Archive | Македонија RSS feed for this section

Не се „влечете„ по полициски станици, пријавете ги гостите од странство он-лајн

Процедурата за пријавување на роднини од странство за престој во земјава неодамна е скратена откако Министерството за внатрешни работи на својот веб сајт постави апликација за пријавување престојувалиште, пишува Вечер.Наместо да ги влечете по полициски станици за да ги пријавите, роднините кои од странство ви дошле на гости, сега нивната пријава можете да ја направите […]

______________________________________________________________________________________________________

Најсиромашните нема да плаќаат радиодифузна такса

Трајно се укинува радиодифузната такса за најсиромашните категории граѓани – приматели на социјална и на постојана парична помош. Освен ова, Владата одлучила на социјалците и на семејствата со приходи под 168 илјади денари годишно, Агенцијата за катастар за недвижности треба бесплатно да им изработи елаборат за легализација на дивоградбите. Овие мерки ќе опфатат околу 40 илјади […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопје ќе добие парк со фитнес справи за вежбање

Трим патека со фитнес справи за вежбање, детски реквизити направени од дрво, како и летниковци кои ќе им овозможат уживање на граѓаните, се само дел од содржините кои ќе бидат составен дел од вториот дел на Паркот Македонија, покрај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Уредувањето на паркот со површина од околу 30.000 метри квадратни започна денеска, […]

______________________________________________________________________________________________________

Центар и Чаир без вода – Карпош и Кучевиште без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на градот информира дека утре без вода ќе бидат жителите на Центар и Чаир, а пак без струја ќе останат корисниците од Карпош и Кучевиште Заради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат жителите на улицата Прашка во општина Карпош во периодот од 8:30 до 15 […]

______________________________________________________________________________________________________

Мобилниот оператор ВИП е новиот сопственик на Blizoo

  Телеком Австрија Групацијата потпиша договор за купување на 100% од компанијата  Blizoo Македонија. Blizoo Македонија е еден од најголемите кабелски оператори во Република Македонија кој нуди услуги за ТВ, широкопојасни услуги и фиксна телефонија. Купопродажбата, која е предмет на одобрување од релевантните институции (Комисија за заштита на конкуренција на РМ), претставува значаен чекор во […]

______________________________________________________________________________________________________

Претпладне пеколни горештини – попладне дожд

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со темератури до 34 целузиусови степени. Попладне ќе настапи дестабилизација на атмосферата со локален дожд и грмежи, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, кон крајот на денот во западните делови и засилен ветер од западен и југозападен правец. […]

______________________________________________________________________________________________________

Грчева со 170.000 евра во кеш – „дебел“ имотен лист на новата пратеничка на СДСМ

Новите пратенички, Солза Грчева и Роза Топузова Каревска веќе го пријавија својот имот. Солза Грчева има 110.000 евра на девизни книшки, на име на сопругот уште 60.000. Има 625.000 денари како побарување за извршена работа. На свое име има стан во Скопје од 121 метар квадратен, на име на сопругот уште еден стан во Скопје […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре попладне повторно дожд и грмежи

Времето во Македонија утре претпладне ќе биде сончево и потопло. Попладне ќе настапи дестабилизација на атмосферата со локален дожд и грмежи, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, кон крајот на денот во западните делови и засилен ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи […]

______________________________________________________________________________________________________

Комшијата ви ги узурпирал заедничките простории – еве кои ви се правата

Законот за сопственост и други стварни права како етажна сопственост ги наведува сите станови, деловни простории, визби, гаражи и други посебни делови од станбени и деловни згради што имаат два или повеќе станови, односно деловни простории и други посебни делови можат да бидат во сопсвеност на различни физички или правни лица. Правото на сопственост на […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве кои документи ви требаат за да ви ги простат долговите за струја, парно и минус на картички

Без купишта документи и без многу чекање на ранливите категории граѓани ќе им се отпишат долговите за струја, парно, радиодифузна такса, минуси на кредитни картички и трансакциски сметки и кредити кои не се обезбедени со движен и недвижен имот. Ќе се отпишуваат и долговите кон нотарите и извршителите, направени при постапките за присилна наплата. Предлог-законот […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјани ќе плаќаат поголема регистрација на автомобилите!

Македонија се подготвува што побезболно да го помине процесот на либерализација на пазарот за автоодговорност, бидејќи прашање е на време кога тоа ќе се случи. Бугарија, Романија и Албанија имаат многу лошо искуство бидејќи по носењето на одлуките за слободно формирање на цените на полисите за автоодговорност, нивните пазари на осигурување беа доведени на работ […]

______________________________________________________________________________________________________

Редок македонец за почит – професор кој од свои пари дава стипендии за студенти

Професорот Димитар Стамболиев, единствениот жив основач на оваа високообразовна институција, но и еден од ретките, можеби единствениот македонски граѓанин којшто со години преку својата фондација од свои лични средства дава стипендии на најдобри студенти на машинскиот факултет. Погледнете го неговото гостување на Канал 5 телевизија 

______________________________________________________________________________________________________

Од новите министри најбогат е Јолевски, тежи 660 илјади евра – најсиромашен Тодоров

Од новите министри, најбогат е новиот министер за одбрана, Зоран Јолевски, кој е најбогатиот од сите министри во владата на Груевски и Ахмети, објави телевизијата Алсат. Од кадарот на ДУИ пак, иако нема ништо на свое име, сепак најбогат е Аднан Јашари. Но, неговото богатство е неспоредливо со богатството на Јолевски. Зоран Јолевски во земјава […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Отворена „Златната плажа“ во Охрид – еве како изгледа

Од денеска отпочна со работа “Golden Beach” – Златната плажа кај туристичкиот комплекс “Парк” во Охрид. Оваа плажа е една од најубавите на брегот на Охридското езеро. ФОТО: Ohridnet.com

______________________________________________________________________________________________________

За министрите одложен одмор – пратениците на колективен

Стартот на летото, се најавуваат и жешки,  долги работни денови за македонските политичари. Ќе си дадат мала оддишка или ќе летуваат? Се уште нема одлука дали министрите ќе одат на колективен одмор. Од Владата за Алфа информираат дека во моментов приоритет на новоизбраните членови на извршната власт се проектите и оти за одмор засега не […]

______________________________________________________________________________________________________

Донаторите на органи и крв – доживотно ослободени од партиципација за лекување

Лекарите кои вршат трансплантации и персоналот кој им помага при истите ќе имаат посебен додаток од две празнични дневници, истакна премиерот Груевски при гостувањето во Дневник 2 на МРТ1. – Тие ќе имаат посебен додаток и лекарите и персоналот. Лекарите, донаторите на органи и ткива, како и донаторите на крв ќе бидат доживотно ослободени од […]

______________________________________________________________________________________________________

Од денес бесплатни советувалиштa за откажување од пушење во Македонија

Во сите центри за јавно здравје во Македонија од денес првпат ќе функционираат советувалишта за откажување од пушење. Стручен и обучен кадар од доктор и медицинска сестра ќе одржуваат едукативни предавања во советувалиштата, а во зависност од околностите, предвидена е соработка и со други кадри, како психолог. Го најави министерот за здравство Никола Тодоров, кој […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве какво ќе биде времето денес

Времето во Македонија  ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува 8. Дневната температура ќе се движи од 21 до 33 степени. Во Скопје слично време со температура до 30 степени.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1