Archive | Македонија RSS feed for this section

Марти Ахтисари е позитивен на коронавирусот

Поранешниот претседател на Финска и некогаш специјалниот пратеник на Обединетите нации за преговори со статусот на Косово Марти Ахтисари е позитивен на коронавирусот. Според соопштението на кабинетот на претседателот на Финска, инфекцијата кај Ахтисари е потврдена вчера. Марти Ахтисари има 82 години и спаѓа во ризичната група на заболени.

______________________________________________________________________________________________________

Карпош почнува со вонредна дезинфекција на згради

Општина Карпош, од денеска започнува со вонредна дезинфекција на колективните станбени единици – згради, кои имаат повеќе од осум домаќинства. Дел од комуналните служби на Општината ќе вршат дезинфекција на влезните врати и влезните делови од зграда, гелендери, сандачиња и лифтови. Дезинфекцијата ќе се изврши со дезинфекциско средство за јавни површини и домаќинства. Оваа мерка […]

______________________________________________________________________________________________________

Упатство за граѓаните за закажување на тестирање за коронавирус кај матичен лекар

Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите граѓаните не смеат да одат во ординација, туку исклучиво да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Матичниот лекар […]

______________________________________________________________________________________________________

Регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти. Според местото на живеење, досега случаи […]

______________________________________________________________________________________________________

Двегодишно дете е најмладиот пациент заболен од коронавирус во Македонија

Според податоците објавени на веб-страницата на Институтот за јавно здравје, најмладиот пациент во Македонија заболен од коронавирус е двегодишно дете, а најстариот пациент има 91 година. Во деталниот дневен извештај на Институтот за јавно здравје, пишува дека „возраста на заболените се движи од 2 до 91 година (просек 42,2 години), а најголемиот број заболени (23 […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата донесе дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните

На 26-тата седница на Владата е донесена одлука за измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата. Забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, се заменува со ограничување на движењето од 21:00 до 05:00 часот заради гужвите што се создадоа во јавниот превоз […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Тројца пациенти во тешка здравствена состојба

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче даде одговор на тоа како се влошила здравствената состојба на пациентот, кој е втора жртва на корона вирус. „Ноќеска на Клиниката за инфективни болести почина пациент заболен од корона вирус, маж на 63 години, н кој дошло до нагло влошување. на состојбата. Тој на 17 март е […]

______________________________________________________________________________________________________

ВО ЖИВО: Прес на министерот за здравство Филипче

Проследете ја прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче. Во Македонија до денеска двајца мртви од корона вирус, заболени 136.

______________________________________________________________________________________________________

ИМАМЕ ДОВОЛНО И КИНИН И СУМАМЕД – ако се дозволи, мoже да се лекуваат 10 илјади пациенти

Во земјава има доволни количини и на кинин, лекот против маларија, и на сумамед, антибиотик, лекови за кои најновите светски студии укажуваат дека ако се користат во комбинација, можат да бидат ефикасни во лечење на заболените од опасниот коронавирус. Од Министерството за здравство тврдат дека лекот против маларија, кинин, во земјава го има во доволни […]

______________________________________________________________________________________________________

Се забранува можноста за приватно купување на лекот Сумамед

Од денеска се забранува можноста за купување на лекот Сумамед приватно, дознава Канал 5 од извори во здравството. Единствено лекот ќе може да се купува само со т.н. бел рецепт на товар на Фондот за здравство. Забраната се воведува поради масовното купување на лекот од страна на граѓаните, откако некои истражувања покажаа дека лекот Сумамед […]

______________________________________________________________________________________________________

22 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти. Според местото на […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Кратењето плати требаше да почне од високите функционери, а не од работниците, бараме Заев да ја повлече мерката

Мицкоски: Кратењето на плати требаше да почне од високите функционери, а не од работниците, бараме Заев да ја повлече мерката, и да ги прифати нашите предлози за помош на бизнисот. На стопанството му е потребна вистинска финансиска инекција и здрави чекори кои ќе доведат до поддршка која ќе гарантира опстојување на компаниите и заштита на […]

______________________________________________________________________________________________________

Втора жртва од коронавирус во Македонија, почина 63 годишен маж од Дебар

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата. Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена […]

______________________________________________________________________________________________________

Секое семејство во САД ќе добие по 3.000 долари, како една од мерките за стимулација во екот на епидемијата

Американските федерални власти размислуваат да доделат по 3.000 долари на секое четиричлено семејство, и неповратни заеми за малиот бизнис во тек на две недели како мерки за поддршка на економијата во екот на епидемија на коронавирусот во САД. Ова денеска за телевизијата „Фокс Њуз“ го изјави Стивен Мнучин, министер за финансии. -Парите на семејствата ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Во живо: Прес-конференција на министерот Венко Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче во 20:00 часот ќе ја одржи втората прес-конференција во текот на денешниот ден.

______________________________________________________________________________________________________

ЖЕНА ОД КУМАНОВО НА 57 ГОДИНИ Е ПРВ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД КОРОНАВИРУС, А ИМАЛА ДВА НЕГАТИВНИ ТЕСТА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

Жена на 57 години од Куманово е прв смртен случај од коронавирус, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Навремено боле земени брисеви, и резултатите два пати биле негативни. И покрај негативните резулатите, таа била третирана во изолација минатата недела во Куманово. Брис и е земен синоќа после смртта и тестот бил позитивен. Брисот е земен […]

______________________________________________________________________________________________________

Прв смртен случај од корона вирус во Македонија

Посмртно кај жена од Куманово, земени се брисеви, и констатирано дека имала корона вирус. Жената на возраст од 57 години, била во болница, но постојано и се влошувала состојбата. Нејзиниот син исто така е заболен од корона вирус. Во изминатите 24 часа, регистрирани се нови 29 нови случаи, со тоа денеска до 12 часот, бројот […]

______________________________________________________________________________________________________

Нова состојба со коронавирусот во земјава – Прес на Филипче (ВО ЖИВО)

обраќање на министерот за здравство Венко Филипче за бројките и новата состојба со заразени од коронавирус во земјава.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1