04/07/2014 15:36
•
Posted by: MK News
Набљудувачите на невладината организација Цивил јавуваат за ескалација на ситуацијата и пукотници на протестите во близина на скопските судови. Откако била каменувана зградата на Основниот суд, толпата се упатила накај Владата по што била спречена од вооружените полициски единици кои интервенирале со димни бомби и тешки оклопни возила. Протестот „Против монтираните случаи“, е организиран преку […]
______________________________________________________________________________________________________
04/07/2014 15:26
•
Posted by: MK News
Медиумите на албански јазик објавуваат дека претседателот на Чаирскиот огранок на ДУИ, Бекир Асани, кој важи за еден од најмоќните фигури во владеачката албанска партија, синоќа и утрово праќал смс пораки до Албанците во кои советувал да не излегуваат на протести и дека незадоволството од пресудите за Монструм ќе било решено преку институциите. Да, потсетиме, ДУИ […]
______________________________________________________________________________________________________
04/07/2014 15:06
•
Posted by: MK News
Илјадници етнички Албанци, главно млади лица се судрија со полицијата пред скопскиот Кривичен суд. Демонстрантите фрлиле солзавец кон полицијата и новинарските екипи. Според првичните информации, најмалку двајца се приведени од полицијата. СО КАМЕЊА КОН ПОЛИЦИЈАТА – 2 ПОЛИЦАЈЦИ ПОВРЕДЕНИ – ТОЛПАТА ИСТИСНАТА КОН БИТ ПАЗАР ХАОС НА ПРОТЕСТИТЕ – ПОЛИЦИЈАТА УПОТРЕБИ ШОК-БОМБИ ПРЕД ОСНОВНИОТ СУД ЦЕЛ […]
______________________________________________________________________________________________________
04/07/2014 15:02
•
Posted by: MK News
Како што беше најавено на социјалните мрежи, денеска по петочната молитва голема група на граѓани, незадоволни од пресудата во случајот „Монструм“ тргнаа од пред Јаја Паша џамијата во Чаир кон скопскиот Кривичен суд. Иако голем кордон на полицајци ја обезбедуваше групата на демонстранти, масата со албански знамиња и исламски обележја скандираше „Алах Акбар“ и „УЧК“ и […]
______________________________________________________________________________________________________
04/07/2014 15:00
•
Posted by: MK News
Двајца полицајци се повредени од камења, а полицијата кон толпата употреби солзавец и шок бомби против дел од неколкуте илјади луѓекои денеска нешто пред 14 часот пристигнаа пред судскиот комплекс во Скопје за да протестираат поради пресудите во процесот „Монструм“. Дел од демонстрантите по пристигнувањето пред судот фрлаа камења кон полицијата која во голем број […]
______________________________________________________________________________________________________
04/07/2014 14:55
•
Posted by: MK News
За смирување на насилната толпа пред судската палата полицијата употреби солзавец за да ги разбие. Неофицијално, има дестина полесно повредени полицајци. Специјалците почнаа да апсат, приведени се неколкумина. Опсадата на судската палата полека се расчистува, дел од демонстрантите се упатиле кон владата а дел кон Чаир. Извори од судот за Либертас тврдат дека има многи ускршени […]
______________________________________________________________________________________________________
04/07/2014 13:05
•
Posted by: MK News
Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ја намали цената на месечниот ученичко-студетски билет за месеците јули и август од 1.050 на 620 денари. Градот Скопје информира дека сите заинтересирани ученици и студенти месечните билети може да ги набават на билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.
______________________________________________________________________________________________________
04/07/2014 12:59
•
Posted by: MK News
На денешните завршни зборови за случајот “Шипон”, обвинитеството направи неколку измени во кривичните дела на обвинетите. Едно од нив се однесува на поранешниот директор на Управата за перење на пари, Ване Цветанов, според кое тој е ослободен од обвинението за шпионажа, а ќе одговара за делата злосторничко здружување и злоупотреба на државна и воена тајна. […]
______________________________________________________________________________________________________
04/07/2014 12:45
•
Posted by: MK News
Општина Аеродром, во соработка со надлежните служби од МВР и пајак службата на ЈП „Градски паркинг“ во понеделник ќе почне акција за подигнување нерегистрирани хаварисани моторни возила на целата урбана територија. Подигнатите возила ќе се носат на паркингот на ЈП „Градски паркинг“, од каде што сопствениците можат да ги подигнат своите возила. Паркингот на Секторот […]
______________________________________________________________________________________________________
04/07/2014 12:43
•
Posted by: MK News
Македонија со 6,8 тони златни резерви се најде на 77-то место во светот на листата од 100 рангирани земји. На врвот на табелата на Светскиот совет за злато и натаму се САД кои располагаат со 8.972 тона злато. Зад нив е Германија која поседува 3.387, а трет е ММФ со 2.814 тони злато. Најдинамичната светска […]
______________________________________________________________________________________________________
04/07/2014 11:30
•
Posted by: MK News
За чудата кои се случувале во манстирот Свети Наум Охридски Чудотворец постојат многу сведоштва. Тие се жив доказ за светоста на овој храм, и чудотворната моќ на моштите на Свети Наум. Поп Стеван Ѓорѓевиќ од Охрид го раскажува овој случај, на кој бил очевидец: Во 1900 годинa седевме неколкумина после службата Божја под настрешницата пред […]
______________________________________________________________________________________________________
04/07/2014 10:30
•
Posted by: MK News
За пет години, надвор од Македонија се отселиле 5.110 граѓани, покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Тоа значи дека просечно во една година Македонија ја напушаат по 1.000 граѓани. Отселени граѓани од Македонија – по години 2013 година 945 2012 година 1330 2011 година 1143 2010 година 923 2009 […]
______________________________________________________________________________________________________
04/07/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Повеќе од 160 скопјани лани се збогувале со животот во метрополата и создале дом во село. На нивно место дошле жители од селата, но останале и празни места. Скопскиот регион е единствен во државата во кој се поголеми преселбите од град во село, отколку од село во град. Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) […]
______________________________________________________________________________________________________
04/07/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Шест нови споменици планира да подигне градската власт на територијата на Скопје, како и нова фонтана, но од градското одделение за односи со јавноста не обелоденуваат на кои точно локации. Допрва ќе се утврдува. Предлагач на иницијативата е градоначалникот Kоце Трајановски, а обележјата се однесуваат на генерал Михајло Апостолски, Пере Тошев, Никола Петров-Русински, Андон Лазов […]
______________________________________________________________________________________________________
04/07/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Градот Скопје денескаги почна градежните работи за реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуското стојалиште наспроти „Рекорд“. Градежните работи се очекува да завршат до крајот на месец јули. – Оваа сообраќајна лента ќе се реконструира во должина од 200 метри, пред и по ова автобуско стојалиште. Оштетениот и вдлабнат асфалт ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
04/07/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен, на места повремено засилен северозападенен ветер, кој ќе достигнува брзина до околу 70 км/час. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2014 22:21
•
Posted by: MK News
Додека вечерва имало прослава по повод утрешниот ден на независноста на САД, во Американската амбасада во Скопје избувнало пожар, јавува Телеграф.мк. Според информациите на порталот пожарот кој траел само кратко, бил создаден од огнометот со кој се славела независноста. Пожарот за малку не ги зафатил автомобилите на паркингот. Пожарната единица и обезбедувањето веднаш успеале да […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2014 21:06
•
Posted by: MK News
Во првите шест месеци од 2014 година граѓаните поднеле 404 претставки до Дирекцијата за заштита на лични податоци, речиси исто колку што биле поднесени за време на цела 2013 – та година. Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Димитар Ѓеорѓиевски нагласи дека претставките најмногу се однесуваат за повреда на приватноста на социјалните медиуми. […]
______________________________________________________________________________________________________