Archive | Македонија RSS feed for this section

Села по средбата со Заев: СЈО да продолжи со работа и да се формира специјален суд

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, по денешната средба со премиерот Заев и министерката за правда, Рената Дескоска, го кажа својот став околу законот за Јавно обвинителство. – „На средбата зборувавме околу актуелната ситуација за СЈО, поточно законот за Јавно обвинителство, кој за цел има да се инкорпорира внатре во овој закон. Ние како […]

______________________________________________________________________________________________________

Апелација ја намали казната – Четири години затвор за Јанкулоска

Апелациониот суд Скопје делумно ги уважи жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска за предмет „Тенк“ на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од четири години. Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди. – Постапувајќи по кривичниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Антикорупциска: Синот на Стојчевска не ги исполнувал условите за да биде вработен во ЕЛЕМ

Предметите кои Антикорупциска ги отвори за вработувањата на роднините на функционерите се веќе при крај. Според информациите на ТВ 24, антикорупционерите констатирале неправилост при вработувањето на синот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска кој е вработен во ЕЛЕМ. Според истите извори, синот на пратеничката не ги исполнил условите што биле предвидени со конкурсот за вработување. […]

______________________________________________________________________________________________________

Законите што ги врати Иванов ќе го чекаат потписот на новиот претседател

Законите кои претседателот Ѓорге Иванов ги врати во Собранието, и вчера повторно беа изгласани, ќе бидат испратени кај шефот на државата, но ако повторно не ги потпише, ќе биде закажана нова собраниска седница во рок од 30 дена од нивното носење, најави денеска претседателот на законодавниот дом Талат Џафери. За законите, пак, што Иванов ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Миле Јанакиески поднел претставка до Хелсиншкиот комитет за човекови права

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески има поднесено претставка до Хелсиншкиот комитет за човекови права, до Коалиција Сите за правично судење и до Македонско здружение на млади правници и повторно се жали на тоа дека не можел соодветно да ја подготви својата одбрана поради должината на судските рочишта. Ова на денешната прес-конференција го […]

______________________________________________________________________________________________________

Со попусти на целиот асортиман, „Мр. Бриколаж“ го слави 7-миот роденден

Францускиот ланец на хипермаркети во Македонија, „Мр. Бриколаж“ прославува седум години функционирање на маркетот во Македонија. Традиционално и овојпат својот роденден го прославува со своите купувачи,наградувајќи ја нивната лојалност со намалување на цените. Во периодот од 28 до 31 март,цените на целокупниот асортиман, освен артиклите во каталогот се намалени за одлични 20%. Високите стандарди, пријателската […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови преговори за иднината на СЈО, ВМРО – ДПМНЕ интервенира во предлог законот со 65 амандмани

ВМРО-ДПМНЕ испрати 65 амандмани за законот за СЈО, за утре во министерството за правда е закажана нова рунда преговори помеѓу власта и опозицијата. Од партијата на Мицкоски потврдуваат дека амандманите се базираат на трите принципи кои ги објавија и претходно: имплементација на меѓународните стандарди, заштита на основните човекови права и независност, отчетност, ефикасност и ефективност […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата реагира на кршењето на Преспанскиот договор

Владата остро ги осудува националистичките провокации на воените паради во Атина и Солун .Спротивно на духот на преспанскиот догвор, грчките војници, поддржани со скандирање од публиката, го свиреа маршот Македонија славна. Паралелно со ваквите инциденти, Атина и Скопје продолжуваат да работат на ревизија на учебниците согласно преспанскиот договор. Заменикот министер за надворешни работи Боларис најави […]

______________________________________________________________________________________________________

Одбраната за „Маѓар Телеком“ побара да сведочи Бучковски

Ексразузнавачот Слободан Богоевски, кој денеска требаше да сведочи за случаjот „Маџар телеком“, не дојде на рочиштето во Кривичниот суд. Тој го известил судот дека е спречен да присуствува на денешното рочиште поради обврски во работна група во Владата. Неговото сведочење ќе биде дополнително закажано, а денеска бранителот на Атила Сендреи побара да биде сослушан поранешниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Ако не и бил хакиран профилот војникот Лазаровска ќе лежи 5 години затвор

Освен што може да биде избркана од АРМ поради нарушување на угледот на Армијата, војникот Татјана Лазаровска можно е и кривично да биде гонета за говор на омраза откако од нејзиниот Фејсбук побара Нобелова награда на напаѓачот од Нов Зеланд, кој во терористички напад уби 50. лица. Според информации од МВР, за Лазаровска се постапува […]

______________________________________________________________________________________________________

Антикорупциска отвори постапки за судии

Антикорупциска отвара постапки за петмина судии на кои ќе им ја проверува имотната состојба. Се отвараат постапки за судиите Владимир Панчевски, Александра Зафирова, претседателот на Врховен Суд Јово Вангеловски и Софија Лаличиќ Костова. Од Антикорупциска се решиле да отворат постапка против судиите, по извештајот за човекови права на американскиот Стејт Департмент. Антикорупционерите велат дека причина […]

______________________________________________________________________________________________________

Температурите паѓаат на -7 °C – Подгответе се за леден бран

Студениот бран кој од денеска ја зафати територијата на Македонија и во текот на следните денови и тоа особено во петок и сабота на повеќе места ќе услови негативни минимални температури на воздухот лошо ќе влијае врз земјоделските култури и тоа поради тоа што се во фаза на развивање (цутење) и тоа поради невообичаеното топло […]

______________________________________________________________________________________________________

Се огласи војникот Татјана: Јас сум православен христијанин и не се повикувам на убиства

Покрената е дисциплинска иницијатива за професионалниот војник Татјана Лазаревска, велат од Генералштабот на АРМ, откако беше критикувана од јавноста заради статусот „Нобелова награда за храброст да му се даде на „напаѓачот“ човекот во Нов Зеланд “. Според Законот за служба во АРМ, точно е одредено колку трае дисциплинската постапка и кои се нејзините чекори. Согласно […]

______________________________________________________________________________________________________

Правда тврди: Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ пристигнале по крајот на дуелот

Амандманите за законот за јавно обвинителство на ВМРО-ДПМНЕ вчера вечерта по завршувањето на ТВ дуелот меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пристигнале до Министерството за правда. -Вчера вечерта по завршувањето на ТВ дуелот пристигнаа амандманите до министерката Дескоска, потврдија утрово за МИА од Министерството за правда. Мицкоски вчера на ТВ […]

______________________________________________________________________________________________________

Таткото на Филип: Сега е моето дете, но утре може да биде било кое, правда мора да има

Мојот син Филип Филиповски е опериран, остана без левиот бубрег, извадена му е и слезината. Целиот живот ќе ги сноси последиците од повредите и сето тоа секако ќе се одрази и врз квалитетот на неговиот живот. Ако некој кој го познава, го прашате какво момче е тој, без многу размислување ќе ви каже дека Филип […]

______________________________________________________________________________________________________

Законите што не ги потпиша Иванов денеска повторно пред пратениците

Законите кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати во Собранието, меѓу кои и за заштита од дискриминација, за ОТА и електронски комуникации, денеска повторно треба да се најдат пред пратениците. Се очекува овие закони откако повторно ќе бидат изгласани во Собранието, да бидат објавени во Службен весник. Владејачките СДСМ и ДУИ […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев и Мицкоски со меѓусебни пораки и по тв дуелот

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по два и полчасовниот тв дуел, синоќа си упатија меѓусебни пораки и преку Фејсбук. -СЈО е веќе создаден институционален капацитет и нема потреба да го уништуваме. Напротив, како него треба да се водат сите други. Затоа со новиот закон, СЈО, ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Студено и облачно време со услови за дожд

Времето во земјава ќе биде променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура од седум до 17 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1