05/08/2014 13:09
•
Posted by: MK News
Сакајќи да и помогне на млада девојка која доцна во ноќта стопирала за превоз, 31-годишниот кочанчанец И.Ѓ. завршил нападнат и ограбен. Драмата се случувала синоќа околу полноќ додека И.Ѓ. се враќал од Пониква кон Штип. Во еден момент на коловозот забележал непозната жена која барала превоз. Застанал и ја однел до бензиската пумпа кај селото […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2014 13:00
•
Posted by: MK News
Во кафе бар „Њу Орлеанс“ во старата скопска чаршија, синоќа дошло едно непознато лице кое започнало врбална расправија барајќи да не се пушта македонската музика. Откако лицето заминало од барот набрзо потоа се вратил со неколку млади лица на возраст од 20 до 25 години кои исто така започнале вербална расправија по што искршиле две […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2014 23:31
•
Posted by: MK News
Велосипедист е прегазен на улицата Орце Николов на раскрсницата кај општина Центар. Такси воозило удрило во него. Велосипедистот веднаш бил пренесен во болница, но според очевидци не бил тешко повреден. Се жалел на болки во градите. Полицијата врши увид на местото. Таксисто тврдел дека не го удрил велосипедистот бидејки според неговите кажувања тој не бил […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2014 12:06
•
Posted by: MK News
Арјета Алити од населбата Горна Чаршија во Тетово вчера (недела) требаше да го облече невестинскиот фустан, но починала токму утрото кога требаше да се венча со своето момче од селото Доброште – Општина Теарце, објави Нова ТВ. Според информации од семејството на почината 23-годишна Ајрета, се било подготвено за свадбената церемонија, а семејството на зетот […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2014 22:16
•
Posted by: MK News
Тешка сообраќајка се случи попладнево кај местото Трница во мавровскиот регион, јави Република. Тешка сообраќајка се случи попладнево кај местото Трница во мавровскиот регион. Засега нема информации за жртви или повредени.
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2014 18:25
•
Posted by: MK News
Пет лица се повредени во сообраќајка што се случила на магистралниот пат Штип-Радовиш синоќа околу 21 часот. Во сообраќајната несреќа учествувале две патнички моторни возила „Алфа Ромео“ со скопски регистерски таблички и „Фоклсваген Поло“ со штипски регистерски ознаки. Според првичните информации од полицијата дошло до директен судир меѓу двете возила кои се движеле во спротивен […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2014 14:28
•
Posted by: MK News
Скопјанец бил погоден од залутан куршум додека се одмарал во својот двор. Според податоците од полицијата, настанот се случил во 17 часот и 50 минути кога 50-годишниот В.Ш. од Скопје на улицата „2“ додека се одмарал во сопствениот двор, бил погоден од залутан проектил од огнено оружје, при што се здобил со повреда во пределот […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2014 12:30
•
Posted by: MK News
Вистинска семејна трагедија се случи во саботата претпладне во Тетово. Според првичните и засега сеуште не официјални информации, таткото А.Е., познат тетовски доктор во пензија, прво го обесил својот син В.Е., а потоа и самиот, со бесење, си го одзел животот. Настанот се случил околу 11 часот во нивната семејна куќа која се наоѓа во близина […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2014 11:36
•
Posted by: MK News
На магистралниот пат Радовиш-Штип вчера околу 21 часот се случила тешка сообраќајна несреќа кај местото викано ,,Директорска кривина“. Во сообраќајната несреќа, како што пишува Пресс 24, учествувале две патнички моторни возила „Алфа Ромео“ со скопски регистерски таблички и „Фоклсваген Поло“ со штипски регистерски ознаки. Од силината на ударот „Алфата“ излетала од патот и се превртела. […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2014 21:47
•
Posted by: MK News
Татко и две деца се повредени во сообраќајната незгода што попладнево околу 18 часот се случи на патот Градко-Прилеп во близина на Росоман. Од полицијата ја потврдија незгодата и информираа дека 45 годишниот Ѓ.М од струмичкото село Бањица се здобил со тешки телесни повреди, скршеница на левата потколеница, јавува Утрински весник .Тој управувал товарно возило […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2014 16:35
•
Posted by: MK News
Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврово-Дебар се случила утринава во 11 часот. Несреќата се случила кај бензинската пумпа на Макпетрол кај Св. Јован Бигорски меѓу опел зафира со турски регистерски таблички управува од А. О (1965) и рено со гостиварски регистерски таблички управувано од З.Е (1954) од Врапчиште, јавува НетПрес. Во сударот потешко е повредена […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2014 12:42
•
Posted by: MK News
Едно возило-џип марка „Range Rover“ со англиски национални ознаки и безживотно машко тело на задното седиште, синоќа пронајдоа полициските службеници работејќи на реализација на казненото дело „Разбојништво“ извршено на 29-ти минатиот месец во две златари во Дебар. -Возило е пронајдено во 19 часот и 45 минути на место викано „Мирешки ливади“ во близина на државната […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2014 12:36
•
Posted by: MK News
Две момчиња од Скопје на возраст од 17 и 19 години се повредени во тепачка на две групи која синоќа се случила во Охрид. Од полицијата информираат дека јавниот ред и мир бил нарушен од страна на две групи на млади лица кои меѓусебно се степале. Во тепачката убодни рани со нож им биле нанесени […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2014 14:29
•
Posted by: MK News
Во СВР Тетово е пријавено семејно насилство кое свекрва го извршила врз нејзината снаа. Според полицискиот билтен по караница свектвата побеснела и на снаата фрлала филџани и стаклена вазна. Еден од предметите ја погодил и и нанел повреди во пределот на главата. Снаата од ударот паднала на подот а пријавената продолжила со нападот и и […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2014 12:48
•
Posted by: MK News
Скопјанка на возраст од 83 години е жената која вчера се самоуби во центарот на Скопје. По извршениот увид, полицијата го утврди нејзиниот идентитет. Станува збор за Зорица Н. (83) која живеела во зградата од која го извршила самоубиството. Зорица вчера околу 14 часот се самоуби скокајќи од петтиот кат од зградата на улицата „Маркс […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2014 12:42
•
Posted by: MK News
Aкумулатори и радио уреди биле украдени од автомобили паркирани на паркингот кај ул. „Скупи“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Кражбите се случиле во текот на средата, во точно неутврдено време. Арамијата со погоден алат извршил оштетување на автомобилите од кои украл акумулатори и радио уреди, при што е причинил материјална штета од околу […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2014 12:34
•
Posted by: MK News
Дваесет иседумгодишен велешанец ја силувал неговата поранешна сопруга, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил во вторник, на 29-ти јули, кога велешанецот, чиј идентитет МВР не го соопштува, ја забележал неговата поранешна сопруга и на сила ја внел во неговото патничко возило. Заканувајќи и се да не вика помош како и дека ќе ја […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2014 10:35
•
Posted by: MK News
Кривичниот суд го осуди на затворска казна во траење од шест години 34 – годишниот скопјанец кој на Фејсбук објави експлицитни фотографии на кои неговата малолетна внука е во сексуална положба, јавува Канал 5. Бидејќи го признал делото изречена му е казна под законскиот минимум од осум години. Од судот велат дека обвинетиот Тасе Чанов […]
______________________________________________________________________________________________________