Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Фаќал сеир на сообраќајка во Охрид, па го удрил автомобил

На патот од Пештани кон Елешец, во охридско се случила необична сообраќајна незгода. Како што пишува Република, прво патничко моторно возило „рено клио“ со српски сообраќајни таблички поради неприлагодена брзина се судрил со „форд галакси“ со австриски регистарски таблички. Веднаш се насобрале луѓе да видат што се случило, но налетал „сеат леон“ со скопски сообраќајни […]

______________________________________________________________________________________________________

3.000е или ќе ти осамне видеото на интернет – Скопјани преку Скајп уценувале Косовец

Двајца скопјани со уште еден засега непознат помагач преку Скајп се обиделе да изнудат 3.000 евра од 37-годишен Косовец со закана дека ќе пуштат на интернет компромитирачки видео-материјали за него Џ.Џ.(26), А.К.(27) двајцата од Скопје и уште едно непознато лице добиле кривични пријави за уцена. Од 29 јули до 2 август тие преку сервисот за […]

______________________________________________________________________________________________________

Мртва девојка пронаjдена во потонато „Ауди“ во Радика

Телото на 24 – годишна девојка од Мала Речица е најдено утринава околу 10 часот во водите на реката Радика, близу село Ростуше. Таа била пронајдена во потонат автомобил „Ауди 4″ со скопски регистарски таблички. Според досегашните информации на МВР, „Аудито” излетало од патот Дебар – Маврово и завршило во водите на Радика. Од полиција […]

______________________________________________________________________________________________________

Воз прегази човек во Прилеп

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во четири часот утринава возот кој сообраќај од Битола до Скопје удрил во непознато лице. Несреќата се случила на еден километар откако возот ја напуштил железничката станица во Прилеп. Полицијата извршила увид, а телото е предадено на обдукција. Се работи на расчистување на несреќата, да се утврди дали […]

______________________________________________________________________________________________________

Убиство во Чаир: Изрешетале газда на фирма во неговата канцеларија

Скопјанец (65) утрово е пронајден мртов во неговата фирма во скопски Чаир. Жртвата била застрелана повеќе пати по целото тело. Убиениот бил сопственик на фирмата која се занимавала со градежни материјали. Полицијата заврши со увидот, а на местото на злосторството се најдени траги од крв и чаури. МВР работи на расветлување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

Пукање во Кондово – еден убиен, еден тешко ранет

Во скопското село Кондово поладнево во вооружена пресметка, едно лице било убиено а едно тешко рането, јави порталот Алмакос. Пресметката, според порталот, била меѓу две семејства од Кондово. Полицијата врши увид а тешко ранетиот бил хоспитализиран.

______________________________________________________________________________________________________

Ограбена МТМ телевизија

Ограбена е скопската телевизија МТМ, соопшти МВР. Според информациите ноќта меѓу петти и шести август непознат сторител со употреба на погоден предмет влегол во просториите на МТМ телевизија  и извршил тешка кражба од каде одзел техничка опрема во вредност од 484.841 денари. Полицијата го бара сторителот.

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанка доживеала вистински хорор – сакале да ја киднапираат па ја влечеле со возилото по патот

Двајца скопјани Р.Ш. (52) и З.Н. (54) добија кривични пријава откако на 29. јули годинава ја повредиле 36 годишната скопјанка Т.Р., која ја влечеле со автомобил по асфалтот Според информациите од МВР, двајцата скопјани ја пресретнале Т.Р. на улицата Иван Манолев во Скопје и се обиделе насилно да ја внесат во нивното возило. Откако не […]

______________________________________________________________________________________________________

Хорор во Центар: Маж ја прободе сопругата на сред улица

Семејна драма во центарот на Скопје, од засега непознати причини маж со нож ја прободел својата сопруга, јавува Канал 5. Семејна драма кај Градски ѕид,(кај Зип Травел ) во центарот на Скопје ,  маж ја прободел својата сопруга со нож и побегнал во непознат правец . Прободената жена  веднаш со  возило на итна помош повикано […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсени стечаен управник, извршен судија и вработен во Катастар во Гевгелија

ПС Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Д. (55), стечаен управник на АД „Пиперана“ во стечај Гевгелија, М.Т. (68) извршен судија во Основен суд Гевгелија и Д.Ќ. (53) службено лице во Агенција за катастар за недвижности во Гевгелија, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во 2003 година, Д.Д. во извршен предмет на […]

______________________________________________________________________________________________________

25 год девојка од Тетово е втората жртва од сообраќајката кај Охрид

Дарко А. (29) од Прилеп на лице место им подлегнал на повредите во момент кога патничко моторно возило „Пежо-206“ со прилепски регистарски таблички што тој го управувал, директно се судрило со патничко моторно возило џип „ГМЦ“ со американски национални ознаки управувано од Н.М. (56) од Кичево. На пат кон болницата „Св.Еразмо“ на повредите им подлегнала […]

______________________________________________________________________________________________________

Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката пред Охрид

29 годишниот Дарко А. од Прилеп е момчето кое загина во тешката сообраќајна несреќа која вечерва пред 20 часот се случи на патот Кичево – Охрид кај селото Ботун, дознава Press24 од полициски извори. Тој управувал со возилото марка Пежо со прилепски регистерски таблички. Покрај него, во сообраќајката починало уште едно женско лице, споатничка во […]

______________________________________________________________________________________________________

Не издржа – и девојката почина по сообраќајката пред Охрид

Уште едно лице им подлегна на повредите по страшната сообраќајка која попладнево се случи кај селото Ботун на патот Кичево Охрид. Како што дознава Press24 од полициски извори, црниот биланс по страшната несреќа се искачи на двајца загинати. Според првичните информации, покрај 29 годишниот прилепчанец и неговата сопатничка, девојка со се уште неутврден идентитет им […]

______________________________________________________________________________________________________

Фото: Страшна несреќа во Охрид – загинало момче – 2 девојчиња меѓу 6те повредени

Околу 19 часот и 30 минути на излезот од Охрид се случила страотна сообраќајна несреќа во која според очевидците младо момче од Прилеп кое управувало со едното возило загинало, а повредени биле и 2 девојчиња. Едното сопатник во автомобилот на прилепчанецот , а другата повредена била во другото возило. Според неофицијалните информации до судрот дошло […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец и го хакнал маилот и и ги избришал пораките – заработи пријава

Единицата за компјутерски криминал при  Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното Јавно обвинителство Скопје  на 01.08.2013 година поднесе кривична пријава против лицето Г. В.(43) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Како што денеска соопшти МВР, пријавениот неовластено пристапил кон компјутерскиот систем за електронска пошта […]

______________________________________________________________________________________________________

Тетовско: Паднал со автомобил во бездна, удрил во џамија и починал

Едно лице загинало во тешката сообраќајна несреќа што завчера нешто по 16 часот се случила на земјениот пат Тетово – Бањиче кај месноста Шипковечко теќе над “селската“ џамија, информираа од СВР Тетово. Од засега неутврдени причини автомобил Опел Тигра со тетовски регистарски таблички управуван од Б.И.(20) од Селце загубил контрола, излетал од патот и паднал во […]

______________________________________________________________________________________________________

Пијан возач усмрти 18 год девојка во Крива Паланка

Синоќа, околу 21,45 часот, на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка на местото викано „Љубински Ливади“ во општина Ранковце се случила сообраќајна незгода во која М.Ј.(22) од село Гиновци со моторно возило „ауди А4“ удрил во пешакот Деспина А.(18) од село Љубинци. Момчето удрило во девојката и избегало од местото на настанот. Во незгодата, информираат од МВР, на место […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец избоден среде бел ден во паркот „Жена борец“

Стара расправија довела до крвопролевање во паркот „Жена борец“ во Скопје, дознава Пресс24. Според досегашните информации, засега непознато лице го нападнал скопјанецот А.Р.(40) среде бел ден во центарот на Скопје. Скопјанецот заработил убодна рана во пределот на слабината. Полицијата работи на откривање на насилникот и расветлување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1