Македонец извршил милионски грабеж во Бахреин (Видео)


Македонскиот државјанин Ѓерѓи Ѓин (36) е еден од шестемина мажи, членови на поголема криминална банда, кои облечени во бурки, лани ограбија луксузна продавница за часовници „ролекс“ во Бахреин, од каде што си заминаа со плен од 1.4 милион долари, пишува Дневник.

Иако главните актери за овој милионски грабеж не се уапсени, се очекува судот во Бахреин во наредната недела да ја донесе пресудата против обвинетите во нивно отсуство. Со ова властите во Бахреин очекуваат да ја забрзат постапката за нивно пронаоѓање и за нивна екстрадиција.

Screenshot_19По грабежот, полицијата врз основа на видео снимките од безбедносните камери во трговскиот центар во Бахреин, ги идентификува осомничените. Потерници беа издадени по Алију Рахман (30) од Србија, Франи Петрит (32) и Дедај Астрит (23) од Албанија, Екрем Гаши (35) и Абази Гентијан (24) од Kосово и Ѓерѓи Ѓин (36) од Македонија. Само два часа по грабежот тие го напуштиле Бахреин, а локалната полицијата уапсила Американец и Турчин, кои наводно им помогнале логистички да ги скријат и изнесат украдените часовници надвор од земјата. Подоцна некои од украдените луксузни часовници биле пронајдени.

Бахреин сега отворено бара помош од државите од каде што потекнуваат крадците да ги пронајдат и да ги екстрадираат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1