21/08/2019 14:07
•
Posted by: MK News
Полициски екипи ја изнесоа Катица Јанева од нејзиниот дом во Козле и ја спроведоа до СЈО да извршат претрес во нејзино присуство. Видео – А1ОН
______________________________________________________________________________________________________
21/08/2019 14:01
•
Posted by: MK News
Специјалната обвинителка Катица Јанева со полициска придружба е однесена во СЈО каде во нејзина придружба полицијата врши претрес на во работните простории, информира нашата екипа од терен. Како што претходно објавивме Јанева беше уапсена во нејзиниот дом во Козле, по налог на обвинителката Вилма Рускоска. Полицијата во моментов врши претрес во работните простории на обвинителката […]
______________________________________________________________________________________________________
21/08/2019 13:58
•
Posted by: MK News
По налог на на обвининителството за организиран криминални корупција денеска е приведено лицето К.Ј, потврдија за Сител од МВР. Сите останати информации за случајот ќе ги соопшти обвинителството, информираат од МВР. Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за 14 часот најавија прес конференција во врска со предметот во јавноста познат како „Рекет“. На пресконференцијата […]
______________________________________________________________________________________________________
21/08/2019 13:53
•
Posted by: MK News
Според информации на Алсат, покрај специјалната обвинителка Катица јанева, денеска се приведени и двајца политичари поврзани со случајот „Рекет“. Засега нивните имиња не се откриваат, но од Основното јавно обвинителство прес конференција најавија за во 14:00 часот.
______________________________________________________________________________________________________
21/08/2019 13:50
•
Posted by: MK News
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со полициска придружба пред малку беше изнесена од нејзиниот дом во скопската населба Козле. Јанева е однесена во просториите на СЈО, каде во нејзино присуство се вршат претреси, а според извори од истрагата во исто време претреси се вршат и во нејзиниот дом во Гевгелија. Јавниот обвинител Љубомир Јовевски во […]
______________________________________________________________________________________________________
21/08/2019 13:48
•
Posted by: MK News
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по вчерашниот неколкучасовен исказ во Обвинителството, беше забележана на прошетка на кејот на Вардар. По прошетката, во доцните часови, седна на вечера во еден од рестораните на скопскиот кеј. Таа вчера беше на распит во Обвинителството за случајот „Рекет“ и не сакаше да открие детали. По се изгледа дека обвинителката […]
______________________________________________________________________________________________________
21/08/2019 13:44
•
Posted by: MK News
Голем број полицајци го опколија домот и ја затворија улицата во скопската населба Козле каде живее Катица Јанева. Како што дознава Телма, во тек е приведување на специјалната обвинителка, која вчера даваше исказ пред Обвинителството за организиран криминал и борба против корупцијата. За 14 часот во Јавното обвинителство е закажана прес-конференција на јавните обвинители Љубомир […]
______________________________________________________________________________________________________
20/08/2019 22:32
•
Posted by: MK News
Владата на на денешната седница усвои информацијата за покачување на платите во основното, средното и во високото образование за 5 проценти почнувајќи од исплата за септември 2019 година. Притоа, како што соопштина прес-службата на Владата, го задолжила министерот за образование и наука Арбер Адеми да ги потпише спогодбите со Самостојниот синдикат за образование, наука и […]
______________________________________________________________________________________________________
20/08/2019 14:42
•
Posted by: MK News
Специјалната обвинителка Катица Јанева повеќе од четири часа даваше исказ за случајот Рекет во кој првоосомничен е Боки13 за изнуда на пари заедно со Зоки Кичеец. Јанева дојде со возач, адвокат со кој е на сведочењето и со насмевка ги одбегна прашањата на новинарите за тоа каде се парите од Орце Камчев. Повикана сум како […]
______________________________________________________________________________________________________
20/08/2019 14:02
•
Posted by: MK News
Првосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, во притвор „се држи“ подобро и од тоа што очекувавме, вели за „360 степени“ адвокатот Димитар Савовски, кој е дел од одбраната на Боки 13. Од досегашните контакти, адвокатот вели дека Боки 13 нема сериозни забелешки за условите во притворот. Боки 13 е информиран за сите вести поврзани со […]
______________________________________________________________________________________________________
20/08/2019 13:59
•
Posted by: MK News
Секој предмет на кој сум работела е чист. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи по рочиштето за Титаник3 изјави дека нема ништо криминално во нејзините предмети. Секој предмет на којшто работев јас е чист и во ниту еден момент не може да се смета дека е вмешан во нешто криминално или сомнително, така што за предмет за […]
______________________________________________________________________________________________________
20/08/2019 13:57
•
Posted by: MK News
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата против три лица за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување, соопштија од ОЈО, посочувајќи дека одлуката е донесена бидејќи настапила застареност на кривичното гонење. – Пријавата се […]
______________________________________________________________________________________________________
20/08/2019 13:49
•
Posted by: MK News
Малку е чудно што на денешниот распит во Апелациониот суд, во одделението за гонење на криминал и висока корупција, Катица Јанева влезе во придружба со адвокатот Стеван Павлевски, јавува репортерот на ТВ21. Инаку Павлевски е адвокат на еден од осомничените во случајот „Империја“ Цветан Панделески, кој пак е случај на СЈО во надлежност токму на […]
______________________________________________________________________________________________________
19/08/2019 12:30
•
Posted by: MK News
Пред денешниот почеток на судењето за предметот „Титаник 3“, обвинителката Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство одби да го коментира случајот Рекет, што го води Јавното обвинителство за борба против организираниот криминал. – Не би можела да коментирам за тоа. Постапката „Рекет“ ја води друго Обвинителство кое што е надлежно. За тоа навистина не сакам […]
______________________________________________________________________________________________________
19/08/2019 12:28
•
Posted by: MK News
Обвинетите за уништување изборен материјал, Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ, и сопартиецот Исмет Гури на денешното судење за „Титаник 3“ побараа преку адвокатите да се изземат обвинителите од СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски по кавгата на Фетаи со Јанева за претресот во СЈО. „Конфронтацијата и отворените несогласувања меѓу ополномоштените обвинители Фатиме […]
______________________________________________________________________________________________________
19/08/2019 12:26
•
Posted by: MK News
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе одлучи дали обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски ќе бидат изземени од случајот „Титаник 3“.Ова го кажа судијката Марија Клетничка, откако адвокатот Еленко Миланов на денешното рочиште побара изземање на двајцата обвинители, но и на Јанева заради кавгите. Судијката појасни дека за изземање на обвинителите надлежна е Јанева, а […]
______________________________________________________________________________________________________
19/08/2019 12:23
•
Posted by: MK News
Екипите на Град Скопје вчера (недела) ги завршија градежните активности за реконструкција на дилетации на мост Гоце Делчев во двата правци и од денеска (понеделник) сообраќајот на мостот се одвива непречено. Комплексните градежни зафати за реконструкцијата на мостот завршија во предвидениот рок од 40 дена од нивниот почеток на 09.07.2019 година. За време на градежните […]
______________________________________________________________________________________________________
19/08/2019 12:20
•
Posted by: MK News
Валканите пари од аферата Рекет, кој ја тресе Македонија, но и целиот регион, оделе во Сојузот за Србија(СЗС) и тоа преку Вук Јеремиќ, открива српски „Курир“. Јеремиќ, кој е еден од лидерите на СЗС, повеќе пати доаѓал во Скопје, каде се состанувал со луѓе од опкружувањето на Боки 13, меѓу кои клучен е Зоран Башановиќ, […]
______________________________________________________________________________________________________