот Авоној а убиството се случило пред очите на двете малолетни деца. Од МВР потврдено е дека починати се три лица, сите од Скопје, на возраст од 31 до […]
______________________________________________________________________________________________________
22/07/2014 10:02
•
Posted by: MK News
Утрово на булеварот „Партизански одреди“ кај Собориот Храм се судрија два автобуса, јавува Република. Автобус удри во двокатен автобус на сообраќајното градско претпријатие ЈСП. Се уште нема информации за повредени во незгодата. Повеќе фотографии на Република
______________________________________________________________________________________________________
22/07/2014 09:23
•
Posted by: MK News
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје случена е незгода со тешки телесни повреди во 9 часот на бул. „Македонско-косовска бригада“ во која учествувало патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со непознати регистарски таблички, управувано од непознат граѓанин и пешак, роден 1996 година. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот. Според […]
______________________________________________________________________________________________________
21/07/2014 14:59
•
Posted by: MK News
Стравична сообраќајна несреќа се случи вчера на булеварот „Видео Смилевски Бато“, на раскрсницата помеѓу наслебите Ново Лисиче и Аеродром, во близина на Поштата. Во соообраќајката која се случила околу еден часот по полноќ, учествувале два автомобила. Според првичните неофицијални информации, едно од возилата- „голф 4“ поминал на црвено и удрил во другиот автомобил „голф 5“. […]
______________________________________________________________________________________________________
21/07/2014 12:39
•
Posted by: MK News
Денес, во кабаре на центарот на Охрид се случила тепачка која, како што информира МВР, ја предизвикале двајца охриѓани Имено, 33- годишниот и 24- годишниот охриѓанец забележале 58- годишна жена во друштво со неколку државјани на Турција и САД, кои физички ги нападнале, при што им предизвикале телесни повреди. Потоа двајцата охриѓани го искршиле и […]
______________________________________________________________________________________________________
21/07/2014 10:37
•
Posted by: MK News
На граничниот премин Батровци е уапсен македонски државјанин кај кого се пронајдени 60 пакети марихуана со вкупна тежина од 29 килограми. Српската полиција соопштува дека осомничениот на излезот од Србија кон Хрватска се обидел да ја прошверцува дрогата во специјално направен бункер во возило со македонски регистерски ознаки. Српското МВР информира дека во соработка со […]
______________________________________________________________________________________________________