26/08/2019 15:01
•
Posted by: MK News
Зад затворени врати Советот на јавни обвинители утре ќе одржи седница на која се очекува да ја започне постапката за разрешување на Катица Јанева, специјалната обвинителка која е во притвор. Пред почетокот на седницата Советот очекува да ги добие сите неопходни документи за предметот и да донесе одлука дали ќе ја отпочне постапка за разрешување […]
______________________________________________________________________________________________________
24/08/2019 15:39
•
Posted by: MK News
Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил објави дека ќе покрене тужба против порталот „Република“ за, како што вели, лагите насочени против неа. – Ќе ја тужам „Република“ за нејзините лаги, затоа што реакции до нив се непотребни и залудни. Сите знаеме дека, со секој од своите непотпишани текстови, си одработува […]
______________________________________________________________________________________________________
24/08/2019 15:25
•
Posted by: MK News
„Јас од месец септември 2018 година до некаде 10 април 2019-та сум постојано уценуван од група на луѓе кои од мене изнудија голема сума на парични средства“, вели Орце Камчев во исказот даден пред јавната обвинителка Вилма Рускоска на 2 мај оваа година, објавува Инфомакс кој го објави документот – исказот на Камечев даден во […]
______________________________________________________________________________________________________
24/08/2019 15:14
•
Posted by: MK News
Обрачот околу Зоран Заев и СДСМ околу случајот „Рекет“ се повеќе се затега, рече на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, информациите за записникот и исказот на оштетениот во случајот „Рекет“, кои што излегоа во медиумите вчера и се потврдени од Јавното обвинителство, ги отворија сите карти како се одвивал целиот „рекет“ […]
______________________________________________________________________________________________________
24/08/2019 15:10
•
Posted by: MK News
Отфрлам секаква поврзаност со Рекет. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев. Ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот. Не е точно. Отфрлав секаква поврзаност со Боки 13 поврзана со случајот „Рекет“. Обврска на Обвинителството е да каже дали тоа е така кажано. Објавена е една страна од записникот, а потоа е […]
______________________________________________________________________________________________________
24/08/2019 15:09
•
Posted by: MK News
Зоран Милевски -Кичеец, еден од осомничените во истрагата за „Рекет“, се бранел со молчење, кога требало пред обвинителката Вилма Русковска да даде исказ, дознава „Фокус”. Кичеец кој остана во Обвинителството три часа, само молчел. Можно е со истата стратегија на молчење да се „брани“ и осомничениот Бојан Јовановски, бидејќи тој се уште не ги видел […]
______________________________________________________________________________________________________
24/08/2019 14:49
•
Posted by: MK News
Објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за предметот „Рекет“, кои освен како моментална сензација, не придонесуваат во остварување на каква и да е друга цел, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, најостро осудувајќи го ваквиот настан. Ова денеска преку соопштение го велат од ОЈО. -Обвинителството нема да […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2019 16:25
•
Posted by: MK News
УЈП од денеска се впушта во контрола на фирмите на Бојан Јовановски. Истражителите на оваа институција ќе ги чешлаат даноците во сметководствената евиденција на Меѓународен сојуз – Скопје, 1ТВ и БЈМ медиа. Според постапката, УЈП ги доби од Кривичниот суд налозите кои треба да ги испратат до истражниот затвор во Шутка. Со нив, ќе го […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2019 16:22
•
Posted by: MK News
Во Советот на јавни обвинители пристигна извештајот според кој од понеделник ќе се одлучува за разрешување на Катица Јанева. Откако таа влезе во притвор се отвори дилемата кој е надлежен за предлог и избор на нов специјален обвинител. Власта и опозицијата со различни ставови, од ВМРО ДПМНЕ велат преку парламентот, премиерот пак вели привремениот в.д. […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2019 16:19
•
Posted by: MK News
На Централниот одбор на СДСМ избрани се пет потпретседатели на партијата: Мила Царовска, Коста Петров,Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зеќири, соопшти вечерва по ЦО претседателот на партијата и премиер Зоран Заев. Коста Петров се огласи по повод новата функција во СДСМ, потпретседател на партијата. Некои одлуки во животот се носат брзо, за некои пак […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2019 16:16
•
Posted by: MK News
Сопственикот на поранешната А1 телевизија, Велија Рамковски, во изјава за Пресинг ТВ ги негира натписите во некои медиуми дека телевизијата наскоро повторно ќе се отвори. Вели дека кампањата и воведувањето на новиот бренд и ребрендирањето во А1 на телекомуникацискиот оператор ВИП нема врска со телевизијата. Тоа нема врска со телевизијата А1 иако е добра анкета […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2019 16:07
•
Posted by: MK News
Нина Ангеловска, една од основачите на „Групер.мк“, која е предложена за нов министер за финансии, синоќа по објавувањето на одлуката, се огласи на својот Фејсбук профил. Ангеловска пишува дека е подготвена да се вложи во прогресивни фискални политики и да го даде својот максимум во унапредувањето на фискалната транспаретност и домаќинско раководење со парите на […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2019 16:02
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев ги соопшти имињата на неколкуте нови министри и заменици-министри. Најави дека ќе достави предлог до Собрание за нов министер за финансии Нина Ангеловска, предлог за нов заменик-министер за образование и наука, Елизабета Наумовска, ќе достави предлог за разрешување на заменик-министерот за економија Кире Наумов, кој ќе биде директор на Македонската банка за […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2019 15:55
•
Posted by: MK News
Законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство, следната недела оди во Собрание каде е закажана седница за вторник, иако засега се уште нема договор меѓу работните групи на власта и опозицијата. Собраниската седница за предлог-законот е закажана за 27 август, по враќањето на пратениците од колективниот одмор. […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2019 15:51
•
Posted by: MK News
Специјалното јавно обвинителство во овој момент се наоѓа во една од најтешките состојби од своето основање и затоа апелирам политичарите и сите чинители во државата да седнат и да го донесат Законот за Јавно обвинителство за да немаме прекини на постапките – повика обвинителката Лиле Стефанова. Таа посочи дека имаат сериозни истраги и дека со […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2019 15:41
•
Posted by: MK News
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, поради безбедносна проценка на затворската управа, е во посебен оддел на истражниот затвор Скопје, заедно со уште една приведена, вели директорот на затворот Есад Рахиќ во интервју за Радио Слободна Европа. Во принцип ниедно притворено лице не е само. Секогаш мора да има уште еден. Меѓутоа, со оглед на тоа […]
______________________________________________________________________________________________________
22/08/2019 13:53
•
Posted by: MK News
Од денеска ќе биде затворен за сообраќај булеварот „Крсте Петков-Мисирков“ односно делницата во правец на Бит пазар, од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до клучката Детелинка. Делницата ќе биде затворена од 8.30 часот денеска до 8.30 часот утре, а причината е асфалтирање на патот. Автобуските линии ќе бидат пренасочени кон Скопскиот саем и клучката Континентал […]
______________________________________________________________________________________________________
22/08/2019 13:50
•
Posted by: MK News
По вчерашното приведување и одредување на мерка притвор на Катица Јанева, останува отворено прашањето кој ќе ја наследи на функцијата шеф на Специјалното јавно обвинителство. Според републичкиот јавен обвинител Љибомир Јовески, кој се повикува на Законот за јавното обвинителство, во ваков случај треба да реагира Советот на јавни обвинители и да назначи вршител на должноста. […]
______________________________________________________________________________________________________