Трагедија во Тетово: Невеста починала на денот на свадбата


Арјета Алити од населбата Горна Чаршија во Тетово вчера (недела) требаше да го облече невестинскиот фустан, но починала токму утрото кога требаше да се венча со своето момче од селото Доброште – Општина Теарце, објави Нова ТВ.

tetovoСпоред информации од семејството на почината 23-годишна Ајрета, се било подготвено за свадбената церемонија, а семејството на зетот се подготвувало да тргне кон домот на невестата, кога Ајрета Алити умрела на лице место. Првичните информации говорат дека смртта настапила како последица на срцев или мозочен удар.

Арјета Алити е погребана во недела попладнето на градските гробишта во Тетово заедно со нејзиниот невестински фустан.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1