14/02/2019 10:17
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев ќе побара од сите роднини на функционери на СДСМ кои изминатиов период биле вработени во државни институции и компании да се повлечат од местата. Ова го изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во гостување на телевизија Телма. -Зошто токму сега огласи? Ќе повторам, затоа што институциите имаат реална потреба […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2019 10:00
•
Posted by: MK News
Сам го извадив син ми од автобусот. Ми се јави на мобилен, само рече„не знам што се случи, имавме несреќа“. Веднаш тргнав од Гостивар кон Карпалак и го извадив син ми од автобусоу, ужасно беше, раскажува за трагедијата за 24 инфо гостиварец, кој својот повреден син го однел во Ургентниот центар. Момчето треба да биде […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2019 09:40
•
Posted by: MK News
Општина Неготино ги информира граѓаните дека поради денешниот трагичен настан кој ја потресе цела држава се откажуваат сите планирани настани и активности по повод „Свети Трифун. Општина Неготино, градоначалникот Тони Делков и Советот на Општината до семејствата на загинатите упатуваат сочуство за нивната огромна загуба. Културно-забавниот дел се откажува и во Демир Капија. Ќе се […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2019 09:20
•
Posted by: MK News
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во вечерашната анализа на тв 24 рече дека компанијата „Дурмо турс“ ја имала потребната лиценца за работа и дека нивните возила редовно ги поминувале техничките прегледи.
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2019 00:07
•
Posted by: MK News
Сочувство од Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по големата трагедија која ја потресе цела земја: Со длабоко жалење и тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи попладнево. Во овие тажни мигови дозволете да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници. Моите мисли се со […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 23:58
•
Posted by: MK News
Меѓу починатите, како што потврди СДСМ за МИА, е и 25-годишниот Јовица Трпевски, син на пратеникот од оваа партија Благојче Трпевски од Гостивар. Имињата на 14-те загинати се уште не се соопштени зашто во тек е нивна идетификација на Институтот за судска медицина.
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 23:57
•
Posted by: MK News
Загинати се 14 патници, а многумина се борат за својот живот. Ова е билансот од трагичната автобуска несреќа која денеска околу 17 часот се случи на автопатот Скопје – Тетово, во близина на Ласкарци. -Сочувствуваме со тагата на семејствата на загинатите во тешката сообраќајна несреќа. – изјави премиерот Заев. Тој истакна дека црниот биланс од […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 23:46
•
Posted by: MK News
Со длабоко жалење и неверување ја примив страшната вест за автобуската сообраќајна несреќа. Искрено сочуство до семејствата на оние кои ги загубија животите, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. ,,Со длабоко жалење и неверување ја примив страшната вест за автобуската сообраќајна несреќа. Искрено сочуство до семејствата на оние кои ги загубија […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 23:43
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи постојано се објавуваат понуди за помош на семсјтсвата на анстраданите патници во автобуската сообраќајна несреќа кај Карпалак. Сочувствувајќи со болката на настраданите, загинати и повредени, голем број луѓе ги ставаат своите телефони и адреси и нудат сместување во близина на градската болница, топли оброци, но и дарување крв. Директорот на Градска болница, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 23:42
•
Posted by: MK News
Советот на Општина Гостивар утре напладне ќе одржи вонредна седница по повод трагичниот настан кој се случи како последица на сообраќајна незгода, при што загинаа 13 лица, а околу триесетина се повредени. Како што соопштија од Општина Гостивар, се очекува советниците да донесат одлука за прогласување на тридневна жалост во знак на почит кон загинатите. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 23:41
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил изрази сочувство за загинатите во тешката сообраќајка што се случи попладнево на патот Скопје – Тетово, кај Карпалак. -Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да бидат утеха за тешката сообраќајна несреќа која беше кобна за повеќемина наши сограѓани. Сочувствуваме со најблиските за нивните загуби. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 23:38
•
Posted by: MK News
Владата на Република Северна Македонија вечерва во 22:30 часот ќе одржи вонредна седница по повод тешката сообраќајна несреќа која се случи на патниот правец Скопје – Тетово. Претседателот на Владата, Зоран Заев во текот на утрешниот ден ќе ги посети повредените кои се наоѓаат во болницата.
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 23:33
•
Posted by: MK News
Јовица Трпевски, син на пратеникот од СДСМ Благојче Трпевски е еден од загинатите во трагичната автобуска несреќа кај Карпалак, јавува Сител Засега официјалните информации за исходот од немилиот настан е дека 13 лица се загинати, а осуммина се борат за живот. Телата на седум починати се пренесени во судска медицина каде ќе биде извршена обдукција. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 22:07
•
Posted by: MK News
Трагично е што во несреќата има 13 загинати и 30-тина повредени. Автобусот на ‘Дурму турс’ кој патувал кон Тетово околу 16.45 часот изгубил контрола, излетал од патот и се превртел. Најмногу од повредените се пренесени на скопските клиники, двајца се во тетовската клиника, а еден повреден во гостиварската, изјави Ангеловски. Тој апелираше да не се […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 22:03
•
Posted by: MK News
Заменик-министерот за здравство Асим Муса изјави предмалку дека бремената жена која била патничка во автобусот е во стабилна состојба. Четворица патници од автобусот што попладнево се преврте на автопатот Скопје-Тетово се борат за живот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Тој информира дека во несреќата загинале 13 патници, од кои 7 на самото место. Според […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 22:00
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, соопшти дека сите патници во автобусот кој попладнево падна во бездна на излезот од Скопје кај месноста Карпалак, а потоа се преврте, се од Гостивар. Засега не е познат нивниот идентитет, ниту возраста. Возачот на автобусот на компанијата „Дурмо Турс“ е во добра здравствена состојба, ќе му се земе крв […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 21:59
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство Венко Филипче од Градската општа болница „8 Септември“ вечерва замина на Институтот за судска медицина каде треба да бидат идентификувани лицата што починаа во тешката сообраќајка кај Карпалак. Пред да замине Филипче уште еднаш рече дека засега бројката на починати е 13. Од овие лица седум го загубиле животот на местото на […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2019 21:54
•
Posted by: MK News
Директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов вечерва на роднините на повредените во тешката сообраќајка кај Карпалак им ги прочита имињата на згрижените пациенти. Уште еднаш нагласи дека пет лица се починати од кои три по неуспешната реанимација, но нивниот идентитет сеуште се утврдува. Од починатите четири се мажи, а едно е женско лице. Вкупно […]
______________________________________________________________________________________________________