Притвор за двајца за киднапирање на тетовец и изнуда од 20.000 евра


Тетовското Основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против две лица за сторено кривично дело изнуда. Како што информираат оттаму, настанот се случил вечерта на 16 август во период од 21.23 до 1 часот по полноќ, во стан на осми кат од зграда во Тетово.

Оштетениот бил повикан од лице кое живеело во станот и откако влегол внатре, лицето излегло од станот и ја заклучило вратата. Тогаш од друга соба излегле две лица и му се заканиле по животот на оштетениот барајќи му сума од 20 000 евра.

Исплашен за својот живот, оштетениот се јавил на својот син и му кажал дека е киднапиран. Вечерта во неколку наврати двајцата разбојници се јавувале на синот на жртвата барајќи ја наведената сума. Откако синот рекол дека ги обезбедил парите, се договорил со осомничените да се најдат пред бензинска пумпа, но истиот не отишол на наведеното место туку настанот го пријавил во полиција.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Тетово доставил предлог за определување на мерка притвор за двајца осомничени. Судијата го прифатил предлогот на обвинителството и со решение им изрекол мерка притвор на осомничените лица во времетраење од 30 дена.

За третото лице кое сторило кривично дело противправно лишување од слобода, обвинителството ќе донесе мериторна одлука по спроведување на истражната постапка во фаза на покренување на обвинение.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1