Солзи во Чуприја: Бебето и чичкото погребани еден покрај друг – родителите не беа на погребот


Балканот вчера беше завиен во црно. Малото ангелче Андрија Маринковиќ заедно со својот чичко 24- гпдишниот Никола беа испратени во вечното живеалиште, по страотната сообраќајка која го потресе цел регион.

Како што пренесуваат српските медиуми сликата на гробиштата била ужасна. Долги редици расплакани и неутешни роднини и пријатели, обоени во тага и болка, дојдоа да го испратат осммесечниот Андрија.

pogreb cuprija soobrakjajka

Чичкото и детето биле погребани еден покрај друг, а другарите на Никола ставиле фудбалска топка покрај него во ковчегот. Во гробот прв бил положен осум месечниот Андрија, а потоа неговиот чичко. Додека го спуштале малото дете во земја неговата баба Душанка скршена од болка извикувала „Немој да одиш ангелу на баба“.

Покрај ковчезите стоела и Дивна- мајката на Никола, скршена од болка, чиј глас одекнувал на гробиштата во Чуприја, а во тој момент немало човек што не заплакал поради трагедијата што се случи во семејството Маринковиќ.

pogreb cuprija

Таткото на малото бебенце не можеше да присуствува на погребот бидејќи се уште е крај неговата сопруга која е тешко повредна и се уште не знае за големата трагедија, како и крај 5 годишниот син кој имаше скршеници на карлицата но е во добра состојба, стабилизиран во болница во Македонија.

Малиот Андрија почина веднаш по сообраќајката, додека неговиот 24-годишен чичко им подлегна на повредите подоцна во болницата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1