Archive | Македонија RSS feed for this section

Ќе се додава „Северна“ – Симнати буквите „Влада на Република Македонија“

По добивањето на Вербалната нота со која Атина денеска ќе го информира Скопје дека се ратификувани Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, и исполнувањето на сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, почнува примената на новото име Република Северна Македонија. Во меѓувреме, почнаа и практичните подготовки […]

______________________________________________________________________________________________________

Табла со „Република Северна Македонија“ поставена на ГП Богородица

Порталот „24 Инфо“ објави фотографија од таблата со новото уставно име, која веќе е на граничниот премин Богородица, но се уште не е поставена. Таблата според Преспанскиот договор треба да биде замена за старата на граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница. Промената на името прво ќе почне на граничните премини, а потоа и на институциите […]

______________________________________________________________________________________________________

Уште еден смртен случај од морбили: 13-месечно бебе почина на Детска клиника, трета жртва досега

13-месечно бебе од тетовско почина на Детската клиника. Ова е третото дете жртва на морбилите. Состојбата станува алармантна. Министерството за здравство соопшти дека синоќа на Клиниката за детски болести починало 13-месечно дете од тетовскиот регион од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници), кое претходно не било вакцинирано. Министерството за здравство во соопштението изразува жалење за […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина 13-месечно дете поради компликации од морбили

Министертвото за здравство ја известува јавноста дека вчера (9 февруари 2019) во попладневните часови почина уште едно дете од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести во Скопје. Станува збор за 13 месечно дете од Свети Николе, кое и предходно имало други здравствени проблеми. Ова е второ дете кое почина од […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО – ДПМНЕ бара неотповиклива оставка од министерот Адеми

СДСМ продолжува со системско уништување на културата во Република Македонија. Ако мината година Годишната програма на Министерството за култура беше скандалозна, тогаш овогодинашната програма е трагична. Станува збор за општ грабеж на народните пари. Криминалната и одредена власт, предводена од аболицираниот Заев, уште еднаш покажа дека не бира ниту метод, ниту начин како да стигне […]

______________________________________________________________________________________________________

Граѓаните бараат мерки од владата против загадувањето: Дишеме отров!

Додека ни снемува чист воздух, донесувачите на одлуки и годинава не испорачаа соодветен буџет и сеопфатна стратегија за горливиот проблем со загадувањето. Во моментот Македонија е четврта земја во светот, а втора во Европа, по заболување од канцер на белите дробови, велат од „Канцерогено општество” кои денеска потворно протестираат за чист воздух. Тие истакнуваат дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Започнува евиденцијата на УЈП на банкарските сметки на граѓаните

Правилникот од Министерството за финансии за доставување на податоци од банките до Управата за јавни приходи за парите, вклучувајќи ги и девизите, кои поединците ги добиваат од земјата и од странство стапи на сила. Со тоа УЈП преку обрасците што ќе ги добива директно од банките ќе ги следи сметките на сите физички лица што […]

______________________________________________________________________________________________________

Пари од министреството добиле фирми формирани два дена пред конкурсот

Само фирмите од Тетово, кои претежно аплицирале за организации на концерти и фестивали на годинешниот конкурс, за кој премиерот Зоран Заев рече дека ќе биде поништен, имаат добиено конкурси од над 8 милиони денари или 133 илјади евра. Со тоа фирмите од Скопје и Тетово се на врвот на листата по добиени најмногу проекти од […]

______________________________________________________________________________________________________

Се огласи и министерот за култура Адеми: За мене функцијата министер не е света

Многу прашина се крена околу Министерството за култура и доделувањето на финансии за одредени културни настани и концерти низ Македонија. Познати фестивали не добија пари од министерството, што го навлече гневот на граѓаните низ Македонија. Министерот за култура, Асаф Адеми, истакна дека во ниту еден момент не вршел притисок за избор на некој проект.

______________________________________________________________________________________________________

Џафери: Не влијаев мојот баџанак да биде дел од Антикорупциската комисија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери на денешната прес-конференција, по изборот на членовите на Антикорупциската комисија рече дека немал никакво влијание во однос на изборот на неговиот баџанак за член на Комисијата и дека нивната релација нема да влијае врз работата на телото. – Одговорот ќе биде во контекст на тоа „како вашиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Распишани се шестите претседателски избори

Претседателот на Собранието,Талат Џафери пред малку стави потпис на решението со кое ги распиша претседателските избори. Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 21 април,а вториот круг на 5 мај . Претходно премиерот Заев изјави дека е можен консензуален претседателски кандидат , а за себе рече дека би бил идеален кандидат , но […]

______________________________________________________________________________________________________

-Меѓународните институции го признаваат македонскиот јазик и идентитет и верувам дека со дописот што го испративме ќе го корегираат. Некогаш се случуваат грешки, веројатно и во делот на формулацијата, некојпат за сите е новина, па и за меѓународната заедница, исто така, е новина сето тоа што се случува во делот на Северна Македонија – новото име на нашата земја, што се надевам ќе биде и во функција после гласањето во грчкиот Парламент. Затоа што самото користење и на новото име кај нас, различно од идентитетските прашања како Македонци, кои зборуваме македонски јазик, а ќе бидеме од Северна Македонија треба јасно да се разграничи. Постојат веќе формулирани, готови протоколи каде тоа се објаснува и на сите меѓународните организации, рече Заев на новинарско прашање по посетата на клиниката за неврологија. Тој потсети дека нашата земја веднаш по ратификацијата на Протоколот треба да испрати писмо до 193 членки на ОН, во кое ќе бидат објаснети сите аспекти на употребата на новото име. Дел од јавноста во Македонија се побуни што завчера, за време на церемонијата на потпишување на пристапниот Протокол за НАТО, Алијансата прв пат, не го искористи зборот “македонски јазик” на својата веб страница, и покрај тоа што секогаш досега го користела.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ја утврди предлог листата за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Билјана Ивановска, Горан Трпеновски, Шемши Салаи се кандидатите за новиот состав на новата Антикорупциска комисија. За претседател на […]

______________________________________________________________________________________________________

Со допис до НАТО побарано исправка за користењето на терминот „македонски јазик”

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е испратен допис до Алијансата со кој се бара корекција во делот на користење на терминот „македонскиот јазик” на веб страницата на НАТО-Алијансата. -Меѓународните институции го признаваат македонскиот јазик и идентитет и верувам дека со дописот што го испративме ќе го корегираат. Некогаш се случуваат грешки, веројатно и во […]

______________________________________________________________________________________________________

Регистрирани 1.252 заболени од грип, два смртни случаи за три дена

Во текот на изминатата недела (од 28 јануари до 3 февруари), се регистрирани 1.252 заболени од грип, што е речиси двојно зголемување споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 643 заболени од грип. Се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување на пик на сезоната на грип во текот на следните недели, се […]

______________________________________________________________________________________________________

Шестмесечно бебе почина од морбили на Клиниката за инфективни болести

Детето било во лоша состојба поради заразата од морбили развило висока температура а имало и проблеми со срцето и белите дробови. Шестмесечното бебе е прва жртва од морбили во Македонија. Уште две деца на Инфективната клиника заразени со морбили се во критична состојба . Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни […]

______________________________________________________________________________________________________

Шекеринска: Членството во НАТО ќе не чини 1,2 милиони евра, најголем дел одат за нашата армија

Котизацијата за членството на Република Македонија во НАТО годишно ќе ја чинат земјата 1,2 милиони евра, изјави вечерва вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. -Според разговорите кои што ги имавме во НАТО, проценките, калкулациите, негде околу 1,2 милиони евра ќе придонесува Македонија во буџетот за НАТО. Тоа не е голема сума. Факт е дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Субвенции од Градот Скопје за современи еко уреди за затоплување

Град Скопје првпат досега распишува јавен повик за субвенционирање инвертер клима уреди и други современи уреди за затоплување на домаќинствата. -За секој купен инвертер клима уред, секој заинтересиран граѓанин кој ќе ги исполни условите за субвенционирање ќе има можност да добие половина од вкупната вредност на уредот, но не повеќе од 15.000 денари, рече на […]

______________________________________________________________________________________________________

25 годишна девојка од Охрид починала поради компликации од свински грип.

Уште една жртва на свински грип во Македонија. По петгодишното девојче кое почина на Детската Клиника, здравствените власти денеска потврдија дека опасниот вирус земал уште еден човечки живот. Станува збор за 25 годишна девојка со Даунов синдром. 25 годишна девојка од Охрид завчера починала на КАРИЛ поради компликации од свински грип. Пациентката на Клиниката за […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1