10/05/2019 14:32
•
Posted by: MK News
Не е постигнат напредок за законот за јавното обвинителство и на денешната средба на работните групи на Владата и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за правда. Клучното прашање за кое се разговарало, како што рече по средбата министерката Рената Дескоска, е членот 105 односно околу продолжувањето на постапките и користењето на доказите кои се собрани […]
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2019 14:29
•
Posted by: MK News
Власта даде сигнали дека не е задолжително Катица Јанева да остане на позицијата специјален обвинител што е позитивен сигнал во преговорите, тврди Антонио Милошоски по денешниот обид за договор за СЈо, а Рената Дескоска негира, велејќи дека воопшто не се зборувало за Катица и кадровски решенија. По средбата, пратеникот од опозицијата, Антонио Милошоски, на министерката […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2019 13:14
•
Posted by: MK News
Антикорупциската комисија отвора предмети за случаите “Глобал”, “Едно евро за Вицето едно за црквата”. ДКСК не открива повеќе детали за овие предмети кои ги отвара по пријави од ВМРО-ДПМНЕ. Антикорупционерите ќе го истражуваат и случајот со фирма на вицепремиерот Анѓушев во која управител е неговиот брат. Компанијата “Тополки”, добила земјиште во близина на езерото “Лисиче” […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2019 13:01
•
Posted by: MK News
Од денес па натаму територијата на балканот полека ќе подпаѓа под влијание на моќниот циклон Андреа и истата значително ќе ги зачести и интенвизира врнежите од дожд во следните денови локално во регионот се очекуваат и изобилни врнежи од дожд кој би можеле да условат и локални поплавувања и тоа особено во делови од Србија, […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2019 13:00
•
Posted by: MK News
Денеска се навршуваат четири година од оружената пресметка во кумановското „Диво насеље“, што траеше два дена, при што животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи, додека четириесетина беа тешко повредени. Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2019 12:56
•
Posted by: MK News
Антикорупциската комисија денеска одржува седница на која отвори повеќе предмети по чуен глас, по пријави од граѓани и политички партии. Претседателката на Комисијата Билјана Ивановска по пријава на ВМРО- ДПМНЕ отвори постапки за одделни пет предмети за случаи поврзани со власта, и најави уште еден за судир на интереси. Отворени се постапки за предметите „Глобал“, […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2019 12:10
•
Posted by: MK News
Нема никакви поместувања во однос на разликите меѓу власта и опозицијата околу законот за јавно обвинителство, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска, по завршувањето на новата рунда разговори за клучните прашања од реформата на правосудството. -За Министерството за правда не е прифатливо внесување на одредба во законот што ќе значи скриена амнестија, рече Дескоска […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2019 12:07
•
Posted by: MK News
По циклонот Ален кој ја зафати нашата држава изминативе денови и донесе дури и снежни врнежи како и невообичаено ниски температури на воздухот веќе за време на викендот одсносно од недела нашата територија ќе биде зафатена од новиот циклон Андреа, јавува Славчо Поповски. Овој циклон ќе услови нова значителна дестабилизација на времето како и нови […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2019 12:04
•
Posted by: MK News
Реномираниот американски весник „Њујорк тајмс“ објави сторија за посетата на Папата Франциск и неговата посета на земјава. – „Северна Македонија во вторникот доби уште еден сигнал дека речиси три децениската изолација се доближува до својот крај. Папата Францск порача дека Северна Македонија е мост меѓу Истокот и Западот, рече дека нејзината историја на диверзитет добро […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2019 12:02
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека вчера присуствувал на ифтарска вечера во Сараево заедно со премиерот на Албанија, на покана на претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Звидиќ. – Деновите на рамазански пости се потсетник дека милосрдието, почитта, солидарноста, добрината, љубовта и простувањето се вредности кои треба да ги […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2019 11:48
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев го испрати папата Франциск со покана повторно да ја посети нашата земја и со подарок реплика на теракотна икона од археолошкиот локалитет Виничко кале. На иконата е аплициран победничкиот крст на Византискиот император Велики Константин кој го легализирал Христијанството со Миланскиот Едикт од 313 година, соопшти владината прес-служба. Заев во доцните попладневни […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2019 09:44
•
Posted by: MK News
Македонија е портата преку која христијанството влезе во Европа, бидејќи жителите на македонското тло биле првите Европејци на кои апостолот Павле им го пренел христовото учење, изјави поглаварот на Католичката црква, папата Франциск. На прес-конференцијата одржана за време на летот на папскиот авион од Скопје до Рим Папата истакна дека македонскиот народ има голема културно-историска […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2019 22:44
•
Posted by: MK News
Поранешниот премиер кој доби политички азил во Унгарија, Никола Груевски преку Фејсбук информираше дека неговата книга е готова и дека ќе биде достапна на годинешното издание на Саемот на книгата. Книгата е со наслов „Искуство за иднина“, а е во издание на издавачката куќа „Ѓурѓа“. Таа е всушност неговиот докторски труд на тема: ,,Економските ефекти […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2019 21:27
•
Posted by: MK News
Папата се помоли пред споменикот на светата Мајка Тереза и побара нејзина помош за, градот во кој е родена и крстена во католичката црква. Поглаварот во светилиштето на Мајка Тереза побара ширењето љубов да не биде само парола, туку веродостојно да продолжиме да го проповедаме Евангелието кон сиромашните, болните, затворениците и на тој начин ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2019 21:23
•
Posted by: MK News
Папата Франциск во дворот на Меморијалниот центар „Мајка Тереза“ се сретна и благослови граѓани кои припаѓаат на социјални ранливите категории. Една самохрана мајка, му ја раскажа својата тажна приказна и истакна дека кога се нашла во тешка животна ситуација заедно со нејзината ќерка била прифатена од Чесните сестри, иако е од православна вероисповед и упати […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2019 21:20
•
Posted by: MK News
Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск денеска отслужи миса на плоштадот „Македонија“ во Скопје на која присуствуваа околу 15.000 граѓани од земајва, како и верници од странство. Папата упати пораки пораки за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето. Рамнодушноста и клеветите да се заменат со чувствителност и надеж, да се надминат […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2019 21:17
•
Posted by: MK News
Претседателот Ѓорге Иванов за време на денешна средба во „Вила Водно“ на папата Франциск му подари резбан албум со авторски фотографии од христијанското културно-историското наследство на земјава. – Станува збор за албум со авторски фотографии, избрани лично од претседателот Иванов, а врз основа на концепт на релевентни македонски експерти од областа на духовното и културно-историското […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2019 11:29
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев и папата Франциск остварија одделна заедничка средба во рамките на програмата на апостолската посета на Неговата Светост и прв свештеник на Католичката Црква, соопшти Владата. На средбата, уште еднаш беше потврдена вековната духовна врска меѓу папската држава и нашата земја воспоставена со мисијата на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, и […]
______________________________________________________________________________________________________