Ја убил намерно или не – денес пресуда за Оскар Писториус кој си ја уби девојката


Судијата во процесот против најпознатиот јужноафрикански атлетичар, Оскар Писториус, кому судот во Јоханесбург му суди за убиство, заклучи дека тој пукал намерно и промислено, отфрлајќи ја на тој начин позицијата на неговата одбрана дека во неговата постапка „нема кривична одговорност“.

Судијата Токозила Масипа, која денеска треба да ја донесе пресудата во процесот против Писториус.oscar-pistorius-4_2480631b

Оскар Писториус е обвинет за убиство на својата девојка Рева Стенкамп, позната јужноамфриканска маненекна и фото модел.

Обвинителството тврди дека тој намерно пукал низ вратата на бањата, за да ја убие,откако претходно меѓу нив двајцата избувнала бучна расправија, што ја слушнале и соседите. Атлетичарот и неговата одбрана, пак, тврдат дека тој пукал мислејќи дека во бањата има провалник, без да знае дека во меѓувреме таму влегла Стенкамп.

Судскиот процес што почна уште во март оваа година, проследен со голем публицитет во целиот свет, се одвива без порота, па пресудата ќе ја донесе судијата Масипа.

Таа може да го осуди Пусториус за „казниво убиство“ или за ненамерно убиство на неговата девојка.

Обновено 

“Државата не утврдила дека постои основано сомневање дека обвинетиот намерно го извршил убиството”, изјавила судијката Масипа пред Врховниот суд во Преторија.

Масипа нагласила дека обвинителството не успеало да докаже за време на процесот на судење дека Писториус намерно ја убил својата девојка во февруари минатата година во својата куќа во Преторија.

Судијата и покрај тоа што Писториус го нарекла “лош сведок” нагласила дека тоа не мора да значи дека е виновен за убиство со предумисла.

Сепак, Писториус е далеку од ослободителната пресуда во судскиот процес кој завршува денес.

Па така ќе биде завршено едно од медиумски најпратените и наинтригантни судења во светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1