21/02/2013 19:36
•
Posted by: MK News
Претставништвото на „Дукат“ во Македонија одлучи времено да ги повлече од продажба сите млека од овој бренд што се наоѓаат на македонскиот пазар и покрај тоа што за нив Агенцијата за храна и ветеринарство потврди дека се безбедни и здравствено исправни, односно дека не содржат микотоксини над законски пропишаните граници.
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2013 19:16
•
Posted by: MK News
Стефан Јаноски е Американец со македонско потекло. Тој е градежен инжинер по професија. Стефан започнал да вози скејтборд во 1992 и стекнал статус на професионалец во 2003. Во САД е екстра популарен по неговите таленти. Јаноски е третата личност на NIKE SB кој ја има таа чест да има сопствен модел на патики наменети […]
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2013 19:06
•
Posted by: MK News
Со оглед на тоа дека станува збор за кондиторски производи, наменети за најмладата популација која не е во можност лесно да распознава оригинал од фалсификат, со ова Царинската управа спречи обид за пуштање во промет на непроверена стока со сомнителен квалитет.
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2013 14:58
•
Posted by: MK News
Зоран Заев, градоначалникот на Струмица и потпретседател на СДСМ, ги демантира нинформациите на „Република“, дека има Заев тврди дека има голема поддршка во раководството, и дека има судир во СДСМ и дека барал оставка од Црвенковски..Во демантот кои го објави и на својот фејсбук профил Заев вели – ,,Го читам текстот објавен во провладините медиуми и […]
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2013 14:37
•
Posted by: MK News
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ја донесе конечната одлука за намалување на цената на топлинската енергија во Скопје. Според предлог – одлуката потрошувачите од Скопје Север ќе добијат намалување на цената за околу 17 отсто, додека жителите на другите делови од градот, корисници на Балкан Енерџи Груп ќе имаат намалување од 16 отсто. […]
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2013 14:30
•
Posted by: MK News
Официјалниот спот на најновата песна на најголемата македонска ѕвезда, Тоше Проески е тргната од ЈуТјуб. Ги има само преработките од обожаватели кои ја препејуваа неговата последна песна.
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2013 13:51
•
Posted by: MK News
Зоран Заев, Социјалдемократот со најголем рејтинг меѓу своите сопартијци влегува во отворен судир со Црвенковски, јавува Република повикувајќи се на свои извори на Бихаќка. Како што пишува порталот, Заев, гневен што бил надмудрен во полседен момент од Стевчо Јакимовскии почнал интензивна внатрепартиска кампања, СДСМ да се откаже од сите ултиматуми и да најде начин во […]
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2013 11:55
•
Posted by: MK News
Од увезените млека од Србија спорна е единствено одредена количина од производот “MOJA KRAVICA 2,8%MM“, со рок на траење до 14 август 2013.4EN 10, од производителот IMLEK Белград.
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2013 11:33
•
Posted by: MK News
Родителите на Раде Јанковски кој во 2001 година загина кај Љуботенски Бачила, велат дека се огорчени од одлуката поранешниот командант на УЧК, Талат Џафери да биде нов министер за одбрана. Како може човекот кој досега ги блокираше правата на бранителите сега да биде на чела на армијата, прашуваат тие, пренесува телевизија Телма.
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2013 11:17
•
Posted by: MK News
По триесет дневен притвор во Скопје им е одреден на уапсениот јавен обвинител С.Т. од Битола и неговиот возач. Двајцата прилепчани кои исто така се уапсени во рамки на вчерашната акција добија 30-дневен притвор во Прилеп.
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2013 11:02
•
Posted by: MK News
Новинарот Зоран Иванов, кој во среда доби отказ од телевизијата Алфа, ќе ги врати сите новинарски награди што ги има добиено во знак на револт од состојбите во новинарството.
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Веќе десетина дена двата липицанера се во карантин на приватен ранч во Волково. Пристапот до нив е строго забранет, пишува Утрински весник. Таму биле пренесени откако по неколкудневно чекање ја добиле дозволата за влез во државава што ја издава Агенцијата за храна и ветеринарство.
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2013 10:15
•
Posted by: MK News
Пратениците од опозицијата ќе ги депонираат оставките на денот на одржување на локалните избори, на 24 март, најави денеска Игор Ивановски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2013 09:34
•
Posted by: MK News
Агенцијата за храна и ветеринарство од вчера почна да ги проверува и домашните млека – пишува „Дневник“. Земени се мостри за анализа од речиси сите примероци на пастеризирано и стерилизирано млеко, но и од млечните преработки на сите домашни млекарници.
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2013 08:15
•
Posted by: MK News
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, одлучи својата пензија да ја отстапи за потребите на партијата. Ова вчера го потврди шефот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски. Поранешниот претседател месечно зема околу 90.000 денари пензија.
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2013 08:06
•
Posted by: MK News
Опозицијата тргнува во активен бојкот. В недала на јавна конвенција Сојузот на иднината ќе ги соопшти идните планови и чекори за бојкотот.
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2013 20:27
•
Posted by: MK News
– Сакам да завршам факултет. Сакам да бидам докторка. Сакам да сум среќна и насмеана. А, најсреќна ќе бидам кога тато ќе се врати. Сакам да се врати веднаш. Сакам сега да е тука – вели ќерката на Јохан Тарчуловски, Мелани за порталот republika.mk во разговорот направен за време на прославата на осмиот роденден на ќерката […]
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2013 19:58
•
Posted by: MK News
Позитивен е одговорот на германските судски власти на барањето на одбраната на Јохан Тарчуловски за негово предвремено ослободување. Сега е потребен позитивниот одговор на судскиот совет на Судот за воени злосторства во поранешна Југославија.
______________________________________________________________________________________________________