Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Кочани – Цела година уценувал и силувал жена

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.Л. (46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. Во периодот од ноември 2017 до 9 јули годинава година во неговиот дом во Кочани пријавениот, со закана дека ќе објави слики со компромитирачка содржина, во неколку наврати извршил обљуба врз […]

______________________________________________________________________________________________________

Зетот го застрелал дедото пред неговиот дом, со тешки повреди префрлен во Скопје

Вчера околу 10.40 часот во с.Долна Бањица, гостиварско, пред сопствениот дом, со два куршуми од пиштол во пределот на стомакот бил застрелан А.У. (54) од страна на зетот за ќерка, Б.С. (33) од с.Горно Седларце, тетовско. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид […]

______________________________________________________________________________________________________

Овчар почина од удар на гром во Струшко

Рано утрово околу 04.30 часот во Полициската станица Струга, С. Н. пријавил дека на место викано „Славило“, над с.Локов, струшко, пронаjден е починат У.Е. (35) од Дебар, кој напасувал стока и најверојатно починал од удар на гром. Увид ќе се врши во текот на денот.

______________________________________________________________________________________________________

Притвор за двајца за киднапирање на тетовец и изнуда од 20.000 евра

Тетовското Основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против две лица за сторено кривично дело изнуда. Како што информираат оттаму, настанот се случил вечерта на 16 август во период од 21.23 до 1 часот по полноќ, во стан на осми кат од зграда во Тетово. Оштетениот бил повикан од лице кое живеело во станот […]

______________________________________________________________________________________________________

Кражба во болницата „Ремедика“, од сеф украдени илјадници денари

Непознато лице од сеф во болницата „Ремедика“ во Скопје одзело околу 300.000 денари. Како што соопшти МВР, кражбата била пријавена денеска во 09,10 часот од страна на болницата. Пет илјади евра биле украдени од сеф во болницата „Ремедика“. Од полицијата велат дека кражбата се случила утринава околу 9 и 10 часот и дека засега нема […]

______________________________________________________________________________________________________

Синоќа исчезна 13 годишно девојче од Штип, полицијата трага по неа

Синоќа во 01:30 часот по полноќ во СВР Штип Х.А.(28) од Штип пријавила дека истата вечер околу 23,00 часот од нивниот дом во непознат правец се оддалечила нејзината 13 годишна ќерка. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

СЕ СУДРИЛЕ ВО ВОЗДУХ: Еве ги деталите за загинатите параглајдеристи кај Крушево

Педесет и шестгодшниот И.В. од Украина и педесет и четиригодишниот И.П. од Велика Британија се двајцата параглајдеристи кои вчера ги загубија животите во несреќа што се случи во Крушево. Според полицијата, до трагедијата дошло вчера во 12,30 часот кај Мечкин камен, за време на турнирот за параглајдери British Open Championship 2018, кога двајца параглајдеристи се […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина и вториот параглајдерист, кобен лет на Украинец и Британец над Мечкин Камен

Вториот параглајдерист, кој беше префрлен на лекување во болницата во Прилеп поради тешките поврди здобиени по пад кај Мечкин камен, во Крушево, вчера вечерта им подлегнал на повредите. Наталија Спирова началник на оделение за односи со јавјист при МВР, потврди дека двајцата параглајдеристи се странски државјани, од кои едниот е со украинско, а другиот со […]

______________________________________________________________________________________________________

Прилепското обвинителство ја истражува несреќата во која загинаа двајцата параглајдеристи

Ќе се изврши обдукција и вештачење за да се утврдат причините за смртта на двајцата параглајдеристи кои вчера починаа по трагедијата која се случи околу 12.40 часот на Мечкин Камен во Крушево кај полетувалиштето за параглајдеристи, информираат од Основно јавно обвинителство-Прилеп кое го истражува случајот. Според основниот јавен обвинител Милка Спиркоска сѐ уште не се […]

______________________________________________________________________________________________________

Притвор од 30 дена за напаѓачот кој претепа скопјанец на кеј „13 Ноември“

Напаѓачот кој на 3 август на кеј „13 Ноември“ физички го нападна 66-годишниот скопјанец кој потоа почина од нанесените повреди, е фатен и одредена му е мерка притвор од 30 дена. Од МВР денеска информираа дека е поднесена кривична пријава против 43-годишниот А.Б. Тој на 3 август околу 2 часот по полноќ во алкохолизирана состојба […]

______________________________________________________________________________________________________

Трагедија во Македонија: Параглајдерист почина на лице место, друг се бори за живот

Еден параглајдерист починал, а друг се здобил со тешки телесни повреди откако двајцата паднале кај Мечкин Камен во Крушево, соопштуваат од МВР. Трагичниот настан се случил околу 12:40 часот кај Мечкин Камен. Тешкоповреднеиот парглајдерист е пренесен на лекување во Прилеп. Според Наталија Спирова, началник на секторот за односи со јавност во МВР, други детали за […]

______________________________________________________________________________________________________

Киднапирана 23-годишна девојка од Скопје

Во текот на вчерашниот ден непознато лице ја грабнало 23-годишната Ќ.М. од Скопје и со авотмобил ја однело во близина на стариот пат Катланово-Велес. Дваесет и тригодишната скопјанка вчера околу 15:40 часот била киднапирана од непознато лице на булеварот „Видео Смилевски- Бато“, кога излегла од зградата каде работела и била однесена на стариот пат Катланово-Велес. […]

______________________________________________________________________________________________________

Закана: Дај 10.000 евра или видеа од жена ти ќе завршат на Интернет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Ј.Б. од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,уцена”. -Пријавениот по телефон го уценувал Т.Р. од Дебар дека преку социјалните мрежи ќе објави слики и видео записи со недолични содржини од неговата сопругата, доколку не му даде парични средства во […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за синоќешната престрелка во Чаир

Педесет и едногодишниот скопјанец К.И. синоќа пред маркет на ул.„Лазо Трповски“ во Скопје пукал кон Б.Б. (23) и Р.Б. (20), откако претходно се расправале поради нерасчистени должничко-доверителски односи. МВР информира дека Б.Б. и Р.Б. успеале да побегнат и да останат неповредени, а К.И. го напуштил местото. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се […]

______________________________________________________________________________________________________

Момче качено на дрво на „Партизанска“ спасено од пожарникари

Противпожарната бригада на Град Скопје ноќеска по еден часот интервенирала при спасување на 18-годишно момче кое се качило на дрво на улицата „Партизански одреди“ бр.85 Момчето се качило на дрвото со помош на другарите кои потоа го оставиле и заминале. Момчето било качено на 3,5 метри на дрвото, а спасувањето траело од 01:30 до 02:10 […]

______________________________________________________________________________________________________

Од удар од гром изгоре викендичка во Нова Брезница

Викендичка во скопското село Нова Брезница изгоре во пожар што се случи синоќа околу 21:40 часот. Во пожарот паднала кровната конструкција на куќата, но за среќа во моментот во домот немало никој. Причина за пожарот е удар од гром. Пожарот е изгаснат околу 01:10 часот, а во гаснењето интервенирале 11 пожарникари со пет пожарникарски возила […]

______________________________________________________________________________________________________

Запалено „БМВ“ на булеварот „АСНОМ“ во Скопје

Рано утрово околу 02.00 часот на бул. „АСНОМ“ во Скопје било опожарено патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа. Во пожарот била опожарена десната задна страна. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарн заштита. Увид ќе се врши во текот на денот.

______________________________________________________________________________________________________

6 месечно бебе починато донесено во штипската болница, не се знае причината за смртта

Почина шестмесечно бебе во Штип. Вчера околу 9 часот, таткото на бебето со иницијали Џ.О. го денел своето женско бебе во Итната медицинска помош. Бебето не покажувало знаци на живот, по што итно било пренесено во Клиничка болница. – Во болницата доктор анестезиолог извршил преглед и констатирал смрт. Според лекарскиот извештај, кај бебето не се […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1