Archive | Македонија RSS feed for this section

Жерновски и Адеми ќе го убедуваат УНЕСКО Охрид да остане светско културно наследство

Делегација на Владата на Република Северна Македонија учествува на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан, на која ќе се дискутира за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион. Делегацијата, што ја предводи министерот без ресор Едмонд Адеми, а во која уште се и заменик министерот за надворешни […]

______________________________________________________________________________________________________

Поевтин роаминг: Појдовен повик 4.31 денар, дојдовен 2.46, мегабајт интернет 1,54 денари

Од денеска стартува поевтиниот роаминг со земјите од регионот. Намаленото „ало“ ќе важи за Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово. Од Агенцијата за електронски комуникации потврдуваат дека поевтинувањето е 90 проценти и оти во текот на денот ценовникот ќе го објават на нивната официјална страница. За појдовен повик намалувањето е 95 […]

______________________________________________________________________________________________________

Во судница ќе се слушнат „бомбите“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Ново вештачење на 31 телефон ќе биде изработено и претставено како нов доказ на судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година. Судијата Огнен Ставрев појасни дека телефоните биле одземени при претрес направен за време на првичната истрага. Телефоните ги најдов во депо во полиција. Полицијата ми рече дека сега ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Херојски подвиг на битолчанец: Од запалениот автобус кај Дубровник евакуирал 50 патници

Битолчанецот Вангел Котевски е херој на денот. Од опожарен автобус успеа заедно со уште еден сопатник да ги евакуира околу 50 други патници, македонци, кој патуваа со агенцијата на на тетовскиот превозник „Хафет турс” изутрината околу два часот по полноќ во близина на Дубровник. Благодарение на нивната брза реакција нема никакви повреди кај патниците, ниту […]

______________________________________________________________________________________________________

Неделава многу топло, до 40 степени

Многу топло време со температури и до 40 степени, најавува УХМР за оваа недела. Зголемена ќе биде и влажноста на воздухот поради што, според УХМР, чувството ќе биде дека температурите се повисоки од измерените. Максималните дневни температури насекаде ќе бидат над 30, а во среда се очекува да достигнат 40 степени. УВ индексот ќе биде […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајден мртов скопјанецот Пандо Лазовски

Потрагата по исчезнатиот Пандо Лазовски заврши трагично , тој е пронајден починат. Според објавите на негови блиски Лазовски е пронајден во Бутел на патот кон Чардак. Семејството се заблагодарува на сите кои се вклучија во потрагата, а причините за смртта дополнително ќе бидат утврдени.

______________________________________________________________________________________________________

Стартува владиниот проект за поврат на ДДВ за граѓаните

Граѓаните првпат имаат можност да побараат поврат на 15 проценти од платениот Данок на додадена вредност (ДДВ) откако денеска почна примената на владиниот проект „Мој ДДВ“. конференција посветена на Законот за враќање на дел од ДДВ на којашто ќе бидат презентирани техничките можности преку коишто граѓаните ќе може да го користат правото на поврат на […]

______________________________________________________________________________________________________

Почнува со работа универзалниот снабдувач на струја ЕВН хоум

Домаќинствата од денеска ќе добиваат електрична енергија од ЕВН Хоум, правен субјект кој произлегува од ЕВН Македонија, енергетската компанија што и досега ги снабдува домаќинствата. Како што објави во петекот Регулаторната комисија за енергетија (РКЕ), цената на струјата нема да се менува до 1 јули следната година. ЕВН хоум е избрана за универзален снабдувач на […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: Димовски, Митески и Јанакиески се уапсени од политички мотиви

ВМРО-ДПМНЕ е во сигурно водство во однос на СДСМ. Затоа власта е исплашена и во паника притвора и прогонува функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинителството на Зоран Заев вчера од чисто политички мотиви ги уапси Димитар Димовски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја објави аферата за насилникот Курто Дудуш и Дејан Митески, претседател на ОК на […]

______________________________________________________________________________________________________

„Коки и Кики“ од партиско-медиумска рекетарска дружина на дневен ред на пратенички прашања

Отворена е истрага за наводите за рекетарство, уцени и перење пари за т.н. Коки и Кики, псевдоними за сопственик на една телевизија и еден политичар од власта, информирање премиерот Заев на седницата за пратенички прашња. На прашање на пратеникот Милошовски, тој објави и дека мета на двете лица била градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, од […]

______________________________________________________________________________________________________

Јанакиевски и уште седуммина осомничени добија притвор

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, нотарите и државната правобранителка Емилија Радојкова добија 30 дена притвор. Основниот кривичен суд во Скопје информира дека за осум осомничени лица опфатени со најновата истрага на Обвинителството за гонење организиран кирминал и корупција определил 30 дневен притвор. Меѓу нив се ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, […]

______________________________________________________________________________________________________

Финансиска полиција: Акцијата во Љуботен наменета против нелегалниот увоз на тутун

Управата за финансиска полиција преку соопштение информира дека вчерашната акција спроведена во селата Љуботен, Сингелиќ, Визбегово и Арачиново била наменета против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволената сорта тутун „вирџинија“, а не била наменета против локалното население кое се занимава со одгледување и производство на домашен тутун – Мораме да напоменеме дека акцијата беше […]

______________________________________________________________________________________________________

Од понеделник многу топло

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а дневните од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9. Веќе од утре и за време на викендот се најавува […]

______________________________________________________________________________________________________

Судот во Будимпешта не ја одобрил екстрадицијата на Никола Груевски

Судот во Будимпешта не ја одобрил екстрадицијата на екс премиерот Никола Груевски . Како образложение било дадено дека условите од екстрадицијата не биле исполнети, пренесуваат дел од унгарските медиуми. Собраниската расправа за изборот на нови министри тече во тензична атмосфера со обвинувања меѓу власта и опозицијата. Дел од расправата се и поранешниот премиер Никола Груевски […]

______________________________________________________________________________________________________

Џамбаски: Делчев не се борел за независна Македонија, вие сте втора бугарска држава

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски за епицентар.бг тврди дека Гоце Делчев никогаш не се борел за никаква независна Македонија и оти тој не може да биде ништо друго освен Бугарин. Според него, за Бугарија, Македонија никогаш нема да биде ниту северна, ниту јужна, ниту горна ниту долна, туку само една и братска втора бугарска држава на […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсен Блерим Ахмети, братот на Ел Чека

Блерим Ахмети, братот на Ел Чека, кој преку својот профил објавуваше прислушкувани разговори на влијателни членови на ДУИ, денеска е уапсен од страна на полицијата. Ахмети беше организатор на протестите пред неколку дена пред седиштето на ДУИ во тетово, а на истиот присусутвуваа и други членови од семејството на Ел Чека. Полицијата ја разгледува папката […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Не е точно дека Тевдовски е сменет бидејќи не сакал да потпише заем за новиот Клинички центар

Со реплики и контрареплики меѓу власта и опозицијата тече денешната собраниска расправа на која се дебатира за предлозите за нови министри во Владата. Пратениците од опозицијата критикуваа дека предложените министри не влеваат надеж дека ќе бидат подобри од претходните. Според нив, сменети се министри кои според перцепцијата на народот биле најдобри, а останати се оние […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина родилка од сепса во охридската болница

Станува збор за млада жена родилка која со царски рез се породила пред 7 дена на гинеколошкото одление во охридската општа болница при што родила здраво женско бебе. После породувањето била задржана на одделението. Во текот на наредните денови кога требало да биде отпуштена дошло до влошување на состојбата на младата мајка , а откако […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1