Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Експлозии кај факултетите во Скопје (Фото)

Две експлозии одекнале синоќа во комплексот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ кај Бит Пазар. Обезбедувањето синоќа околу 22 часот пријавило дека слушнале две експлозии. За среќа нема повредени лица и не е причинета материјална штета. Во пријавата на случајот, веднаш било излезено на терен од каде се подигнати траги кои се предадени на вештачење. Полицискиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсени насилниците кои не сакаа да ја слушаат „Распукала Шар Планина“ во Скопската чаршија

Министерството за внатрешни работи идентификуваше и приведе две лица за кои постои сомневање дека се извршители на насилството кое пред два дена се случи во Старата скопска чаршија. Лицата се сомничат дека поради пуштање на македонска музика, влегле во кафулето „Њу Орлеанс“ и искршиле две стакла и компјутер кој бил сопственост на Диџејот. Кога вработената сакала да […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка пред Свети Николе – еден загинат

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа која утрово околу 10 часот се случила на магистралниот пат Куманово – Свети Николе пред влезот на Свети Николе. Според првичните информации, во сообраќајката загинал 56 годишниот Марјанче Д.. Во моторциклот кој тој го управувал удрил 49 годишниот Фадир С. управувајќи камион марка Мерцедес со штипски регистерски ознаки. […]

______________________________________________________________________________________________________

Се самоуби газда на скопски ресторан

Мртов маж вчера попладнето бил пронајден зад ресторанот Имес, во близина на Кејот на Вардар во импровизиран објект. Станува збор за 44 годишниот Мио М., кој според неофицијални информации на порталот Курир, е сопственик на ресторанот Етно буре кој се наоѓа во Лептокарија. Починатиот најверојатно извршил самоубиство, а на неговото тело е пронајдена рана од […]

______________________________________________________________________________________________________

Агим Красниќи прободел затвоеник со нож во Идризово

Како што пишуваат албанските портали во земјава, Агим Красниќи кој што одлежува казна затвор во казнено поправниот дом “Идризово“, поради одмазда извршил напад врз друг затвореник и го прободел со нож. Тој потпомогнат од своите подржувачи во затворскиот двор во Идризово со нож нападнал друг затвореник при што му нанел убод во ногата, а потоа […]

______________________________________________________________________________________________________

Кочани: Качил автостоперка која го нападнала и ограбила

Сакајќи да и помогне на млада девојка која доцна во ноќта стопирала за превоз, 31-годишниот кочанчанец И.Ѓ. завршил нападнат и ограбен. Драмата се случувала синоќа околу полноќ додека И.Ѓ. се враќал од Пониква кон Штип. Во еден момент на коловозот забележал непозната жена која барала превоз. Застанал и ја однел до бензиската пумпа кај селото […]

______________________________________________________________________________________________________

Дивеење во Скопска чаршија: Го демолирале кафичот зошто Диџејот пуштал македонска музика

Во кафе бар „Њу Орлеанс“ во старата скопска чаршија, синоќа дошло едно непознато лице кое започнало врбална расправија барајќи да не се пушта македонската музика. Откако лицето заминало од барот набрзо потоа се вратил со неколку млади лица на возраст од 20 до 25 години кои исто така започнале вербална расправија по што искршиле две […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО:Велосипедист прегзен пред општина Центар

Велосипедист е прегазен на улицата Орце Николов на раскрсницата кај општина Центар. Такси воозило удрило во него. Велосипедистот веднаш бил пренесен во болница, но според очевидци не бил тешко повреден. Се жалел на болки во градите. Полицијата врши увид на местото. Таксисто тврдел дека не го удрил велосипедистот бидејки според неговите кажувања тој не бил […]

______________________________________________________________________________________________________

Трагедија во Тетово: Невеста починала на денот на свадбата

Арјета Алити од населбата Горна Чаршија во Тетово вчера (недела) требаше да го облече невестинскиот фустан, но починала токму утрото кога требаше да се венча со своето момче од селото Доброште – Општина Теарце, објави Нова ТВ. Според информации од семејството на почината 23-годишна Ајрета, се било подготвено за свадбената церемонија, а семејството на зетот […]

______________________________________________________________________________________________________

(ФОТО) Тешка сообраќајка кај Маврово

Тешка сообраќајка се случи попладнево кај местото Трница во мавровскиот регион, јави Република. Тешка сообраќајка се случи попладнево кај местото Трница во мавровскиот регион. Засега нема информации за жртви или повредени.

______________________________________________________________________________________________________

5 повредени меѓу кои и дете во сообраќајката на патот Штип – Радовиш

Пет лица се повредени во сообраќајка што се случила на магистралниот пат Штип-Радовиш синоќа околу 21 часот. Во сообраќајната несреќа учествувале две патнички моторни возила „Алфа Ромео“ со скопски регистерски таблички и „Фоклсваген Поло“ со штипски регистерски ознаки. Според првичните информации од полицијата дошло до директен судир меѓу двете возила кои се движеле во спротивен […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопје: Го погодил залутан куршум додека си седел во двор

Скопјанец бил погоден од залутан куршум додека се одмарал во својот двор. Според податоците од полицијата, настанот се случил во 17 часот и 50 минути кога 50-годишниот В.Ш. од Скопје на улицата „2“ додека се одмарал во сопствениот двор, бил погоден од залутан проектил од огнено оружје, при што се здобил со повреда во пределот […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за семејната драма: Доктор од Тетово си го обесил синот, па самиот се обесил

Вистинска семејна трагедија се случи во саботата претпладне во Тетово. Според првичните и засега сеуште не официјални информации, таткото А.Е., познат тетовски доктор во пензија, прво го обесил својот син В.Е., а потоа и самиот, со бесење, си го одзел животот. Настанот се случил околу 11 часот во нивната семејна куќа која се наоѓа во близина […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Тешка сообраќајка кај Штип

На магистралниот пат Радовиш-Штип вчера околу 21 часот се случила тешка сообраќајна несреќа кај местото викано ,,Директорска кривина“. Во сообраќајната несреќа, како што пишува Пресс 24, учествувале две патнички моторни возила „Алфа Ромео“ со скопски регистерски таблички и „Фоклсваген Поло“ со штипски регистерски ознаки. Од силината на ударот „Алфата“ излетала од патот и се превртела. […]

______________________________________________________________________________________________________

Татко и две деца се повредени во сообраќајка кај Росоман

Татко и две деца се повредени во сообраќајната незгода што попладнево околу 18 часот се случи на патот Градко-Прилеп во близина на Росоман. Од полицијата ја потврдија незгодата и информираа дека 45 годишниот Ѓ.М од струмичкото село Бањица се здобил со тешки телесни повреди, скршеница на левата потколеница, јавува Утрински весник .Тој управувал товарно возило […]

______________________________________________________________________________________________________

Автомобил се преврте кај Стража, има повредени

Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврово-Дебар се случила утринава во 11 часот. Несреќата се случила кај бензинската пумпа на Макпетрол кај Св. Јован Бигорски меѓу опел зафира со турски регистерски таблички управува од А. О (1965) и рено со гостиварски регистерски таблички управувано од З.Е (1954) од Врапчиште, јавува НетПрес. Во сударот потешко е повредена […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајден мртов маж во џип – поврзан со грабежот во Дебар

Едно возило-џип марка „Range Rover“ со англиски национални ознаки и безживотно машко тело на задното седиште, синоќа пронајдоа полициските службеници работејќи на реализација на казненото дело „Разбојништво“ извршено на 29-ти минатиот месец во две златари во Дебар. -Возило е пронајдено во 19 часот и 45 минути на место викано „Мирешки ливади“ во близина на државната […]

______________________________________________________________________________________________________

Две момчиња од Скопје избодени во Охрид

Две момчиња од Скопје на возраст од 17 и 19 години се повредени во тепачка на две групи која синоќа се случила во Охрид. Од полицијата информираат дека јавниот ред и мир бил нарушен од страна на две групи на млади лица кои меѓусебно се степале. Во тепачката убодни рани со нож им биле нанесени […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1