Тешка сообраќајна несреќа во Прилеп – 7 лица се повредени


Попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа кај Институтот за тутун поточно кај новите гробишта во Прилеп помеѓу две патнички возила „Алфа – Ромео“ и „Опел“.

gi1-720x340

Како што дознава Шеталиште до сообраќајната несреќа дошло при директен судир на двата автомобили, а повредени се 7 лица и итно се пренесени во градската болница во Прилеп.

Полицијата е на местото на несреќата и врши увид, а наскоро со повеќе информации.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1