Archive | Македонија RSS feed for this section

Градоначлникот Бакрачевски призна: Скапо е во Охрид

Локалниот економски совет на Охрид вчера ја одржа првата работна седница, на која се расправаше за активностите што ќе треба да се преземат за подобрување на имиџот на Охрид, најмногу во насока на намалување на цените на туристичките услуги за кои се смета дека се високи и неконкурентни во споредба со останатите туристички дестинации во […]

______________________________________________________________________________________________________

Внимавајте што јадете: Цело семејство во Штип затруено од сувомеснати производи

Денес на инфективно во Штип било хоспитализирано цело семејство, откако добиле труење конзумирајки сувомеснати производи, јави ТВ Ирис. Инфектолозите алармираат граѓаните да внимаваат на исхраната. На овие летни горештини и високи температури добро треба да се провери, пред да се почне со користење на храната. Покрај сувомеснато, граѓаните треба да обратат внимание и на сладоледите, […]

______________________________________________________________________________________________________

Поскапуваат горивата на полноќ – дизелот со иста цена

Бензините поскапуваат за 1 денар и половина, цената на дизелот останува иста. Регултароната комисија за енергетика ги објавиновите цени по кои бензините ќе се точат од полноќ. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува 70 […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве колку плата ќе зема Перо Антиќ во НБА

Перо Антиќ, првиот Македонец во НБА-лигата, ќе има плата од 1.200.000 долари во првата сезона во дресот на Атланта хоукс, објави специјализираниот сајт www.hoopsworld.com. Капитенот на македонската репрезентација пред неколку дена потпиша договор со “јастребите”, кој му е загарантиран за сезоната 2013/14, а продолжението за уште една година ќе зависи од неговите игри. Според истиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Бандери на ЕВН висат наведнати над игралиштата во Хотел Метропол Охрид (Видео/Фото)

Две бандери со кое некогаш се пренесувала или сеуште се пренесува струја, стојат искривени над спортсктие терени кои се во состав на хотелот Метропол во Охрид, пишува Охрид1. Како што информира порталот бандерите искривени стојат држејќи се на жиците кои ги поврзуваат и на гранките од дрвата кои се околу. Повеќе Фото и инфо на […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопје „смрдеше“ ноќеска – виновник депонијата Вардариште

Непријатната миризба која ноќеска ја почувствуваа жителите на дел од Скопје е од пожар на дивата депонија Вардариште. Како што информираат надлежните институции на Градот Скопје, вчера попладне интервенирале екипи на Противпожарната единица на Градот Скопје. Пожарот е изгаснат, но чад и миризба од Вардариште има и изутринава. На терен се излезени инспектори на општина Гази Баба, на чија територија се […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонец бара геј-азил во САД

Имигрантска еднаквост – организација од Њујорк, која им помага на хомосексуалци од разни држави да добијат азил во САД врз основа на сексуална дискриминација, работи на случај на еден Македонец. Од организацијата потврдија дека станува збор за македонски државјанин, кој престојува во САД и кој се обратил за помош за да добие азил врз таа […]

______________________________________________________________________________________________________

Станови, автомобили, автобуси по поволни цени – УЈП распродажба

Станува збор за движен и недвижен имот кој е запленет од фирми кои не можеле навреме да го платат данокот и некои од понудените предмети се ставени на аукција по прв пат, а некои се нудат и повеќе од 30 пати Денеска во Управата за јавни приходи од 11 до 13 часот на аукција ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма на Велешко: Куче касна 11 год девојче од Холандија – немало кој да и даде инекција

Девојче од Холандија било каснато од куче , а испаничените родители, кои на пропатување застанале да се одморат, не можеле да добијат лекарска помош. Од болницата велат дека состојбата не била толку тешка, а за настанот била известена и Холандската амбасада во Скопје. Единаесет годишната Јована, ќерка на семејството Гостимир, ја каснало куче во ресторан […]

______________________________________________________________________________________________________

Денес тропски ден со над 40 степени – во Вторник разладување со дожд

Во Македонија во понеделник тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб северен и северозападен, а во западните предели слаб североисточен ветер. Утринските температури од 14°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 31°C односно до 41°C. УВ индекс 10. Во Скопје во понеделник тропски ден, ќе биде сончево и […]

______________________________________________________________________________________________________

Авион од Рим за Скопје принудно слетал во Тирана

Авионот кој сообраќал на релација Рим-Скопје, на пладне  принудно слетал на аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана. Причина за тоа е технички дефект на леталото, што е регистриран при летот, пренесе МИА. Како што јави тиранската телевизија Топ-чанел,  120-те патници на аеродромот останале околу два часа, до кога дефектот бил остранет. Поголем број од патниците биле […]

______________________________________________________________________________________________________

12 години од смртта на Ѓоко Лазаревски- Херојот кој сам го бранеше Лешок

Пред 12 години, тој го бранеше своето село од припадниците на ОНА. Пред 12 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на слободата на Македонија. Пред десет години, Ѓоко Лазаревски го даде својот живот за селаните, за Лешок, за Македонија. Со положување на букети цвеќина пред неговиот споменикот во центарот на Лешок беше […]

______________________________________________________________________________________________________

Гордо се вее Македонското знаме во Драч!

Амбасадорот на Република Македонија Веле Трпевски вчера во центарот на Драч, Република Албанија отвори почесен консулат на Република Македонија. Почесен консул е Александар Пило. Македонските граѓани и Македонците во Република Албанија добија уште еден центар во Република Алабанија каде можат да се обратат за сите евентуални прашања или проблеми кои ги засегаат. Гордо се вее […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве каде да конкурирате за работа во Германија – и што се бара

Германија денеска за прв пат објави список на работни места на кои сака да вработи работници кои не се од Европската унија, за да се справи со недостигот на работна сила што се должи на стареењето на населението. Работните места вклучуваат медицински сестри и негуватели за стари лица, експерти во областа на роботиката, електричари и […]

______________________________________________________________________________________________________

Невенчаниот сопруг ја оставил, татко и не ја прима дома – мајка со 2 бебиња остана сама

Како да е сама на светот. 24 годишната Слаѓана Влајковиќ со две мали деца талка по улиците. Непожелна во семејството, неприфатена од институциите, мајката со двата сина викендов единствено на отворена врата наиде во Првата детска амбасада Меѓаши. Невенчаниот сопруг и го свртел грбот, татко и не ја примал назад, нејзината сторија ја пренесува Канал […]

______________________________________________________________________________________________________

Пекол во Скопје: Во 15 часот измерени 40 степени ФОТО

Фотографијата која до Курир беше испратена од читател, покажува измерени 40 степени, денес во 15 часот. Фото – Курир

______________________________________________________________________________________________________

Мактел: Џафери си оди од одбрана, Антонио Милошоски на негово место – Артан Груби министер за надворешни?

Мактел дојде до ексклузивни информации дека нов министер за надворешни работи ќе биде Артан Груби, досегашен шеф на кабинет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и негов најблизок соработник. Артна Груби беше кандидат на ДУИ за градоначалник на Скопје а се прослави со немирите на кале околу црквата  кога како лидер на невладината “Разбуди се” […]

______________________________________________________________________________________________________

Поевтиното парно ќе го плаќаат исклучените

Покрај минималното намалување на цената на топлинската енергија, Kомисијата предлага да се зголеми цената за ангажирана моќност од сегашните 893 на 1.037 денари, со што автоматски ќе се покачат сметките за станарите исклучените од системот, пишува Дневник. Цената за ангажирана моќност, според овој предлог, треба да изнесува 1.037 денари наместо сегашните 893 денари. И при […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1