31/08/2014 11:46
•
Posted by: MK News
Џип на полициката единица Алфи, утрово околу 10:30 часот се судри со Пежо, пренесува Прес24. Незгодата се случила на семафорите кајТранспортниот центар во Скопје. Во сообраќајката нема повредени.
______________________________________________________________________________________________________
30/08/2014 19:08
•
Posted by: MK News
Попладнево околу 17 часот на булеварот Илинденска пред Матичната служба, се судрија две возила, пренесува Лидер. Полициско возило пристигна на местото, но возачите на двете судрени возила, од кои едното забележително накитено како за на свадба чекаа сообраќајна полиција да изврши увид кој е виновен за сударот. Немаше повредени во сообраќајната незгода, но и двете […]
______________________________________________________________________________________________________
29/08/2014 12:50
•
Posted by: MK News
Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Н.В.(52) од с. Џепин за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјал“. На 3. овој месец, околу 14,30 часот во с. Џепин на свадбена веселба пријавениот од балконот на неговата куќа со пиштол кој го поседувал без дозвола испукал […]
______________________________________________________________________________________________________
29/08/2014 10:18
•
Posted by: MK News
Момче од Скопје, Гоце Г. (31), загина во средата во железничка несреќа која се случила околу 18 часот кај тетовската фабрика „Тетекс“. Младиот скопјанец бил прегазен од патничкиот воз кој сообраќал на делницата Кичево-Скопје. Неколку часа по несреќата, желзничкиот сообраќај на оваа пруга беше во прекин, а истражните власти започнаа истрага која ќе треба да открие дали […]
______________________________________________________________________________________________________
27/08/2014 13:45
•
Posted by: MK News
Дваесет и четиригодишник вчера со тупаници изудирал 10 години постара патничка во автобус на ЈСП кој сообраќал на линијата „19“, бидејќи мислел дека го снимала додека се карал со возачот, соопшти МВР. Инцидентот се случил на улицата „Цветан Димов“ во правец кон Шуто Оризари околу 17 часот, а по целосно документирање на случајот, ќе биде […]
______________________________________________________________________________________________________
27/08/2014 13:03
•
Posted by: MK News
Поради банална причина вчера дваесет и четиригодишнo момче нападнало триесет и четиригодишна жена во автобус со број 19. Инцидентот се случил бидејќи момчето мислело дека жената го снима со мобилниот телефон додека тој се карал со возачот. Потоа со тупаници ја нападнал жената. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
______________________________________________________________________________________________________
27/08/2014 12:34
•
Posted by: MK News
Сообраќајна несреќа во која автомобил марка „опел вектра“ се преврте на влезот во Ресен ги потресе граѓаните. Според првичните инфорамции патничко моторно возило се превртено наопаку, а во него имало четири лица. Се уште не е познато во каква состојба се патниците. Причината за несреќата сеуште не е позната. Истрагата е во тек. Kurir
______________________________________________________________________________________________________
27/08/2014 12:33
•
Posted by: MK News
На граничниот премин Меџитлија утринава е спречен обид за нелегално изнесување на 97.300 американски долари од државата. Девизите се пронајдени во автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин. Возачот и патниците изјавиле дека немаат ништо за пријавување, а едниот од нив Ј.И. пријавил дека со себе носи околу 1.000 долари за трошоци по пат. Поради сомневање во […]
______________________________________________________________________________________________________
26/08/2014 11:03
•
Posted by: MK News
Скопјанката М.Д. (79) вчера била извлечена од водите на Вардар при обид за самоубиство. Од МВР информираат дека жената била забележана од случаен минувач како влегува во Вардар во скопски Ѓорче Петров, по што била повикана полицијата. На лице место излегле екипи, при што помошник командирот на полициската станица Ѓорче Петров влегол во реката и […]
______________________________________________________________________________________________________
26/08/2014 10:48
•
Posted by: MK News
Две жени се повредени во верижен судир кој утринава се случи на мостот „Гоце Делчев“ во близина на Владата. Според информациите од полицијата во несреќата учествувале пет возила, Голф, Мерцедес, Опел Корса, Форд и Пежо, сите со скопски регистерски таблички. Повредена е жената која го управувала Пежото и истата е пренесена во ГОБ „Св. Наум […]
______________________________________________________________________________________________________
26/08/2014 10:24
•
Posted by: MK News
Верижен судир се случи утринава меѓу пет автомобили пред Влада, поточно на семафорите кај мостот Гоце Делчев. Неофицијално, има повредени лица, кои се пренесени во болница, а причинета е голема материјала штета. фото: република.мк
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2014 14:30
•
Posted by: MK News
Македонска државјанка е тешко повредена, а најмалку двајца нејзини пријатели минале со полесни повреди во сообраќајката која утрово околу 8 часот се случила на автопатот Белград-Ниш, извести РТС. Сообраќајката се случила кога возачот на автомобил „ситроен“ со македонски таблички во еден момент изгубил контрола и удрил во банкина. Телевизијата извести дека според првичните информации, најверојатно […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Полицијата с` уште трага по охриѓанецот Б.П.(30) кој ги уби сограѓаните Васил Ристески (56) и Ромео Ѓузелкоски (38) во четвртокот во хотел- ресторанот „Император“ во Охрид. Од МВР велат дека немаат нови детали за случајот и дека интензивно трагаат по осомничениот. Не се познати ниту мотивите за двојното убиство, иако се шпекулира дека меѓу Ристески […]
______________________________________________________________________________________________________
24/08/2014 13:54
•
Posted by: MK News
Синоќа на улицата „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која загина 22 годишен прилепчанец. Младиот Бојан Ц. управувајќи моторцикл „Хонда“ изгубил контрола, удрил во банкината од улицата и паднал. Од здобиените повреди прилепчанецот починал на лице место. На местото на несреќата извршен е полициски увид.
______________________________________________________________________________________________________
24/08/2014 10:41
•
Posted by: MK News
Трагедија се случила утринава околу 6:40 часот на автопатот Неготино-Гевгелија, јавува Курир. Украинско возило „Даеву Нубира“ излетало од коловозот, по што возачот излегол од автомобилот да побара помош. Во тој момент на него наишол автомобил „Цитроен“ со српски регистерски ознаки и го усмртил на лице место. По проверките утврдено е дека станува збор за украински […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2014 19:44
•
Posted by: MK News
Полициска станица Неготино во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицето С.В. (38) од село Пепелиште- Неготино, поради основи за сомнение за сторено убиство над лицето Вељо А. (86) од село Пепелиште општина Неготино. Пред два дена во времето од 12-13 часот пријавениот и сега починатиот Вељо А. (86) работеле заедно на засадување […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2014 11:16
•
Posted by: MK News
Струмичанец на возраст од 39 години се фрлил од четвртиот кат од зграда на улица „Ценка Павлова“ во близина на Основното училиште„ Никола Вапцаров“ утрово околу 7.00 часот, пренесе 24 Струмица. Според првичните информации се работи за лицето Мите.А , за кој соседите кои беа на лице место велат дека го виделе синоќа околу 22.30 […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2014 11:12
•
Posted by: MK News
Машко починато лице вчера околу 10:45 часот било пронајдено на селските гробишта во неготинското село Пепелиште. Како што дознава Курир, починатиот е 86- годишниот Вељо А. од истото село кај кого на телото биле забележани видливи траги на насилство. Во врска со убиството, полицијата привела едно лице кое се сомничи дека е сторител на делото. […]
______________________________________________________________________________________________________