20/02/2013 19:52
•
Posted by: MK News
Комисијата за верификација на фактите денеска утврди дека тројцата кандидати за носители на јавна функција како советници и градоначалници за претстојните локални избори, не биле соработници на тајните служби.
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2013 19:48
•
Posted by: MK News
Пријава до Државната комисија за спречување на корупција против Општина Карпош и Стевчо Јакимовски, како и кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за злоупотреба на службената положба и овластување поднесе „Урбан Инвест“ ДОО од Кавадарци.
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2013 19:42
•
Posted by: MK News
Маж на возраст од 43 години од внатрешноста со детектиран вирус на грип од типот А почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје, информира денеска д-р Валерија Кирова Урошевиќ, специјалист инфектолог.
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2013 12:29
•
Posted by: MK News
Комисијата за верификација на фактите од една од четирите надлежни институции доби повратна информација дека три лица од кандидатите за носители на јавна функција како советници и градоначалници фигурираат во нивната евиденција, изјави за МИА портпаролот на Комисијата, Предраг Димитровски.
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2013 12:25
•
Posted by: MK News
Јавен обвинител од Битола ќе одговара за злоупотреба на службената положба и овластувањата, дознава Прес24 од извори во истрагата Јавниот обвинител С.Т од Битола и неговиот возач Н.Х утрово се уапсени во полициска акција поврзана со нелегална трговија на оружје. Паралелно, во Прилеп, според неофицијални и непотврдени информации на Пресс24 уапсени се уште две лица […]
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Вицепремиерот Зоран Ставрески на својот фејсбук профил изразил загриженост што младите се уште веруваат во принцови на бели коњи и идеални жени. Еве што министерот Зоран Ставрески напиша на профилот. Неговиот статус има над 300 лајк. ,,Во моето министерство и насекаде среќавам многу млади кои се сами. Единствено што треба да знаат е дека реалниот […]
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Болницата во Битола веќе два дена нема греење, а пациентите и роднините се погласно реагираат, објавува Алфа.
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Во општина Дебар, во трката за градоначалничкото место се тројца кандидати, двајца предложени од политичка партија и еден независен кандидат.
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2013 08:30
•
Posted by: MK News
Уште на мечот со Белгија, на дресовите на македонските фудбалери ќе стои Рисот, кое е заштитено животно во земјава ќе доминира на долниот дел на дресовите на Македонија
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2013 08:00
•
Posted by: MK News
Интерактивните табли, кои им беа доделени на основните и средните училишта во Република Македонија кои се донација од Македонски Телеком, се веќе поставени во објектите каде што се одржува наставата и тековно се употребуваат.
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2013 07:45
•
Posted by: MK News
Од средината на месецот април веќе нема да ни бидат потребни хартиени упати за кај специјалист. Прегледите и интервенциите од средината на април ќе се закажуваат преку интегрален компјутерски систем, соопшти министерот за здравство Никола Тодоров.
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2013 07:15
•
Posted by: MK News
Процентот на небезбедна храна во Македонија е преполовен, од 5,3 отсто во 2008 година на 2,4 во 2011-та, беше речено на трибината што е дел од проектот „Подобрување на јавната свест за безбедноста на храната“. Според експертите, намален е и бројот на заразни заболувања што се пренесуваат преку храната, од 20.309 во 2008-ма на 14.210 […]
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2013 22:49
•
Posted by: MK News
Ни помал град, ни повеќе советнички листи за претстојните локални избори. Дали преку ноќ политиката ги преокупира жителите на Македонски Брод или тешката економска ситуација ги присили, да влезат во трката за едно од тринаесетте советнички места, колку што има во општината -Нашиот град е рекордер по бројот на советнички листи, кои беа поднесени за […]
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2013 21:45
•
Posted by: MK News
Задолжителни лабораториски анализи на афлатоксини во целокупните количини увезено млеко и млечни преработки, наложи Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). До добивање на резултатите од испитувањата, увезените млеко и млечни преработки нема да се пуштат во промет. Ќе бидат складирани кај увозниците додека не се добијат позитивни резултати дека се безбедни. Ако анализите потврдат присуство на […]
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2013 20:38
•
Posted by: MK News
„УЧК на чело на АРМ“ е насловена фотографијата на која се актуелниот министер за одбрана Талат Џафери и неговиот партиски колега довчерашниот прв човек во одбрана Фатмир Бесими, објавена на официјалната фејсбук страница на Демократската унија за интеграција. Фотографијата е од денешното свечено примопредавање на функцијата во Министерството за одбрана. Вчера припадници на бранителите предводени […]
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2013 20:16
•
Posted by: MK News
Редакцискиот колегиум на „Република“ реши да не го објавува видео-материјалот од саботната средба во Скопје Сити Мол помеѓу Бранко Црвенковски, и кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, која што вчера ја потврди лидерот на СДСМ.
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2013 19:23
•
Posted by: MK News
– Засега непознато машко лице пополаднево околу 14:30 часот се јавило во Центарот за управување со кризи и пријавило дека во средното училиште „Арсениј Јовков“ во Скопје има подметнато бомба. Како што информираат од МВР, Центарот веднаш ја известил полицијата, по што е известена единицата за антитероризам која направи проверка во училиштето по што е […]
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2013 12:30
•
Posted by: MK News
1. Во 2001 година „Ренова“ од Џепчиште, инвестира 2,3 милиони евра во нова фабрика за суви малтери во Гуреза – Косово, со капацитет од 40.000 тони годишно. Во 2002 година за 1,2 милиони евра го купува најголемиот рудник за бел вар во Качаник, со годишно производство од околу 16.000 тони. Во 2008 година вложува околу 5 милиони евра […]
______________________________________________________________________________________________________