Archive | Македонија RSS feed for this section

Дива депонија гори во близина на спортскиот центар Борис Трајковски

Во близина на спортската сала „Борис Трајковски“ денеска избил пожар, информираат од Противпожарната брогада на Град Скопје. Наведоа дека пожарот избил на депонија, посочувајќи дека пламените јазли зафатиле отпад и сува треба. На терен се исратени четири возила за гаснење на пожарот.

______________________________________________________________________________________________________

„Воинот на коњ“ ќе се преименува во „Александар Македонски“, ќе стои и табла дека е од античка Грција

Потпаролот на Владата Миле Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање кои споменици ќе бидат преименувани и означени како споменици од античка Грција, рече дека ќе биде формирана комисија која ќе има шест месеци за да утврди кои споменици од античка Македонија ќе се преименуваат и ќе бидат дел од хеленската историја. Комисија ќе изврши контрола на […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети од Бутел: Јас не работам за да победам на избори, туку да направам добри дела за Албанците

Во рамките на кампањата за Претседателските избори 2019, Демократската Унија за Интеграција синоќа одржа собир со жителите на општина Шуто Оризари и Чучер Сандево. Претседателот на ДУИ Али Ахмети во неговиот говор пред присутните даде до знаење дека се созданеди условите за гласање на заеднички кандидат за претседател кој ќе ги престави сите заедници во […]

______________________________________________________________________________________________________

Кон крајот на неделата доаѓа невреме, поројни дождови и грмежи

Променливо облачно време со благо опаѓање на дневните температури и повремени врнежи дожд, најавува УХМР за наредните денови. Кон крајот на оваа и почетокот на идната недела, како што соопшти, локално ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Од четврток до […]

______________________________________________________________________________________________________

Силјановска на јога крај брегот на Охридското Езеро

Гордана Силјановска – Давкова, претседателскиот кандидат поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, го искористи убавиот сончев ден преку практикување јога – вежби на брегот на Охридското Езеро да собере енергија за престојните активности поврзани со предизборната кампања. – Јогата е комуникација со себе, со другите, јогата е размена на позитивна енергија потребна во ова време-невреме. Живееме во […]

______________________________________________________________________________________________________

Ципрас: Спомениците од античка Македонија се дел од античкото грчко минатo

Премиерот на грчката влада, Алексис Ципрас, одговарајќи на новинарско прашање во врска со античките споменици кои беа дел од проектот „Скопје 2014“, рече дека наскоро ќе се затворат дилемите по оваа прашање и дека на нив им е местото во античкото грчко минато. „Верувам дека со започнување на спроведувањето на договорот и климата на доверба […]

______________________________________________________________________________________________________

Партнерката на Ципрас, Бети Базиана положи цвеќе на гробот на Гркот Зорба во Скопје

Бети Базиана, партнерката на грчкиот премиер Алексис Ципрас, денешната историска прва посета на премиер на Грција на нашата држава, ја искористи за да положи цвеќе на гробот на Гркот Зорба на скопските гробишта Бутел. Базиана положи цвеќе на грбот на човекот прикажан преку зборовите на грчкиот писател Никос Казандзакис во романот „Алексис Зорбас“. Георгиос Зорбас […]

______________________________________________________________________________________________________

Два дена по автобуската несреќа „Дурмо турс“ добила тендер за превоз на ученици

Два дена по автобуската несреќа кај селото Ласкарци во која животот го загубија 16 луѓе, автобуската компанија „Дурмо турс“ добила тендер за превоз на ученици. Договорот е склучен на 15 февруари, а дури вчера е објавен на интернет страната на Јавни набавки, пренесува ИРЛ.мк.   Тендерот бил објавен од средното училиште „Неготино“ од селото Неготино […]

______________________________________________________________________________________________________

Се урна Цесна кај Солунска Глава – Четири члено семејство загина

Малиот авион од типот Цесна П210Н кој попладнево беше изгубен од радарскиот систем се урнал кај Солунска Глава, каде и исчезнал од системот. Остатоците од авионот се пронајдени, како и телата на четирите патници – бугарски државјани, информираат од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Татко, мајка и две деца загинале попладнево при падот на малиот авион […]

______________________________________________________________________________________________________

Пендаровски: Само ако сите чекориме напред и државата ќе оди напред

Оваа држава може да оди напред само ако сме сите заедно и ако сите одиме напред. Не може дел да одат напред, дел да назадуваат. Толку малку сме, толку малку луѓе останаа овде по сите голготи и долг период од триесеттина години транзиција што ако не ги собереме сите креативни сили на едно место, не […]

______________________________________________________________________________________________________

Силјановска Давкова: Ќе бидам претседател на сите граѓани на Македонија

Ако бидам избрана за претседателка ќе одберам луѓе кои во вистинска светлина ќе ја претставуваат и нема да ја срамат Македонија по светот. Ќе именувам најдобри правници во Уставниот суд, најстручни луѓе во Советот за безбедност, ќе мислам на најквалификуван гувернер, ќе доделувам одликувања само на најумните, вето ќе ставам секогаш кога Уставот ќе биде […]

______________________________________________________________________________________________________

Ципрас со државни и воени почести пречекан пред Владата

Грчкиот премиер Алексис Ципрас пристигна во Владата каде што со државни и воени почести беше пречекан од премиерот Зоран Заев и владинини министри. Ципрас и делегацијата што го придружува околу 9:40 часот со владин авион пристигнаа на аеродромот Скопје. Го пречека вицепремиерката и минисерка за одбрана Радмила Шекеринска, по што се упати кон Владата. Официјалната […]

______________________________________________________________________________________________________

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ остварија средба со Ципрас

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, денес 02.04.2019 оствари средба со Премиерот на Република Грција господин Алексис Ципрас. На средбата ги искажавме нашите очекувања за поддршка на Република Грција во евроатланската интеграција на нашата држава. Премиерот Ципрас истакна дека не само што ќе не поддржат туку и ќе се заложат да […]

______________________________________________________________________________________________________

Горивата поскапуваат од полноќ

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,39, односно за 2,09 отсто. Малопродажна […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски: Најверојатно Кацарска брзаше да ме осуди од љубов

Осудениот екс премиер, Никола Груевски, од Будимпешта, каде се наоѓа во бегство, ги коментира судските постапки кои се водат во земјава за него и за актуелниот премиер, Зоран Заев. Тој вели дека судијата Добрила Кацарска и Апелациониот суд брзаа да го осудат него, додека, според Груевски, ги одолговлекуваат пресудите за Заев во случајот „Поткуп“. „Најверојатно […]

______________________________________________________________________________________________________

Националната арена „Филип Втори“ ќе се преименува во „Тоше Проески“

Националната арена „Филип Втори“ ќе биде прекрстена и ќе го носи името на легендата на поп музиката Тоше Проески, неофицијално потврдиле од Владата за Плусинфо. Како што пишуваат, од АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор (АДСДП), потврдија дека поднеле иницијатива до Владата за преименување на стадионот. Оттаму додаваат дека за […]

______________________________________________________________________________________________________

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Апелацискиот суд Скопје ја одби како несонована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Поткуп“ во кој беше обвинет премиерот Зоран Заев и ја потврди ослободителната пресуда на Кривичниот суд. -Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-27/18, во јавноста познат како „Поткуп“, по одржана нејавна седница, донесе […]

______________________________________________________________________________________________________

Ципрас доаѓа во историска посета на земјава – ќе се потпишат 10-сетина договори

Со набиена агенда и високи очекувања грчкиот премиер доага Скопје. Во интервју за Миа Ципрас вели дека се работи за историска посета со која ке се зацврснат односите мегу двете земји. Преспанскиот догвор не го реши само спосорот со името и ги отври вратите за евро-атланстаката песрпектива на соседот туку воспостави темели за нови стратечки […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1