31/07/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Сафет Адемоски од струшкото село Подгорци денеска се придружи на коњаницата која на 2 Август ќе стигне на Мечкин камен во Крушево на одбележувањето на 110-годишнината од Илинденското востание, пишува Нова Македонија. Четириесет и петгодишниот Македонец -муслиман, тргна облечен во комитска облека а неговата цел, како што вели, е да се поклони пред споменикот на […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Околу 150 000 жени во Македонија се уште немаат избрано матичен гинеколог. 450 000 жени кои имаат свој гинеколог на домашна адреса ќе добијат покани да направат бесплатни пап тестови. Минатата година 48 % од пациентките опфатени со првата група од 24 до 35 години направиле годишен пап тест. Оваа година повикот важи за втората старосна […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Министерството за одбрана без да ги извести семејствата на загинатите офицери на АРМ во хеликоптерската несреќа кај Блаце ја прекина традицијата да им плаќа одмор на децата и најблиските на загинатите во Охрид или Дојран. Ова за Канал 5 го потврдија во две семејства на загинатите кај Блаце. Никој ниту им се јавил да им […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Берењето боровинки од утре веќе не е бесплатно. Сите кои сакаат да собираат шумски плодови ќе мораат да побараат дозвола од ЈП “Македонски шуми”, за која ќе платат 400 денари. Сите кои сакаат, можат слободно да собираат боровинки, смрекинки, мечкино грозје, диви јаболки и други шумски производи, но со претходно добиена и платена дозвола. – […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2013 00:02
•
Posted by: MK News
Вчера, Матка беше преполна со граѓани кои се освежуваат во реката Треска. Очигледно екстремно високите температури овие граѓани ги принудиле да не губат време да излезат од автомобил па да се бањаат, туку директно со кола влегле во реката, пренесува Вечер. Foto – Vecer
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2013 14:00
•
Posted by: MK News
Од пред десетина дена Европската унија ја воведе досега најстрогата регулатива за забранети супстанци во играчките, а по тој пример партијата ДОМ ќе бара зајакнување на регулативата и во Македонија, пишува Вечер. Иницијатива за најстрога до сега контрола на играчките што се продаваат на македонскиот пазар, подготвува партијата ДОМ, откако пред десетина дена Европската унија […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2013 13:36
•
Posted by: MK News
Триесет и три годишниот Јуфуф Р. од тетовското село Милетино, починал откако го убола оса. Според кажувањата на жители на селото Милетино, Јусуф после ифтарот, што претставува крај на рамазанот пост за тој ден, излегол со другари да се напие кафе во селската чајџилница, пишува Вест. Додека седел во еден момент почувствувал дека под кошулата, […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2013 11:35
•
Posted by: MK News
Само во текот на завчерашниот и вчерашниот ден (28/29.07) од страна на граничната полиција евидентирани се пет нови случаи – две оштетувања и три кражби на регистарски таблички. Притоа, соопштуваат од МВР, во едниот случај во местото Фурка возило марка “шкода фабија“ сопственост на Р.Т. од Скопје“ е оштетено со гребење при што на левата […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2013 11:30
•
Posted by: MK News
Некој чека од државата да добие субвенции, другите, чекаат од Господ, некој чекаат подобри времиња, но Влатко Зејтиников не чекаше, се нафатил за работа и решил да си направи ветерница која што ќе произведува електрична енергија за неговото домаќинство. Се работи за ветерница, чии крилја ќе имаат 5,6 метри диаметер. Изработени се од фиберглас цевка,каде […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2013 11:15
•
Posted by: MK News
„Четири ипол години секојдневно патував по 70 километри од дома до работа и назад… Во својот град, Скопје, не можев да најдам вработување. На дожд, снег, виулици и пеколни жештини го чекав полураспаднатиот автобус и се клацкав во него. Плачев попатно, плачев во себе, за да не ме видат другите, бидејќи нели сум лекар, треба […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Во почетокот на минатиот век побогатите кавадарчани за пари можеле легално да добијат сексуални услуги во куќата што се наоѓала до реката Луда Мара, пишува Дневник – Бевме деца. Се врткавме наоколу. Од љубопитност. Се сеќавам дека во убавата градба беа сместени неколку стројни девојки. Во објектот влегуваа и излегуваа мажи што имаа потреба од […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2013 10:15
•
Posted by: MK News
Претседателот Иванов ќе летува во Охрид, премиерот се уште се мисли, спикерот Вељановски најверојатно патува во Турција. Утриснки весник објавува, каде ќе летуваат македонските политчари „Претседателот Ѓорге Иванов традиционално ќе оди во Охрид“, велат за Утрински соработниците на Иванов и додаваат дека Претседателот е покровител на Охридскиот маратон, Охридско лето и други манифестации. Како што […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Вчеравечер избил пожар во стан на булеварот Асном бр. 54 во населбата Ново Лисиче. Пожарот се случил околу 2:30 часот и бил предизвикан од фрлена неизгасната цигара од горните спратови на зградата, која завршила на терасата од станот на првиот спрат. За среќа противпожарната бригада навреме интервенирала и било спречено ширење на пламените јазици. Пламените […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, во разговорот за британскиот угледен весник „Фајненшел тајмс“ не дал директна изјава дека планира да ја урне Порта „Македонија“. „Дневник“ стапи во контакт со редакцијата на весникот, од каде што ни ја испратија изјавата на градоначалникот Жерновски, која ~ ја дал на новинарката Kерин Хоуп. – Градоначалникот Жерновски за […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2013 09:40
•
Posted by: MK News
Еден од најпознатите светски мулти-корпорациски брендови Coca-Cola му посака добредојде на капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ во тимот на Атланта Хоукс. “Добредојде во нашиот роден град Перо Антиќ! Ти посакуваме маестрални игри со кои ќе ги направиш твоите македонски фанови што е можно погорди и побучни”, се наведува на официјален фејсбук профил на […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Слаѓана Влајковиќ и нејзините две деца добија живеалиште. Покрив над главата на ова семејство им обезбеди општината Чучер Сандево. Ќе живеат во куќа за која општината ќе ја плаќа киријата, а ќе им биде обезбедена и храна. Дури откако Слаѓана беше принудена за нејзиниот проблем јавно да проговори, социјалните служби понудија помош. Од државата Слаѓана […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство препорачува поради исклучително топлото време бремените жени и лицата повозрасни од 60 години за бидат ослободени од работа. Се препорачува да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години. Градежните работници и луѓето кои работат на отворено да бидат ослободени во периодот од 11 до 17 часот.
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2013 08:27
•
Posted by: MK News
Времето ќе биде сончево со мала доумерена облачност, во попладневните и во ноќните часови ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури од 15°C до 24°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 31°C до 41°C. УВ индекс 10. Во Скопје во вторник тропски […]
______________________________________________________________________________________________________