Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Полициски џип излетал од пат и удрил во дрво

Вчера околу 21 часот во близина на село Бродец,се случила сообраќајна незгода во која униформиран полициски службеник, управувајќи полициски „Дефендер“, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и и удрил во дрво. Во незгодата, со телесни повреди се здобил возачот и уште четири полициски службеници. Тројца од нив се пренесени во болница „8-ми Септември“, од […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожар во Ченто – синот ја запалил куќата на неговиот татко

Скопјанец предизвикал пожар во куќата на неговиот татко во скопската населба Ченто. Во пожарот нема повредени, а изгореле две соби. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во петок околу 22,30 часот на ул. „Финска“ лицето С.Б. предизвикал пожар во куќата сопственост на неговиот татко. Огнот зафатил и опожарил две соби и за среќа нема […]

______________________________________________________________________________________________________

5 туристи од Турција повредени во сообраќајка кај Демир Хисар

Денеска околу 13.50 часот на магистралниот пат Битола- Кичево се судрија патнички автобус кој превезувал турски туристи и камион со македонски таблички. Пет туристи од Турција се тешко повредени и се пренесени во болница. Несреќата се случила кај селото Жван. Полицијата на неодредено време го блокираше сообраќајот на овој магистрален пат, се додека не заврши […]

______________________________________________________________________________________________________

Се преврте автобус кај Демир Хисар!

Денеска околу 13 часот и 50 минути на магистралниот пат Битола- Кичево кај селото Жван се преврте автобус, објави битолската Телевизија Орбис. Се уште нема информации за причината за несреќата и за тоа дали и колку има повредени.  

______________________________________________________________________________________________________

Пронајден леш кај Катланово

Додека се движел по неговите ловџиски кучиња на 05.09.2014 година во 18.40 часот М.С.(1981) од село Петровец-Скопје пронашол леш во село Блаце-Катланово.   Смртта е констатирана од страна на лекар. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител а лешот е предаден за обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Претепале ученик поради термин за спортската сала

Во ОУ„Панајот Гиновски“-Скопје на 05.09.2014 година околу 11:30 часот од страна на 5-6 ученици од паралелки од истото училиште, физички бил нападнат К.Б.(2003) од Скопје. К.Б. бил удиран со тупаници и клоци во пределот на телото и лицето. Истиот се здобил со видливи повреди во пределот на лицето (модринка) на десното око. Причина за физичкиот […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Тешка сообраќајка во Кисела Вода

Вечерва околу 20 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на булеварот Борис Трајковски во скопска Кисела Вода. Во судирот учествуваале автомобил, џип и такси возило, а еден од патниците со Итна помош е пренесен во болница. Полицијата врши увид на местото на несреќата.

______________________________________________________________________________________________________

Киднапирано 16 годишно девојче во Тетово

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Љ.(22) од Тетово за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 09.06.2014 година околу 07,30 часот во Тетово на раскрсницата од улиците „Штипска“ и „Илинденска“, пријавениот со употреба на физичка сила однел  шестнаесет годишна малолетничка од Тетово во стан на улица „Штипска“, но бидејќи истата давала отпор […]

______________________________________________________________________________________________________

Прегазен пешак на мостот Гоце Делчев во Скопје

Повозрасен маж претпладнево е прегазен од автомобил пред мостот Гоце Делечв во центарот на Скопје, јавува Телеграф. Според информациите на порталот, мажот е префрлен во Ургентниот центар но нема информации за неговата состојба. Информацијата ја потврдила и полицијата но не открила повеќе детали.      

______________________________________________________________________________________________________

Опожарен македонски камион во Бугарија

Македонски камион со приколка бил опожарен синоќа во Бугарија, при што изгореле 16 бали хартија. Камионот се движел во насока кон градот Самоков, а инцидентот се случил на т.н.Самоков пат. Две противпожарни екипи учествувале во гаснењето на пожарот, а на местото на настанот  во моментот се работи на откривање на причините за опожарувањето и утврдувањето […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Филмски грабеж ноќеска во Карпош

Вчера околу 20.30 часот во “Тинекс“ маркетот лоциран во скопската населба Карпош 4 имаше обид за грабеж. Маскиран разбојник влегол во маркетот на ул.Никола Парапаунов и се обидел да ограби една од касите. На вработените им се заканил со спреј. Откако тие не му дале пари, тој грабнал дел од робата, чоколади и слично и […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Врие полиција пред Тинекс во скопски Карпош

Вечерва околу 20.30 часот во “Тинекс“ маркетот лоциран во скопската населба Карпош 4 имаше обид за грабеж, јавува Лидер. Маскиран разбојник влегол во маркетот на ул.Никола Парапаунов и се обидел да ограби една од касите. На вработените им се заканил со спреј. Откако тие не му дале пари, тој грабнал дел од робата, чоколади и […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка пред Петровец – автомобилот целосно смачкан (Фото)

Две лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 15:30 часот, на еден километар пред наплатната рампа Петровец за влез во Скопје. Лицата веднаш се пренесени на Ургентниот центар во Скопје. Полицијата врши увид на местото на несреќата, а подоцна ќе излезат со повеќе детали.    

______________________________________________________________________________________________________

Уапсен сопственикот на скопската градежна фирма „Дора“

Сопственикот на скопската градежна фирма „Дора“ и неговиот сметководител се уапсени под сомнение за сторен финансиски криминал „тежок“ 430.000 евра, соопшти во четврток Управата за финансиска полиција. Сопственикот и управител на градежната фирма „Дора“, шеесет и петгодишниот С.Д од Скопје со помош на неговиот сметководител и управител на Друштвото за интелектуални услуги „Дата-ком“ З.С(55) во […]

______________________________________________________________________________________________________

Каменуван минибус кај мостот Влајко – едно лице повредено

Вчера околу 12:30 часот во Скопје на бул. „Партизански одреди“ пред мостот Влајко од страна на непознати сторители биле фрлани камења и бекатонски плочки кон минибусот сопственост на компанијата „Менсур Турс“ кој превезувал патници. Од извршеното каменување е скршено едно стакло на минибусот и едно лице било повредно, по што му е укажана лекарска помош […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајна несреќа во Прилеп – 7 лица се повредени

Попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа кај Институтот за тутун поточно кај новите гробишта во Прилеп помеѓу две патнички возила „Алфа – Ромео“ и „Опел“. Како што дознава Шеталиште до сообраќајната несреќа дошло при директен судир на двата автомобили, а повредени се 7 лица и итно се пренесени во градската болница во Прилеп. Полицијата е на […]

______________________________________________________________________________________________________

6 осомничени за вчерашниот обид за убиство на браќа во Арачиново

По вчерашниот инцидент во селото Арачиново приведени се тројца учесници во инцидентот (Н.С. 50, Р.С. 45 и Г.С. 42) од село Арачиново, додека по останатите три лица полицијата се уште трага. Вчеравечер во Арачиново при пукање повредени биле Џ.Б.(30) и Џ.Б.(46) двајцата од селото Арачиново, нивната мајка и уште еден нивен роднина. Претходно браќата седеле […]

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајка на патот Охрид-Кичево, двајца повредени

Утрово, околу 6 часот на патниот правец Охрид- Кичево, меѓу селата Требеништа и Мешеишта се случила сообраќајна незгода во која учествувале две патнички возила- „Форд“  со скопски регистарски таблици и „Мазда“ со австриски таблици – Во сообраќајната незгода полесно се повредени две лица кои се згрижени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „ Св. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1