22/08/2014 12:28
•
Posted by: MK News
Во Крушево, атар на с.Острилци, вчера попладне, 33- годишно лице од Унгарија летал со параглајдер, при што изгубил контрола и паднал. Истиот е пренесен во Клинички центар Битола за укажување на лекарска помош. Тој е во тешка состојба, а констатирани му се тешки телесни повреди.
______________________________________________________________________________________________________
22/08/2014 12:16
•
Posted by: MK News
Во с.Калузлија-Општина Карбинци-Штип, вчера наутро, А.М.(26) од с.Калузлија, противправно била лишена од слобода од страна на две лица. Имено, лицата дошле на горенаведеното место и едниот ја фатил оштетената во пределот на рацете, почнал да ја влече, велејќи и дека ќе ја земе со него за да му биде сопруга при што истата давала отпор. […]
______________________________________________________________________________________________________
20/08/2014 12:31
•
Posted by: MK News
Седумнаесетгодишна девојка од Демир Капија во четвртокот околу 23 часот излегла од својот дом и исчезнала. Мајката на малолетната девојка го пријавила исчезнувањето на својата ќерка на 16-ти овој месец во полицијата во Неготино. МВР денеска соопшти дека на 16 август во ПС Неготино, Б.П.(50) од Демир Капија, пријавила дека на 14 август околу 23:00 […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2014 15:35
•
Posted by: MK News
Три жени се повредени во сообраќајката што се случи утрово кај Удово. Жените биле сопатнички во трите автомобили со таблички од Србија, а повреден е и возачот на автомобилот од Струмица. Сите повредени се хоспитализирани во гевгелиската болница. Гевгелиската полиција извести дека три возила со српски и автомобил со струмички таблички утрово околу 6.30 часот […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2014 14:10
•
Posted by: MK News
Дваесет и седум годишниот Д.Ј. вчера бил итно пренесен во ГОБ „8-ми Септември“ откако во него удрил автомобил. Несреќата се случила оклу 21 часот во близина на Зоо Скопје, кога во Д.Ј. кој се движел пеш, удрил автомобил „Фиат“ управуван од 25-годишниот Д.С. Момчето со тешки повреди е примено во болница, но за среќа се […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2014 14:01
•
Posted by: MK News
Неколкумесечно бебе, три деца, пет жени и двајца возачи се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу полноќ се случила во скопската населба Припор, извести МВР Во несреќата од засега непознати причини се судриле два „голфа“ со скопски таблички. Сите повредени се од скопското село Чифлик. Седумина од повредените се пренесени на лекување во Клиничкиот […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2014 13:47
•
Posted by: MK News
Синоќа 10 минути пред полноќ во полициската станица во Тетово, И.Х.(51) од Тетово, пријавил дека на 16.08.2014 година во 20,30 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син Х.Х.(20). Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2014 12:36
•
Posted by: MK News
Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 5:30 часот на магистралниот пат Струмица- граничен премин Ново Село. Во несреќата дошло до судир меѓу товарно возило Мерцедес и автомобил Ауди А4, двете со струмички регистерски таблички. Во несреќата на повредите им подлегнал 26-годишниот возач на Аудито Александар П. […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2014 12:35
•
Posted by: MK News
Девет лица од кои две деца се повредени во сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 10 минути ред полноќ во скопски Припор, дознава Курир. Од полицијата за Курир ја потврдуваат несреќата посочувајќи дека истата се случила при судир на два автомобили „Голф“ во кој се наоѓале жители на селото Чифлик. Според нашите информации сите […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2014 12:28
•
Posted by: MK News
Осумнаесет годишно момче исчезна во саботата во водите на езерот кај Горната Брана Глажња, во кумановското село Думановце, соопшти во неделата МВР. Станува збор за Ј.О.(18) од скопското село.Љуботен, кој влегол да се капе во водата околу 14.00 часот, по што исчезнал. Увид на лице место извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Куманово. Од страна […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2014 19:24
•
Posted by: MK News
Голема сообраќајка се случила попладнево во скопската населба Ченто, во близина на бензинската пумпа на Макоил. Како што јави Сител, при судирот на два автомобила едниот од нив се запалил, при што интервенирале пожарникари. Фото: Сител
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2014 12:08
•
Posted by: MK News
Вистинска драма се одвивала во Валандово. Пред два дена во 6 часот Ж.К. од Валандово со уште едно непознато лице, на автобуска станица го земала детето на 31-годишната Д.К. со намера да го носи во Битола поради долг. Според податоците од полицијата, откако тргнала да оди кон Битола, пријавената застанала и побарала од несреќната жена […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2014 13:06
•
Posted by: MK News
Осомничениот Ј.С. заработил две кривични пријави, за злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување на службена исправа.. Банкарски службеник од Струмица е осомничен од полицијата дека со фалсификат документи украл 10.000 од сметка на клиент на банката. Осомничениот Ј.С. заработил две кривични пријави, за злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување на службена […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2014 12:17
•
Posted by: MK News
Полициската станица од Струга против Здравко Србакоски (56) од Вевчани поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство“. Него одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Пријавениот, кривичното дело го сторил на 13-ти овој месец, во 21 часот и 30 минути во летната бавча на кафетеријата „Пјаца“ […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2014 09:20
•
Posted by: MK News
Страшна сообраќајка вечерва се случила на улицата Беласица во близина на скопскиот саем рано утринава. По тесната улица која води кон железничката станица, два автомобили биле значително оштетни, јавуват очевидци за порталот Press24. На местото имало и поголем број полициски службеници а сообраќајот бил целосно блокиран. Нема информации за евентуални жртви или повредени. Информацијата се уште […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2014 19:32
•
Posted by: MK News
Во близина на Рекорд денеска попладне избувна пожар во станбен објект. Според информациите од МВР пожарот се случил околу 15:45 часот во станбена зграда на улицата „11 Октомври“ на 4.кат и истиот е веќе локализиран. Досега никој не се пожалил на повреди и причинета е само материјална штета. Причините за избувнувањето на пожарот, дополнително ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2014 15:30
•
Posted by: MK News
Двајца моторциклисти се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случи попладнево на патниот правец Струга- Дебар. До незгодата дошло кога џип со струшки регистарски таблици удрил во група моторциклисти, при што двајца од нив се здобиле со тешки телесни повреди. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на моторциклите од повредените имало […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2014 12:25
•
Posted by: MK News
Дваесет и двегодишната скопјанка С.С. во понеделникот вечерта излегла од дома и повеќе не се вратил. СВР Скопје известува дека случајот вчера попладне го пријавила нејзината 43-годишна мајка З.С., како и дека по девојката се трага.
______________________________________________________________________________________________________