14/08/2014 12:07
•
Posted by: MK News
Човечки коски и влакна закопани во земја биле пронајдени завчера на излетничкото место Ѓуриште кај Свети Николе, а полицијата извршила увид вчера, по што коските се предадени на Институтот за судска медицина за понатамошна постапка, известува МВР. Се работи на утврдување на идентитетот на лицето.
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2014 08:57
•
Posted by: MK News
Две лица се убиени, а две тешко повредени вечерва во пукотници во кафе бар во Вевчани. Според првичните информации во кафулето, околу 21:30 часот влегол З.С. кој со сопствен пиштол пукал кон четирите лица. Едно од лицата починало на пат кон болница, а второто подоцна. Другите две лица се со тешки повреди и се пренесени […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2014 23:16
•
Posted by: MK News
Уште една тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва близу Битола, овој пат, со трагични последици. Според првични неофицијални информации, на магистралниот пат Битола – Прилеп, на десеттина километри од клучката на влезот од Битола, во близина на село Беранци, вечерва околу 20 часот се судрија патничко возило “Фијат Уно“ со ресенски регистерски таблички и товарно […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2014 22:51
•
Posted by: MK News
Полицијата ја потврди информацијата дека 19 годишна девојка попладнево се фрлила од покривот на една зграда во скопската населба Кисела Вода. Девојката се фрлила од осмиот кат од зграда во која не живеела. Полициските екипи и останатите надлежни институции веќе го завршиле увидот на местото на настанот.
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2014 21:51
•
Posted by: MK News
Во скопската општина Кисела Вода голема трагедија ги потресе жителите, пренесува Пресс24. Според информациите до кои дошол порталот, тинејџерка на возраст од 19-години си го одзеде животот скокајќи од зграда. Засега не е познат идентитетот на девојчето, ниту пак кој е мотивот за самоубиството. На местото на трагичниот настан врие од полиција.
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2014 12:08
•
Posted by: MK News
Четири жени од Крушево се потешко повредени во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи при судир на два автобуси на патот Битола-Демир Хисар во близина на местото викано Бели Мост. Во сообраќајната несреќа повредени се вкупно 21 лице. Сите повредени се хоспитализирани во Клиничката болница во Битола, дел се задржани на понатамошно лекување, а дел […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2014 10:05
•
Posted by: MK News
Телото на Мите Наумовски беше пронајдено во црна најлонска кеса во багажник на автомобил во 2011 година, цели 11 дена по неговото исчезнување. Над 14 години затвор добија две лица обвинети за убиство на македонски иселеник во Австралија. Судот во Перт утврди дека Паоло Нунцио Стањо (30) и Даниела Ковач (28) се виновни за смртта […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2014 20:44
•
Posted by: MK News
Воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево попладнево предизвика тешка сообраќајна несреќа. На патниот премин преку железничкиот премин кај Кондово, возот удрил во автомобил марка „Шевролет Авео“ со скопски регистарски таблички. Три лица кои се возеле во Авеото, се пожалиле на повреди. Месното население кое било сведок на оваа сообраќајка, почнало да фрла камења и метални […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2014 20:01
•
Posted by: MK News
Вкупно 21 лице е повредено во тешката сообраќајка несреќа која се случи попладнево откако се судрија два автобуси на патот Битола – Демир Хисар кај местото викано Бели Мост. Канал 5 објавува дека 21 лице се примени во Клиничката болница во Битола со скршеници и други повреди. Осумминаод нив се на ортопедија, шест на хирургија, […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2014 16:46
•
Posted by: MK News
Тешка сообраќајна несреќа попладнево околу 16 часот се случила на патот Битола – Демир Хисар кај местото викано Бели Мост во близина на селото Лисолај. Како што дознава Press24 Од полициски извори, во сообраќајката учествувале два автобуси. По судирот еден од автобусите излетал од патот и се превртел во река. Од полицијата ја потврдуваат соораќајката […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2014 13:59
•
Posted by: MK News
Вчера попладне во 16:30 часот, на регионалниот пат Штип-Плачковица поточно кај архиолошкиот локалитет „Баргала“ се случила сообраќајна незгода. Во неа Ј.М.(29) од Штип управувајќи моторцикл „јамаха Р6“ со бугарски национални ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Од здобиените повреди починал сопатникот на моторциклот Ангелче К.(41) од с.Козјак, штипско, додека Ј.М. се здобил со телесни […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2014 21:05
•
Posted by: MK News
Поради сообраќајна незгода кај местото Колибари пред Кичево, сообраќајот на патниот правец Гостивар-Кичево се одвива наизменично по една коловозна лента во двата правци. Од Секторот за внатрешни работи – Охрид потврдија дека во сообраќајката учествувале четири возила. Полицијата врши увид на местото на несреќата. Поради тоа движењето на возилата на оваа делница е делумно забавено, […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2014 15:27
•
Posted by: MK News
Сообраќајката се случи денеска на магистралата Свети Николе – Штип, во непосредна близина на крстосницата кај светиниколското село Кадрифаково. Освен за причинетата материјална штета, полициски органи не откриваат повеќе детали како дошло до судирот на штипската „мазда“ и светиниколското „хјундаи“, со образложение дека увидот се уште не е завршен. Во судирот има повредени, но не […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2014 12:56
•
Posted by: MK News
Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против три лица од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека првопријавениот сторил 12 казнени дела од кои една разбојничка кражба, десет тешки кражби и една кражба, додека другите две лица сториле 12 казнени дела „Помагање“. Првопријавениот иако имал определена мерка „куќен притвор“, го напуштил својот дом […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2014 12:53
•
Posted by: MK News
На магистраланиот пат Свети Николе –Штип се случи тешка сообраќајна несреќа. Очевидци за Нетпрес велат дека патот во тој дел е затворен и полицијата ги сопирa возила и сообраќајот го пренасочува спрема стариот пат на оваа делница. Според првичните информации, дошло до директен судир на две возила по што делови од од возилата биле разлетани […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2014 12:28
•
Posted by: MK News
Вчера во Тинекс маркетот во Карпош 4 во Скопје разбојник со нож украл пари од дневниот промет. Сторителот со закана со нож вчера извршил разбојништво над вработените во маркетот лоциран на улица „Вич“. Потоа ги одзел парите од дневниот промет и се дал во бегство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
______________________________________________________________________________________________________
08/08/2014 23:32
•
Posted by: MK News
Тешка сообраќајна несреќа вечерва околу 22.30 се случи на раскрсницата меѓу републичкото Собрание и старата Градска болница во центарот на Скопје, во директен судир на Пежо 206 и Голф 4. Информации за повредени нема, а полицијата сеуште врши увид на местото на несреќата. Фото – Медиа.мк
______________________________________________________________________________________________________
08/08/2014 20:00
•
Posted by: MK News
„Ситроен ксара“ и „Пежо 206“ се судрија на крстосницата меѓу мостот „Гоце Делчев“ и македонската Влада. Во сообраќајната несреќа нема повредени лица, а причинета е само материјална штета. Фото – Република
______________________________________________________________________________________________________