Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Тројца скопјани искасани од кучиња во Центар

Тројца скопјани пријавиле дека биле искасани од кучиња скитници на различни локации во Центар, поточно во ГТЦ, на кеј и во дворот на средното музичко училиште.i Според информациите на МВР, вчера во 10:45 часот, Н.Р. (21) од Скопје пријавила во полиција дека во понеделникот околу 16:20 часот во Градскиот трговски центар била нападната од куче […]

______________________________________________________________________________________________________

Штипјанец пронајден мртов со повреди на главата

Во Штип на ул. „Стујеска“, изутрината во 7:45 часот е пронајдено беживотното тело на 62-годишниот Т.Б.. Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека според првичните информации, кај 62-годишниот штипјанец констатирани се видливи повреди на главата. Во моментов од слобода се лишени три лица од Штип во координација со јавен обвинител заради водење информативен разговор. […]

______________________________________________________________________________________________________

Се заканувал дека ќе ги убие социјалните службенички – му била укината помошта поради фалс документи

58-годишен скопјанец со иницијали Д.К. им се заканувал на службеничките во Центарот за социјални работи во Скопје, дека ќе им го одзеде животот. Причините за таквите закани биле во тоа што Центарот донел одлука да му биде укината социјалната парична помош. Настанот во полиција ги пријавиле вработена службеничка во Центарот. Д.К. почнал да се заканува […]

______________________________________________________________________________________________________

Охриѓанец на Инстаграм објавил експлицитни фотографии од 18-годишна девојка

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.В. (29) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во перодот од март до октомври 2017 година К.В. направил фотографии и видеа со компромитирачка содржина од А.М.М. (18) од Охрид, ги обработил и на 05.12.2017 година ги поставил […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична за силувачот на девојчето од „25 мај“

Лицето Е.Х. е силувачот на 12-годишното девојче, штитеничка на домот „25 Мај“, поради кој Р.И. во ноември заврши онесвестена во велешката болница.. Полицијата поднесе кривична пријава против него. Од МВР велат дека дури сега е расчистен случајот и дека претходно се трагало по сторителот. Од МВР додаваат дека силувачот го признал делото. „СВР Велес по […]

______________________________________________________________________________________________________

Четворица повредени во тепачка на две фамилии за имот во Бутел

Четири лица се повредени во физичка пресметка што попладнево се случила на улицата „Бетовенова“ во скопската населба Бутел. Како што информираат од МВР, пресметката се случила во 14,50 часот најверојатно поради нерасчистени имотно-првни односи помеѓу браќата Ј.И. и Ј.И. и нивниот зет за сестра Е.Д. од една страна и браќата Џ.Д. и А.Д. од друга […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка несреќа на патот Скопје- Тетово – повредени пет лица меѓу кои и деца

Вчера околу полноќ на автопатот Скопје-Тетово, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени неколку лица. Имено 45- годишниот А.Е од Тетово, управувајќи патничко моторно возило „Рено“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот, се вели во соопштението. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката 71- годишната Л.Џ, […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајдени двајцата малолетници кои се водеа за исчезнати

Пронајдени се двајца малолетници кои претходно беа пријавени за исчезнати. Имено, исчезнатите малолетници од Скопје вчера околу 13 часот и 30 минути на улица “Кеј 13-ти Ноември” во Скопје пронајдени се 15-годишниот Е.А. и 16-годишната Џ.К., кои претходно беа пријавени за исчезнати.

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанка претепана од 15 години помладото момче на Св.Валентин

Триесет и осумгодишната скопјанка А.Е, која времено престојувала во Гостивар, вчеравечер пријавила физички напад од 23-годишниот Ј.Х. од гостиварското село Здуње, со кого била во љубовна врска. -Пријавениот дента во неколку наврати влегол и излегол од најзиниот стан, во кој живеела под кирија, по што околу 18 часот и 30 минути ја нападнал додека била […]

______________________________________________________________________________________________________

Тетовчанка ги пријави родителите за семејно насилство: И ја побарале платата па ја претепале

С.Џ.(24) од Тетово синоќа околу 22 часот пријавила дека нејзините родители извршиле семејно насилство врз неа. Во наведеното време, во нејзината соба влегла мајка и и побарала да и ја даде целата плата. Таа се спротивставила и тогаш мајка и почнала да ја влече за коса, а татко и неколку пати со тупаници ја удрил […]

______________________________________________________________________________________________________

Три жени од Скопје каснати од кучиња-скитници

Во Полициската станица Центар, вчера во 9:40 часот, В.Б.(48) од Скопје пријавила дека на завчера околу 12.20 часот додека се движела по ул. „Орце Николов“, била нападната од повеќе кучиња-скитници од кои едното ја гризнало за коленото од десната нога. По нападот, таа отишла во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и била укажана лекарска […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина кавадарчанец кој во бессознание бил пронајден кај Олимпискиот базен во Скопје

Шеесет и шестгодишниот В.А. од Кавадарци кој вчера бил пронајден во бесознание во близина на Олимпискиот базен во Скопје, по што со Итна медицинска помош бил донесен во Ургентниот центар, починал и покрај сите обиди за реанимација. МВР информира дека телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Хорор во Кочани: Ја убил сопругата пред своите деца

По семејна расправија Б.А (54) од Кочани ноќеска ја убил својата сопруга Л.А. (44) пред своите две деца, а потоа скокајќи од покривот на семејната куќа се самоубил. Тој ја повредил и својата ќерка која се обидувала да и помогне на мајката. Смртта кај двете лица ја констатирале екипи на итната медицинска помош, а увид […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезнатиот 75-годишен беровчанец пронајден мртов

Беровчанецот Б.Б.(75), кој на 10 февруари беше пријавен за исчезнат, вчера во 09,00 часот е пронајден починат на улица „Дамјан Груев” во Берово. Од МВР соопштија дека е извршен увид на местото на настанот. Телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

______________________________________________________________________________________________________

Им барала 400 евра за да ги вработи во Министерство за здравство

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 36-годишната Е.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела – “измама“, казниви по член 247 од Кривичниот законик на Република Македонија. Е.С. во периодот од јуни до август минатата година, лажно повикувајќи се на лица на […]

______________________________________________________________________________________________________

Пратеничката на СДСМ удрила во одрон, па возило се забило во неа – МВР со детали

Во 17 часот и 50 минути на патот Демир Капија-Удово, на местото викано „Маркова чешма“, се случила сообраќајна незгода во која се повредени две лица. Полицијата информира дека се работи за 33-годишната М.Л. од Валандово, која управувајќи патничко возило „Опел Корса“ со гевгелиски регистарски ознаки удрила во одрон од камења на коловозот. Веднаш потоа, 57-годишниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за сообраќајката: Тројца повредени откако автомобил се превртел на патот кон Маврово

Три лица се полесно повредени откако автомобил, утрово повеќе пати се превртел на регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови во близина на месноста Бунец. Сообраќајот на местото на незгодата се одвива наизменично, до завршување на увидот. Врнежите од снег го отежнуваат сообраќајот во западниот дел од земјата. Од СВР Тетово информираат дека околу 11 часот, автомобил „опел-корса“ […]

______________________________________________________________________________________________________

Странец разменил фалсификувани 60.000 евра во Македонија

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама“ и „фалсификување пари“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 69-годишниот А.Р. од Грузија. Пријавениот, казнените дела ги сторил на седми ноември минатата година во една менувачница на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тој, на вработениот во менувачницата му побарал да размени пари во […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1