Archive | Македонија RSS feed for this section

Поскапува дизелот – од полноќ

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а цените на бензините остануваат непроменети. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуродизел ќе изнесува 70,50 денари за литар. За половина денар се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава за 59 денари за литар. Малопродажната цена […]

______________________________________________________________________________________________________

Туристи од Холандија го симнале и оштетиле македонското знаме во Охрид

Неколку холандски државјани синоќа околу 3 часот по полноќ на плоштадот „Свети Климент Охридски“ од јарбол го симнале и оштетиле државното знаме на РМ. Информациите од полицијата говорат дека по пријавата излегле на лице место каде биле пронајдени пет холандски државјани. Истите се повикани на разговор во полициска станица и во тек се мерки за […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови споменици во центарот на Скопје (Фото)

На местото познато како „Ловец“, во Центарот на Скопје, утрово беше поставен споменикот на македонскиот учител и војвода Христо Узунов. Узунов бил македонски учител, војвода и реонски началник на четите на Македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ. Христо Димитров Узунов (Охрид, 22 февруари 1878 – 24 април 1905 Цер) – македонски учител, војвода и […]

______________________________________________________________________________________________________

Словенечки новинар ќе ги открие Македонците со офшор сметки во Кипар

Оф шор ликс ќе ги прикаже имињата и на македонски граѓани – даночни претстапници кои своето огромно богатство го кријат на тајни банкарски сметки во странство. Словенечкиот новинар Блаж Згага кој работеше на откривањето на овој банкарскиот викиликс за националната хрватската телевизија вчера изјави дека во оваа голема афера која го тресе целиот свет се вклучени […]

______________________________________________________________________________________________________

Трајановски частеше торта – првото парче за Груевски (Фото)

Во изборниот штаб на Коце Трајановски се слави неговата повторна победа за Град Скопје во присуство на премиерот Никола Груевски, министерот за здравство Никола Тодоров, сопартијци, градоначалници, симпатизери и граѓани. Трајановски и Груевски во штабот ги пречека торта со знакот лајк и шампањско. Првото парче што го пресече Трајановски му го подаде на премиерот, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјани за 50 евра тестираат хемикалии врз себе

Пензионерка од Скопје со години врз себе го тестира дејството на козметички препарати, со што го дополнува домашниот буџет. Забраната во ЕУ за продажба на козметика тестирана врз животни ќе ја зголеми побарувачката за вакви лица Педесет евра надомест за триесет дена тестирање козметички препарат – вака ја почнува приказната за Дневник пензионерката Снежана Томшиќ, […]

______________________________________________________________________________________________________

Инцидент во Велешта ноќеска – 1 прободен со нож, 4 претепани

Инцидент се случи доцна ноќеска во струшкото село Враништа, како што јави А1 он – еден жител на Лабуништа е прободен со нож, а уште четири жители од Лабуништа биле претепани од насобраната толпа граѓани. Според кажувања на граѓани, кордон од полицајци ја држел состојбата под контрола, за да не ескалира, иако од минута во […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК: Еве кои се новите градоначалници на 27 општини

Државната изборна комисија ги објави резултатите за 27 општини каде целосно се обработени податоците од сите избирачки места. Комисијата се уште целосно ги нема обработено податоците за општините Центар и Чаир, и за Градот Скопје. Арачиново – Победи Брахим Ајваз од ДУИ со 52,11 проценти освоени гласови пред независниот кандидат Бастри Барјами со 47,14 освоени гласови Берово – Победи кандидатот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Зоран Заев: Моите струмичани се најсилни, не потклекнаа под закани и притисоци (Видео)

Заев победи во првиот круг на изборите во Струмица, со прегалсувањето на три места, каде се потврди големата предност пред противкандидатот Васил Пишев. Струмичани по трет пат изгласаа и му го доверија градоначалничкиот мандат на Зоран Заев. Се славеше од пред штабот на СДСМ па на градскиот плоштад. -Моите струмичани потврдија пред сите дека не […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски до градоначалниците: Засукајте ги ракавите и работете

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва изјави дека по вториот круг од изборите може да се потврди дека победија делата. Дека граѓаните го препознаа искрениот однос на кандидатите на неговата партија, дека ја препознаа работата и делата. Тој им порача на новоизбраните гтрадоначалници уште утре наутро да ги засукаат ракавите и да се зафатат […]

______________________________________________________________________________________________________

Жерновски: Груевски нека не се лаже повеќе, Центар падна, поради Скопје 2014!

Андреј Жерновски го повика премиерот Груевски да не се залажува Груевски, оти „Центар го победивме и во прв и во втор круг. Нека не се лажат пак да прават фалсификати“, изјави Андреј Жерновски, кандидат за градоначалник на Центар. „Џабе Ви е што победивте во Македонија кога изгубивте на Скопје 2014, тоа е сигналот. Длабоко сум […]

______________________________________________________________________________________________________

Црвенковски: Овие избори за нас се целосно нелегитимни

За нас овие локални избори не беа фер, не беа демократски и за нас се целосно нелегитимни, изјави лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Тој порача дека Македонија не е слободна и демократска држава и она што се случило на изборниот процес, според Црвенковски е кулминација на тоталитаризмот на режимот на премиерот Никола Груевски. Обвини за […]

______________________________________________________________________________________________________

Сокол Митревски славеше со зурли во Ѓорче Петров (Фото)

Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, синоќа ја прославуваше победата во општина Ѓорче Петров. Старо-новиот градоначалник Сокол Митревски се фати на оро со вицепремиерот Зоран Ставрески и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Сител

______________________________________________________________________________________________________

Напнато во Враништа по голем инцидент – еден прободен, 4 претепани

Граѓани, преку социјалните мрежи, се организраат и заминуваат во стушкото село Враништа, каде што вечерва се случи поголем инцидент во кој еден жител на Лабуништа е прободен со нож, а уште четири жители од Лабуништа биле претепани од насобраната толпа граѓани, јавува А1он Во овој момент, според кажувања на граѓани, кордон од полицајци ја држи […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве кои се новите градоначалници – според досега завршено броење

Државната изборна комисија ги објави резултатите за 18 општини каде целосно се обработени податоците од сите избирачки места. Арачиново – Победи Брахим Ајваз од ДУИ со 52,11 проценти освоени гласови пред независниот кандидат Бастри Барјами со 47,14 освоени гласови Берово – Победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Драги Наџински со 51,97 освоени гласови пред Ѕвонко Пеќески од […]

______________________________________________________________________________________________________

Зијадин Села слави во Струга (ФОТО)

Кандидатот на ДПА за градоначалник на Струга, Зијадин Села, веќе ја прогласи победата на локалните избори.Околу 21.15 часот тој дојде во селото Лабуништа да им се заблагодари на жителите кои директно одлучија кој ќе биде новиот градоначалник на Струга. Тој им се обрати на македонски јазик и им се заблагодари за поддршката без која сигурно […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Водителот на Алфа, расположен или поднапиен ја водеше изборната програма?

Водителот на телевизија „Алфа“, во доста весело расположение ја води емисијата наменета за локалните избори во Македонија. Малку ги влечеше зборовите – малку поспоро говореше но истурка некако Погледнете и сами

______________________________________________________________________________________________________

Млекарот Илиевски го искршил штабот на СДСМ во Битола?

Иако засега сеуште нема официјални информации од Бихачка, околу случувањата во штабот на СДСМ, по објавувањето на неофицијалните резултати за поразот на Менде Диневски,сепак од добро информирани извори на партијата, “Нова Македонија” дознава дека инцидентот наводно го предизвикале Душко Илиевски – млекарот и негови приврзаници кои предизвикале судир со обезбедувањето на изборниот штаб, како и […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1