Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Загина рибар од Куманово

Кумановецот И.С (1965) денеска попладне бил пронајден мртов на брегот на реката Кумановка, односно на улицата „Доне Божинов“. Според првичните информации на МВР, 49-годишниот И.С. ловејќи риба со трската закачил во електрична жица и починал од струен удар. Дополнителни информации за овој случај МВР најавува за утрешниот ден.

______________________________________________________________________________________________________

СЕДУМ ПОВРЕДЕНИ: Косовец возел во обратна насока на патот Скопје-Велес

Седум лица се повредени, од кои едно потешко во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска попладне на автопатот Скопје – Велес во близина на Катланово. Според полицијата, околу 14 часот дошло до директен судир меѓу „мерцедес“ со велешка регистрација и „голф“ со странски таблички. Во „голфот“ имало четворица повредени, тројца во „мерцедесот“. Шестмина се пренесени […]

______________________________________________________________________________________________________

Седум лица повредени во тешка сообраќајка кај Катланово

Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа која околу 14 часот се случила на патот Катланово-Велес, дознава Курир. Според нашите информации несреќата се случила при судир на два автомобили, „Мерцедес“ со велешки и „Голф“ со странски регистерски таблички. Шест повредени лица се пренесени во велешкта болница, додека жена која била сопатник во „Мерцедес“ е пренесена […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајна несреќа кај Стража

Неколку автомобили учествувале во тешка сообраќајка која вчера околу 20 часот се сучила кај кемeноломот пред Гостивар на патниот правец кон превојот Стража. Очевидци за Press24 велат дека во сообраќајната несреќа учествувале три теренски возила и еден автомобил. Се уште нема информација дали во ообраќајката има повредени и каква е нивната состојба.

______________________________________________________________________________________________________

Двајца скопјани прободени со нож и претепани во Старата чаршија

Две момчиња синоќа биле нападнати од непознати лица во Старата скопска Чаршија. Напаѓачите физички ги нападнале оштетените, при што на Ј.А. му нанеле убодна рана од остар предмет и истиот е пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му е констатирана телесна повреда. Б.Б. од кого биле украдени 2.000 денари, е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ […]

______________________________________________________________________________________________________

Пукање во Кичевско – повредено 23 годишно момче

Дваесет и три годишниот Л.А. од кичевското село Грешница е повреден откако во него било пукано од огнено оружје. Драмата се случувала синоќа околу 2:30 часот, кога во дворот од семејната куќа на Л.А. дошле две лица маскирани со фантомки кои пукале кон момчето. Л.А. бил погоден со два куршуми, по што итно бил пренесен […]

______________________________________________________________________________________________________

Пукање во Радовиш: Полицаец застрелал едно лице

Вчера околу 17,00 часот во Радовиш на крстосницата од ул. „22-ри Октомври“ и ул.„Партизанска“, при вршење мото патролна служба и спроведување републичка акциска контрола во сообраќајот према возачите на мопеди и моторцикли, двајца полициски службеници се обиделе да запрат моторцикл “Skygo“ без регистарски ознаки, управуван од Ф.Ј.(25) од с.Аликоч, радовишко, а како сопатник бил И.М.(28) […]

______________________________________________________________________________________________________

Маскирани лица нападнале скопјани во автобус на ЈСП

Во скопската населба Ченто околу 01,00 часот по полноќ во автобус на ЈСП бр.65, неколку непознати лица маскирани со фантомки на главите, а некои од нив имале и безбол палки, физички ги нападнале Ф.Г.(21) и С.Р.(25) двајцата од Скопје. Откако лицата го извршиле нападот, возачот го запрел автобусот и ги отворил вратите, по што оштетените […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Страшна сообраќајка во скопски Аеродром

Тешка сообраќајка, рано утрово, неколку часа по плноќ се случила на булеварот Јане Сандански во скопски Аеродром. Според информациите, возачт излетал од патот со својот автомобил и удрил во заштитните столбчиња. Од силината на ударот искршил десетина столбчиња, кои за среќа усепале да го запрат да влезе во излозите на блиските деловни објекти. Утрово на […]

______________________________________________________________________________________________________

Двајца повредени на булевар Илинденска во Тетово

Две сообраќајки со повредени  моторциклист и велосипедист се случиле за изминатите 24 часа на булеварот Илинденска во Тетово. Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека една од сообраќајките се случила денеска околу 10.40 часот во непосредна близина на Државниот тетовски универзитет во Тетово. Во неа учествувале товарно возило „рено канго“ со тетовски таблички, управувано […]

______________________________________________________________________________________________________

14 год девојче се обидела да се отруе – 5 обида за самоубиства за три дена во Штип

Во изминатите три дена 5 случаеви за самоубиство, јавува Тв Стар. Најпрвин Средношколка од Кочани пробала да си го одземе животот со предозирање со апчиња…. 14 годишно девојче од Кочани се обидело да си го одземе животот откако испила поголема количина лекови. Тинејџерката се решила на ваков чекор бидејќи претходно нејзината мајка ја искарала, откако […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсен лажен инспектор на УЈП – одел по дуќани и барал мито за да не ги затвори

Единица за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје со кривична пријава го предаде лицето И.С. (37) од Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела – “лажно претставување“ и “измама“. Имено на 09.09.2014 година во СВР Скопјe, оштетените Б.Т. и Д.Ј. поднеле Записник за прием на кривична пријава против извесен И.Н. службено […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонец извршил милионски грабеж во Бахреин (Видео)

Македонскиот државјанин Ѓерѓи Ѓин (36) е еден од шестемина мажи, членови на поголема криминална банда, кои облечени во бурки, лани ограбија луксузна продавница за часовници „ролекс“ во Бахреин, од каде што си заминаа со плен од 1.4 милион долари, пишува Дневник. Иако главните актери за овој милионски грабеж не се уапсени, се очекува судот во […]

______________________________________________________________________________________________________

Тетово: Второоделенец загина враќајќи се од училиште

Ученик во второ одделение загина откако вчера околу 18 часот беше прегазен од трактор во тетовско Слатино Враќајќи се од училиште со група други ученици, детето најверојатно било удрено со задното лево тркало од цистерната и задобило тешки телесни повреди.Со друго возило, веднаш е пренесено во тетовската клиничка болница, но за жал веќе било предоцна.Лекарите […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопје: Се скарал со мајка му, па ја запалил куќата во која биле жена му и ќерката

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 37 годишниот С.Б. од Скопје за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.   На 5 септември околу 22 часот во семејната куќа на улица „Финска“ во населбата Ченто, пријавениот кој бил под дејство на алкохол, по претходна расправија со мајка му, со запалива течност и отворен оган предизвикал пожар […]

______________________________________________________________________________________________________

Единаесет лица повредени во Скопје

Во изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајќи од кои шест со последица материјална штета, осум со телесна повреда и две со тешки телесни повреди Со полесни повреди се здобиле петмина возачи, еден сопатник и тројца велосипедисти. Од тешките сообраќајни несреќи едната се случила во десет часот на улицата „Скупи“ меѓу […]

______________________________________________________________________________________________________

Се запали автомобил на паркинг во Ново лисиче, едно лице со изгореници!

Запален автомобил е причина за зголеменото полициско присуство вечерва во скопско Ново Лисиче. Како што јавува репортерот на Press24 од терен, вечерва околу 22:30 било пријавено дека гори автомобил марка Киа на пракингот пред зградата со број 11 во скопската населба Ново Лисиче. На лице место веднаш се упатила противпожарна екипа, но автомобилот  веќе бил […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Светат ротации, врие полиција во скопско Ново Лисиче

Поголем број полициски службеници вечерва може да се забележат во скопската населба Ново Лисиче. Светат повеќе ротациски светла, јавува  Press24  . Запален автомобил е причина за зголеменото полициско присуство вечерва во скопско Ново Лисиче. Едно лице е повредено во автомобилот кој од се уште неутврдени причини вечерва се запали на паркинг во скопско Ново Лисиче. екипа […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1