Archive | Македонија RSS feed for this section

Финансиска полиција: Акцијата во Љуботен наменета против нелегалниот увоз на тутун

Управата за финансиска полиција преку соопштение информира дека вчерашната акција спроведена во селата Љуботен, Сингелиќ, Визбегово и Арачиново била наменета против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволената сорта тутун „вирџинија“, а не била наменета против локалното население кое се занимава со одгледување и производство на домашен тутун – Мораме да напоменеме дека акцијата беше […]

______________________________________________________________________________________________________

Од понеделник многу топло

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а дневните од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9. Веќе од утре и за време на викендот се најавува […]

______________________________________________________________________________________________________

Судот во Будимпешта не ја одобрил екстрадицијата на Никола Груевски

Судот во Будимпешта не ја одобрил екстрадицијата на екс премиерот Никола Груевски . Како образложение било дадено дека условите од екстрадицијата не биле исполнети, пренесуваат дел од унгарските медиуми. Собраниската расправа за изборот на нови министри тече во тензична атмосфера со обвинувања меѓу власта и опозицијата. Дел од расправата се и поранешниот премиер Никола Груевски […]

______________________________________________________________________________________________________

Џамбаски: Делчев не се борел за независна Македонија, вие сте втора бугарска држава

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски за епицентар.бг тврди дека Гоце Делчев никогаш не се борел за никаква независна Македонија и оти тој не може да биде ништо друго освен Бугарин. Според него, за Бугарија, Македонија никогаш нема да биде ниту северна, ниту јужна, ниту горна ниту долна, туку само една и братска втора бугарска држава на […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсен Блерим Ахмети, братот на Ел Чека

Блерим Ахмети, братот на Ел Чека, кој преку својот профил објавуваше прислушкувани разговори на влијателни членови на ДУИ, денеска е уапсен од страна на полицијата. Ахмети беше организатор на протестите пред неколку дена пред седиштето на ДУИ во тетово, а на истиот присусутвуваа и други членови од семејството на Ел Чека. Полицијата ја разгледува папката […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Не е точно дека Тевдовски е сменет бидејќи не сакал да потпише заем за новиот Клинички центар

Со реплики и контрареплики меѓу власта и опозицијата тече денешната собраниска расправа на која се дебатира за предлозите за нови министри во Владата. Пратениците од опозицијата критикуваа дека предложените министри не влеваат надеж дека ќе бидат подобри од претходните. Според нив, сменети се министри кои според перцепцијата на народот биле најдобри, а останати се оние […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина родилка од сепса во охридската болница

Станува збор за млада жена родилка која со царски рез се породила пред 7 дена на гинеколошкото одление во охридската општа болница при што родила здраво женско бебе. После породувањето била задржана на одделението. Во текот на наредните денови кога требало да биде отпуштена дошло до влошување на состојбата на младата мајка , а откако […]

______________________________________________________________________________________________________

Мајката на Пино откри нови детали за убиството и обвинетата Ангела

Во ексклузивен разговор за Магазин, мајката од убиеното момче Пино, откри до сега необјавени детали за животот на Пино како и детали за убиството и обвинетата, Ангела Ѓорѓиевска. Трпковска одговори и на прашањето дали нејзиниот син бил во врска со Ангела. „Тој не беше со неа, Ангела беше девојка на другар од Пино. Мојот син […]

______________________________________________________________________________________________________

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од полноќ ќе бидат за половина денар поскапи, реши на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката, Дизелот и ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе бидат поскапи за половина денар и ќе се точат за 60.5 денари дизелот и 69,5 денари за 98 октанскиот СУПЕР. Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 нема да се […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Смената на Тевдовски е тргање на маската, зад која сега и официјално стои Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес беше во посета на Љубанци каде што присуствуваше на традиционалниот ручек во организација на УМС во манастирот Св. Јован. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се осврна на најновиот предлог на владиниот состав, истакнувајќи дека сега парите директно ќе продолжат да одат кај Вицето, по покуса патека. -Како најпрви ќе го […]

______________________________________________________________________________________________________

Стоилковски: Метлата стана пердув

Метлата се претвори во магла. Метлата стана пердув за купување на време за Зоран Заев. Огромно разочарување по кое се отвора директна можност сите пари да се слеваат кај Вицето и Зоран Заев. Во Македонија ќе продолжи да се краде, ќе продолжи криминалот на власта, ќе продолжат тендерите во 4 очи. Она кое што ВМРО-ДПМНЕ […]

______________________________________________________________________________________________________

Петар Атанасов со отворено писмо до Заев: Поднесувам оставка од заменик-министер

Петар Атанасов, заменик-министер во Министерството за образование преку статус на „Фејсбук“ и отврено писмо до премиерот Зоран Заев објави дека поднесува оставка од функцијата, детално образложувајќи на што се должи оставката. Тој во писмото тврди дека „освен многуте и бескрајни формалности во работата на Министерството, не се случило ништо позначајно“. „И тоа што навидум се […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Очекуваме целосен успех во октомври, со конечна одлука за почеток на преговорите

По средбата на министрите на земи членки на ЕУ во Луксембург, каде беше одлучено на Македонија и на Албанија да не им се даде датум за преговори засега, па прашањето за двете земји да се отвори најдоцна до октомври, премиерот Заев се огласи на фејсбук и напиша дека добивме јасна потврда за реформите кои ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Милошоски: Седум членки на ЕУ биле против датум за преговори на Македонија и Албанија

На денешниот ЕУ Совет седум членки биле против датум за преговори со Македонија и Албанија: Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија. Дванаесет членки биле за преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, Италија, Словенија, Хрватска, Белгија, Романија Естонија, Латвија, Литванија. Грција и другите воздржани! – напиша поранешниот министер за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ […]

______________________________________________________________________________________________________

Метеоролозите со вонредни најави за попладнево – од петок промена на времето

Времето претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а максималната од 25 […]

______________________________________________________________________________________________________

Османи и Димитров: Се надевавме на повеќе, но ќе бидеме задоволни на есен кога ќе ја добиеме одлуката

Ги добивме заклучоците од Советот за општи работи од Луксембург вчера во кои ја вреднуваат и ја признаваат нашата реформска агенда, но и нашата нова надворешна политика што не трга поглед од проблемите, туку ги решава. Ќе бидеме задоволни кога ќе ја добиеме и одлуката на есен и кога ќе бидеме во организација на првата […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Нема датум оти со Заев не ја бива државата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прослава во Македонската филхармонија, по повод 29-годишнината од основањето на партијата, во својот говор рече дека датумот за почеток на преговори со ЕУ не ни е доделен „не затоа што Европа не нè сака, туку затоа што владата не ја бива“. – „Заев е на колена и во сопственото […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев најави за кого ќе „ заигра” метлата

Претседателот на СДСМ и на Владата Зоран Заев од Охрид истакна дека реконструкцијата на Владата ќе значи смени на осум министри, како и нови кадровски решенија за раководни функции на дваесетина државни и јавни претпријатија. Заев пред јавноста појасни дека првичниот концепт за реконструкција на Владата, кој не исклучуваше можност за предвремени избори или враќање […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1