Archive | Македонија RSS feed for this section

Гробиштата Бутел се како џунгла, нема ни тоалети, а сега смислиле нова давачка

Граѓаните што досега гробните места ги имаа само на користење на временски период од пет години, според Законот за гробишта и погребни услуги, од 2008 година, должни се да направат договор за трансформација. пишува Нова Македонија. Со договорот всушност се врши трансформација на статусот на старо гробно место со право на користење во рок од […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Само што стана министер за образование Адеми почна да „префарбува“ на албански

Само што стана министер за образование, Адеми почна да „префарбува“. Вака излгеда новиот пулт за изјави за медиумите во Министерството за образование и наука. Наместо црвен, тој е син, како боите на ДУИ и на него, освен на македонски, името на министерството е напишано и на албански и англиски јазик. Press24

______________________________________________________________________________________________________

Бесплатен превоз во ЈСП за студентите од идниот четврток

Студентите од идниот четврток ќе можат бесплатно да се возат во градските автобуси и на жичарницата на Водно. Советниците на Град Скопје вчера ја усвоија предлог-одлуката идните академски граѓани да добијат поволности во градскиот превоз. Бесплатниот превоз за студентите ќе важи во текот на целата година секој четврток, со оглед на тоа што испитни сесии […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонките рано умираат – со најкраток животен век се во Европа

Македонските жени живеат пократко во однос со другите припадничките на женскииот пол во останатите земји во Европа. Според државниот завод за статистика, просечниот живот на Македонка е 76 години. Во земјите на Балканот жените живеат до 80, а во Европа повеќе од осум децении.  

______________________________________________________________________________________________________

Денес топло и ветар

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Повремено ќе дува засилен ветер од западен правец, особено во југозападниот дел од земјава. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност. Температурата ќе се движи од 25 до 35 степени. Во Скопје и околината сончево и топло, со услови за изолирана нестабилност во попладневните часови и со температура […]

______________________________________________________________________________________________________

(ФОТО) Шокантно писмо од читател: Голготата на еден пациент

До нашата редакција стигна писмо од читател кој ја раскажува голготата на неговиот татко низ лекарските лавиринти. Ви го пренесуваме во целост: Одиш на дежурен во недела 22,06,2014 03:30ч во Државна со болки во слабина претпоставуваш бубрег или ребро и влегуваш во простории каде што нема жив човек да прашаш и каде да се обратиш, одиш […]

______________________________________________________________________________________________________

Скандал: Глувонемо дете врзувано со јаже во институција за згрижување деца

Глувонемо дете е пронајдено врзано со јаже во Институција за деца и лица со посебни потреби, изјави денеска на прес – конференција Народниот правобранител, Иџет Мемети. Тој истакна дека во институциите за лица со посебни потреби се сместуваат и лица од различни категории за кои нема обучен и соодветен персонал кој може да им даде […]

______________________________________________________________________________________________________

Еххх – Тешко е да си невработен во Македонија

Невработеноста во Македонија во изминатава половина деценија драстично се намали, но се` уште е на загрижувачко високо ниво. Проблемот е најизразен кај младите. Статистиката покажува дека од 2006 година наваму бројот на евидентирани лица што бараат работа е намален од 37,3% на 30,6%. Намалувањето од безмалку 20% е значајно од повеќе аспекти и е главно […]

______________________________________________________________________________________________________

Неверојатно откритие: Кај Чепигово oткриено првото македонско собрание

Новооткриениот објект на локалитетот Стибера, кај Чепигово, според првичните информации на д-р Виктор Лилчиќ е првото државно собрание на територијата на Македонија. Оваа констатација произлегува од фактот што во ископувањата што ги врши екипа на прилепскиот Музеј предводена од археологот Душко Темелкоски, е пронајден пишуван споменик со кој јасно се дефинира објектот. – Мислиме дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Ако ја тепате жената ќе платите 5.000 евра казна

Владата подготвува нов закон за семејно насилство, со кој се предвидуваат и многу повисоки казни за насилниците, кои ќе бидат и парични – од 2.500 до 5.000 евра казни. Судските забрани за приближување на насилникот до жртвата ќе се издаваат во рок од 24 часа. Жртвите ќе бидат сместувани во Центар за жртви, каде ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Вака ќе изгледаат новите возови во Македонија

Во Министерството за транспорт беше потпишан Договор за набавка на дизел-моторни гарнитури (ДМГ) и електро-моторни гарнитури (ЕМГ) за превоз на патници во рамките на  Проектот за обнова на возниот парк на „МЖ Транспорт“ АД – Скопје.

______________________________________________________________________________________________________

Денес пекол – 36 степени

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од западен правец. Попладне и понатаму ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 30 до 36 степени. […]

______________________________________________________________________________________________________

Го тепале пред ќерката – Обезбедување претепа пациент во прилепската болница

Ѓорѓи Велјаноски пациент на невропсихијатриското одделение од Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп тврди дека без никаква причина денеска бил претепан од страна на припадник на болничката служба за обезбедување. Денес кај Велјаноски дошла неговата 14 годишна ќерка С.В. со намера заедно да појдат во средното медицинско училиште кое се наоѓа веднаш до прилепската болница […]

______________________________________________________________________________________________________

НЕМА ДОГОВОР: СДСМ инсистира на техничка влада

Без резултат заврши првата средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Никола Груевски и Зоран Заев, која заврши по помалку од два часа во Клубот на пратениците. Заев по средбата изјави дека договор не може да има бидејќи во ВМРО-ДПМНЕ немало расположение за прифаќање на клучниот услов, техничка влада. Тој порачал и дека не е […]

______________________________________________________________________________________________________

Oстанува Луна паркот од `73 – никој не сака да го гради, Коце вели сами ќе си го направиме

Пропадна и последниот обид на Градот да најде концесионер кој би го осовременил Луна паркот, а за возврат ќе управуа со него во следните 30 години. Ниту еден од економските оператори што подигнале тендерска документација не доставил понуда. Поради ваквиот тек на настаните, градоначалникот Коце Трајановски, денеска изјави дека паркот ќе го гради Градот, со […]

______________________________________________________________________________________________________

Средба Груевски и Заев – Заев се „чекираше“ на Фејсбук дека е со Груевски

Во Клубот на пратениците во Скопје започна средбата меѓу претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев. Средбата е со цел да се надмине политичката криза, откако опозициските пратеници поднесоа оставки на функциите и не учествуваат во работата на Собранието по предвремените парламентарни избори што се одржаа на 27 […]

______________________________________________________________________________________________________

Ако паднам во кома донирајте ги моите органи – последните зборови на 53-год лекар од Македонија

„Ако паднам во кома, да ги подарите моите органи“ – биле последните зборови на 53-годишниот лекар „Ако паднам во кома да ги подарите моите органи на болни на кои им требаат“. Ова било последната желба на 53-годишниот лекар пред да почине, кому семејството му ја исполнило желбата, со што се создале услови на Клиниката за […]

______________________________________________________________________________________________________

Доста е перење ноќе – граѓаните бараат враќање на евтина струја преку ден

Стартот на либерализацијата донесе не само конкуренција туку и позитивно раздвижување на бизнисот со струја, што пак носи бенефит за потрошувачите. Во првата фаза од овој процес каде беше вклучена индустријата, цената на електричната енергија падна и до 30%. Овој тренд се очекува да продолжи и со стартот на либерализацијата за граѓаните што треба да […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1