Archive | Македонија RSS feed for this section

Лукровски: локалната власт мора да обезбеди подобар живот за карпошани

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски во поткаст организиран на една од социјалните мрежи, ја претстави својата визија за иднината на општината. Лукровски нагласи дека проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Карпош не се соодветни на современото време и дека локалната власт мора да обезбеди подобар живот за […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИГИТАЛНА РЕВОЛУЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска го отвори Западнобалканскиот дигитален самит 2025 во Скопје, каде што покрај него присуствуваа претставници на Европската Унија, министри од регионот и бројни експерти од областа на технологијата. Самитот има за цел да ги промовира дигиталните иновации и да ја истакне важноста на дигитализацијата како мотор за економски развој и подобрување на […]

______________________________________________________________________________________________________

МЕЏИТИ ВЕТИ НОВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕНЕЌЕ МААЛО за 1.300 ученици

Во Чаир ќе се гради ново модерно училиште во населбата Тенеќе Маало, најави кандидатот за градоначалник од Вреди, Изет Меџити. Според него, објектот ќе го носи името „Викторија“ и ќе обезбеди достоинствени услови за околу 1.300 ученици. Училиштето ќе има површина од 4.700 квадратни метри со 54 училници, осум кабинети и две современо опремени лаборатории. […]

______________________________________________________________________________________________________

80.000 ВАКЦИНИ ЗА СЕЗОНСКИ ГРИП Имунизацијата ќе започне по 15 октомври

Набавени 80.000 вакцини против сезонски грип – имунизацијата традиционално ќе почне во втора половина на месецов, информира Министерството за здравство (МЗ). „Потпишан договор за набавка на 80.000 вакцини против сезонски грип. Во тек на следна недела се очекува да пристигнат вакцините, по што традиционално, имунизацијата против грип ќе почне во втората половина на месецов. Годинава […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Власта шири лаги за СДСМ бидејќи нема проекти и европски реформи

ВМРО-ДПМНЕ сака контролирано, а не реформирано судство, вели опозицискиот лидер. Филипче и денеска тврди дека власта не спроведе ниту една реформа од европската агенда, па кога нема со што да се пофали, шири лаги за опозицијата. СДСМ нема соработка ниту со ДУИ, ниту со Левица, но Филипче вели дека нема да се изненади ако по […]

______________________________________________________________________________________________________

Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски најави нови проекти во Општина Аеродром Еден од првите проекти што ви ги претставувам како дел од мојата програма е редизајнот на ова вкрстување меѓу булеварите „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Јане Сандански“ со улиците „Руди Чаевац“ и „Симеон Кавракиров“. Оваа точка ќе ја решиме […]

______________________________________________________________________________________________________

Прв академски час на студентите на УКИМ

Бруцошите дојдоа на својот прв академски час – некои ја избрале својата идна професија водејќи се уште од детските мечти, некои пак бирале врз основа на тоа што е барано на пазарот на труд. Во оваа нова академска година на УКИМ, најголем интерес младите изразиле за економските науки каде се запишале 707 студенти. Втор по […]

______________________________________________________________________________________________________

Цигарите поскапуваат за 10 денари

Од 29 септември, цените на цигарите во земјава зголемија за околу 10 денари по пакување, но поради постоечки залихи од претходната цена, потрошувачите засега не го чувствуваат целосното поскапување. Производителите најавуваат дека во наредните денови ќе следи целосен пренос на новата цена до продажните места, што ќе значи „ценовен шок“ за пушачите. Поскапувањето се однесува […]

______________________________________________________________________________________________________

Одложен изборот на нов претседател на Советот на јавни обвинители

Советот на јавните обвинители денеска ја одржа 28-та седница на која донесе одлука за престанок на функцијата претседател на Советот Душица Димитриеска, поради истек на мандат на 1 октомври годинава, а изборот на нов претседател го одложи додека траат локалните избори, така што до изборот на нов претседател со Советот на јавните обвинители ќе раководи […]

______________________________________________________________________________________________________

Божиновска на „Јас сум жена“: Нашата визија е јасна – да произведуваме доволно енергија за сопствени потреби

Да се гради институција од почеток е искуство што многу личи на градење куќа. Прво треба да поставите здрави темели – визија, структура и луѓе кои веруваат во таа визија. Потоа ги кревате ѕидовите – процеси и тимови кои ќе функционираат ефикасно и транспарентно. Но најважно е покривот – вредностите што ќе ја заштитат и […]

______________________________________________________________________________________________________

Започна кампањата за локалните избори – ќе трае до 19 октомври

Прв ден од дваесетдневната изборна кампања за Локалните избори 2025 закажани за 19 октомври. Партиите и коалициите почнуваат со официјалните изборни активности.  Изборната кампања започна на полноќ и ќе трае дваесет дена односно до 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи […]

______________________________________________________________________________________________________

Осветување на храмот „Свети Константин и Елена“

Со ѕвонење на камбаната, утрово во 8:30 часот почна церемонијата на осветување на храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје. Пред голем број граѓани, верници, високи владини функционери, пратеници, претставници на политички партии и на дипломатскиот кор кои присуствуваат на свечениот чин, најпрво беше изведена “достојно ест” од страна на свештениците, по што […]

______________________________________________________________________________________________________

Среќата ја одбра Битола — нов автомобил FORD KUGA од инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија!

Во семејството на добитници од инстант лотаријата на Државна лотарија се приклучи нова среќна добитничка — К.Т. од Битола, која со еден изгребан лоз го освои својот нов автомобил FORD KUGA од инстант лозот „Титаниум“. „Редовно играм, но првпат добивам. Овој пат среќата дојде и кај мене“, ни сподели К.Т. со насмевка. Нејзината добивка не […]

______________________________________________________________________________________________________

Од вечерва на полноќ почнува кампањата за локалните избори

Од денеска на полноќ почнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември). Локалните избори на 19 октомври годинава ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На Локалните избори […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска МПЦ ќе го освети храмот „Свети Константин и Елена“

По 13 години од почетокот на изградбата, денеска ќе биде осветен храмот посветен на светите цар Константин и царица Елена на улица „Македонија“ во центарот на Скопје. Осветувањето ќе го изврши архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од МПЦ-ОА со почеток во 08:30 часот. Од МПЦ-ОА ги повикаа верниците […]

______________________________________________________________________________________________________

Дождливо време, температура од 13 до 21 степен

Времето во текот на денот се очекува да биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со ретки грмежи. Според синоптичарите, ќе дува слаб со умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен Целзиусов. Во Скопје, […]

______________________________________________________________________________________________________

Министерката Божиновска говорничка на Конференцијата „Јас сум жена“

Четврта глобална лидерска конференција „Јас сум жена“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас сум жена“. Конференцијата е поделена на пет панел-дискусии и тоа: Македонки во рурални средини, Македонки во нетипични професии, Македонки во енергетика, Македонки во светот, Мајките за Македонија и Мајките за […]

______________________________________________________________________________________________________

Сиљановска-Давкова за злонамерните написи: Фотографијата со Доналд и Меланија Трамп е автентична

Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп, реагираше претседателката на државата Гордана Силјановска – Давкова. – Написите на одредени медиуми дека станува […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1