Седум лица повредени во тешка сообраќајка кај Катланово


Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа која околу 14 часот се случила на патот Катланово-Велес, дознава Курир.

Според нашите информации несреќата се случила при судир на два автомобили, „Мерцедес“ со велешки и „Голф“ со странски регистерски таблички.soobrakjajk

Шест повредени лица се пренесени во велешкта болница, додека жена која била сопатник во „Мерцедес“ е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.

Од полицијата за Курир велат повеќе детали околу идентитетот на лицата ќе бидат познати по завршување на увидот кој е во тек. Сообраќајот не е во прекин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1