Archive | Македонија RSS feed for this section

Вонредна седница на Владата

Владата на Република Северна Македонија вечерва во 22:30 часот ќе одржи вонредна седница по повод тешката сообраќајна несреќа која се случи на патниот правец Скопје – Тетово. Претседателот на Владата, Зоран Заев во текот на утрешниот ден ќе ги посети повредените кои се наоѓаат во болницата.

______________________________________________________________________________________________________

Во автобуската несреќа загина син на пратеник од СДСМ

Јовица Трпевски, син на пратеникот од СДСМ Благојче Трпевски е еден од загинатите во трагичната автобуска несреќа кај Карпалак, јавува Сител Засега официјалните информации за исходот од немилиот настан е дека 13 лица се загинати, а осуммина се борат за живот. Телата на седум починати се пренесени во судска медицина каде ќе биде извршена обдукција. […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР повика да не се шпекулира, детали за причините за несреќата ќе се знаат после увидот

Трагично е што во несреќата има 13 загинати и 30-тина повредени. Автобусот на ‘Дурму турс’ кој патувал кон Тетово околу 16.45 часот изгубил контрола, излетал од патот и се превртел. Најмногу од повредените се пренесени на скопските клиники, двајца се во тетовската клиника, а еден повреден во гостиварската, изјави Ангеловски. Тој апелираше да не се […]

______________________________________________________________________________________________________

Бремената жена е во стабилна состојба – четворица патници се борат за живот

Заменик-министерот за здравство Асим Муса изјави предмалку дека бремената жена која била патничка во автобусот е во стабилна состојба. Четворица патници од автобусот што попладнево се преврте на автопатот Скопје-Тетово се борат за живот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Тој информира дека во несреќата загинале 13 патници, од кои 7 на самото место. Според […]

______________________________________________________________________________________________________

Сите загинати патници од автобусот на смртта се од Гостивар

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, соопшти дека сите патници во автобусот кој попладнево падна во бездна на излезот од Скопје кај месноста Карпалак, а потоа се преврте, се од Гостивар. Засега не е познат нивниот идентитет, ниту возраста. Возачот на автобусот на компанијата „Дурмо Турс“ е во добра здравствена состојба, ќе му се земе крв […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Институтот за судска медицина се идентификуваат телата на загинатите

Министерот за здравство Венко Филипче од Градската општа болница „8 Септември“ вечерва замина на Институтот за судска медицина каде треба да бидат идентификувани лицата што починаа во тешката сообраќајка кај Карпалак. Пред да замине Филипче уште еднаш рече дека засега бројката на починати е 13. Од овие лица седум го загубиле животот на местото на […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова се имињата на повредените во автобуската несреќа

Директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов вечерва на роднините на повредените во тешката сообраќајка кај Карпалак им ги прочита имињата на згрижените пациенти. Уште еднаш нагласи дека пет лица се починати од кои три по неуспешната реанимација, но нивниот идентитет сеуште се утврдува. Од починатите четири се мажи, а едно е женско лице. Вкупно […]

______________________________________________________________________________________________________

Премиерот Заев ќе ги посети повредените во тешката сообраќајна несреќа

Премиерот Зоран Заев вечерва ќе ги посети повредените од страшната сообраќајна несреќа што се случи попладнево кај скопското село Ласкарци, а во која животот го загубија 13 лица, а повеќемина се повредени. Седуммина патница почнале на лице место, а шест подлегнале на повредите во болница. Повредените што починале во болничките установи биле реанимирани, но неуспешно. […]

______________________________________________________________________________________________________

Возачот на автобусот ја преживеал несреќата, ќе му се зема крв и урина

Возачот на автобусот што попладнево се преврте кај месноста „Карпалак“, на автопатот Скопје-Тетово е во стабилна состојба, информираше градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. Заради расчистување на причините за несреќата во која, според досегашните информации животот го загубија 13 патници, надлежен јавен обвинител побарал да биде земено крв и урина од возачот и да се направи […]

______________________________________________________________________________________________________

ВО ЖИВО: Прес-конференција на министерот Филипче за сообраќајката кај Карпалак

Министерството за здравство најави прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче, во врска со автобуската сообраќајна несреќа во која 13 го загубија животот. Министерството за здравство најави прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче

______________________________________________________________________________________________________

ОФИЦИЈАЛНО- Филипче: Вкупниот број на загинати лица е 13

Директорот на Градската болница 8-ми Септември, Христијан Костов соопшти сега досега во оваа болница од донесените патници од превртениот автобус кај Тетово четворица се мртви, а еден од во критична состојба и се бори за живот. Директорот Костов рече дека се уште пристинуваат возила на брза помош со повредени патници и очекува таа бројка да […]

______________________________________________________________________________________________________

Тринаесет мртви во сообраќајната несреќа на патот Скопје-Тетово

Триесет и пет патници се хоспитализирани во Општата болница 8 Септември сместени во Траума центарот. Тринаесет од пациентите се мртви дознава „Независен весник“ од здраствените власти. Директорот на Општата болница 8 Септември, Христијан Костов за „Независен весник“ изјави дека во болницата двајца од патниците ги донеле мртви, а двајца со тешки повреди, починаа предмалку. „Еден […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија плаче: Шест загинаа, десетици се повредени во страотната несреќа

Најмалку шест загинаа, а над 35 се повредени во тешката сообраќајна несреќа која што се случи доцна попладнево на автопатот Скопје – Тетово. Од Болницата 8-ми септември соопштија дека таму се донесени 4 починати лица и 35 повредени, од кои едно се наоѓа на интензивна нега. Првичните информации говорат дека во автобусот имало над 50 […]

______________________________________________________________________________________________________

Една од тешко повредените во автобусот е трудница – четворица се борат за живот

Пет пациенти се донесени на Ургентен, некои бараат итна интервенција, јавува Сител. Мобилизиран е целиот медицински тим и ослободени се сите операциони сали. Од петте повредени, 4 се со животно загрозувачки повреди. Една од повредените е трудница. Во болницата 8 Септември има 20 пациенти, за среќа межу нив нема деца сега засега.

______________________________________________________________________________________________________

ВО ЖИВО: Страотна сообраќајка на патот Скопје – Тетово, повредените патници од автобусот згрижени на скопските клиники, …

страотна сообраќајна несреќа попладнево во 17 часот се случи на автопатот Скопје – Тетово кога автобус полн со патници излета од патот кај село Ласкарци. Повредените патници на автобусот се згрижени во Градската болница во Скопје и на други клиники, а околу 19.30 часот за состојбата на повредените патници изјава ќе даде министерот за здравство […]

______________________________________________________________________________________________________

Граѓаните сами ќе си плаќаат за промена на пасошите и регистрациите на возилата но не пред да им истечат

Замената на патните документи и регистарските таблички со новото име на државата ќе бидат на товар на граѓаните. Новите регистарски таблички се очекуваат да бидат издадени кон средината на мај, а патните документи кон крајот на годината. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски  рече дека до издавањето на новите регистарски таблички ќе се користат налепници со ознаката […]

______________________________________________________________________________________________________

Бошњаковски: Ако се утврди протекционизам при вработувањата, ќе се реагира

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека откако ќе биде направена анализата околу актуелните вработувања на лица блиски на функционери и пратеници, доколку се покаже дека има форми на протекционизам, тогаш ќе се реагира. – Процесот е почнат и ние сакаме да заврши што побрзо, за да ја информираме јавноста. Премиерот беше прилично јасен – […]

______________________________________________________________________________________________________

МЗШВ: Не е точно дека сопругот на пратеничката Мира Стојчевска е унапреден

Ило Стојчевски е вработен во Шумската полициска станица (ШПС) Делчево од 1998 година на работно место заменик- командир, на која што работна позиција е се уште. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги демантира информациите изнесени во јавноста дека Стојчевски е унапреден и назначен за командир. Во случајот не станува збор за унапредување и назначување, […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1