27/04/2014 22:45
•
Posted by: MK News
по 41,03 отсто обработени гласови СДСМ води само во Центар со 700 гласа пред ВМРО-ДПМНЕ. Во останатите општини СДСМ ги губи изборите од ВМРО-ДПМНЕ. Центар: ВМРО-ДПМНЕ 2.977 СДСМ 3.491
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2014 22:42
•
Posted by: MK News
– Благодарам на сите што гласале за ГРОМ, која е трета најголема партија во земјата. Изборите беа фер, демократски и немавме ниедна забелешка на изборниот процес . Очекуваме по еден пратеник од првата, втората и четвртата изборна единица, рече Јакимовски.
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2014 22:39
•
Posted by: MK News
Од обработените над 61% од гласовите, според државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ води со над 94 илјади гласови пред СДСМ.
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2014 21:58
•
Posted by: MK News
Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов е во водство пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски во Струмица. Овие резултати се според обработени 33,94 проценти од гласовите, објавени од Државната изборна комисија. По обработени 10,85 отсто во четвртата изборна единица убедливо води ВМРО-ДПМНЕ. Гласале 6.671 | 70,96%* излезност
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2014 21:45
•
Posted by: MK News
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ноќеска нема да одржува повеќе пресконференции. Иако партиското раководство е во постојано заседавање, сепак никој не сака да коментира на кој начин ќе се реализира најавата на опозициската партија за непризнавање на изборните резултати. Заев претходно објави дека СДСМ не ги признава изборите и бара итно да се формира техничка влада. […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2014 21:39
•
Posted by: MK News
Според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ од досега обработените гласови, нивниот кандидат Ѓорге Иванов има освоено 203.000 гласа, а противкандидатот Стево Пендаровски 63 000 помалку, односно 140 000. ВМРО-ДПМНЕ пак, според нив, од досега обработените гласови има 59.000, а СДСМ 29.000 гласа.
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2014 21:37
•
Posted by: MK News
ВМРО ДПМНЕ во Куманово веќе излезе на улиците низ Куманово со свирежи од возилата, најавувајќи ја најверојатно победата во градот, иако броењето на гласови оди поспоро со оглед дека се работи за двојни избори, јавува сајтот Kumanovskimuabeti.mk Во Општинскиот Изборен Штаб на ОО на СДСМ Куманово, пристигнуваат резултатите од терен, и според нивните последни броења, […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2014 21:35
•
Posted by: MK News
По обработени 29,38 отсто од гласовите од страна на ДИК, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ ги губи изборите. Тој води во десетина општини, најголем дел од нив општини каде мнозинството е албанско население. Тој води во Арачиново, Студеничани, Сарај, Чаир, Липково, Гостивар, Пласница, Крушево, Чучер Сандево, Центар, Карпош и Крушево Гостивар Ѓорге Иванов 641 […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2014 21:13
•
Posted by: MK News
СДСМ засега води единствено во скопската општина Центар
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2014 21:04
•
Posted by: MK News
На својот веб-сајт Државната изборна комисија постојано ги ажурира податоците од пребројувањето на гласовите од првиот круг на претседателските избори. Може да ги следите на овој ЛИНК ЗА вториот круг од Претседателските избори. На овој ЛИНК за парламентарните избори Резултатите се распределени по Општини и Изборни единици.
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2014 21:01
•
Posted by: MK News
Според ДИК на обработени 11,02% кандидатот за претседател Ѓорге Иванов води со 19.684 гласа наспроти Стево Пендаровски со 11.433 гласа.
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2014 20:59
•
Posted by: MK News
ДИК ги објави првите изборни резултати парламентарни избори за обработени 62.135 гласа според кој ВМРО-ДПМНЕ има освоено 25.660 гласа, СДСМ 11.157, ДУИ 13.594 и ДПА 5.817 Останатите партии во просек имаат освоено околу илјада гласа. Гласале 62.135 | 56,21%* излезност Партија Гласови Процент** 1. СДСМ и др. 11.157 17,96% 2. ДПА 5.817 9,36% 3. ДМ […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2014 19:48
•
Posted by: MK News
СДСМ и здружената опозиција не го признаваат изборниот процес ниту за парламентарните, ниту за избор на претседател на државата и бара итно формирање техничка влада што ќе овозможи спроведување нормални и фер претседателски и парламентарни избори во земјава, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, неколку минути по затворање на избирачките места, кога пребројувањето на гласовите […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2014 19:16
•
Posted by: MK News
„На неколку минути по затворањето на избирачките места излегувам пред Вас за да ви соопштам дека став на СДСМ и на здружената опозиција е дека не го признаваат изборниот процес, ниту за избор на претседател на државата, ниту за парламентарните избори“ – изјави предмалку лидерот на СДСМ Зоран Заев, објави Либертас. „Граѓаните се измамени, а […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2014 19:05
•
Posted by: MK News
45,34% е излезноста на граѓаните во вториот круг на претседателските избори до 17 часот, објави Државната изборна комисија. Со тоа, пропадна идејата на дна албанска политичка партија за бојкот на изборите бидејќи цензусот од 40% е надминат уште на 2 часа пред крајот на гласањето. Оној кандидат кој ќе има мнозинство гласови ќе биде новиот […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2014 18:44
•
Posted by: MK News
Македонка од градот Нешвил во американската држава Тенеси возела осум часа до конзулатот во Чикаго за да гласа. Роза Ацеска две години живее во Нешвил и за да го оствари своето гласачко право поминала 750 километри низ државите Тенеси, Кентаки и Индијана сеж до најголемиот град во Илиноис каде што се наоѓа гласачкото место, пишува […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2014 18:38
•
Posted by: MK News
Според ДИК за претседателските избори излегле 45,62 отсто од гласачите до 17 часот. Забележан е мал одзив во местата каде доминира албанско население. До 17 часот вкупно гласале 801.872 гласачи од вкупно запишаните 1.779.572. Битола, Прилеп, Струмица… четвртата изборна единица најактивна на овие избори. Според ДИК во оваа изборна единица до 17 часот излегле 60,79 […]
______________________________________________________________________________________________________
27/04/2014 17:40
•
Posted by: MK News
При гласањето на болните лице во повеќе случаи е прекршена тајноста на гласањето. Во затворот Идризово, се вршени притисоци да гласаат за ВМРО, додека во геријатриските установи болните биле уценувани да гласаат за ВМРО под закана дека ќе им биде скрaтено правото на престој. нерегуларности и бројни злоупотреби го одбележуваат гласањето, на прес конференцијата го […]
______________________________________________________________________________________________________