Archive | Македонија RSS feed for this section

Регистрирани 1.252 заболени од грип, два смртни случаи за три дена

Во текот на изминатата недела (од 28 јануари до 3 февруари), се регистрирани 1.252 заболени од грип, што е речиси двојно зголемување споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 643 заболени од грип. Се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување на пик на сезоната на грип во текот на следните недели, се […]

______________________________________________________________________________________________________

Шестмесечно бебе почина од морбили на Клиниката за инфективни болести

Детето било во лоша состојба поради заразата од морбили развило висока температура а имало и проблеми со срцето и белите дробови. Шестмесечното бебе е прва жртва од морбили во Македонија. Уште две деца на Инфективната клиника заразени со морбили се во критична состојба . Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни […]

______________________________________________________________________________________________________

Шекеринска: Членството во НАТО ќе не чини 1,2 милиони евра, најголем дел одат за нашата армија

Котизацијата за членството на Република Македонија во НАТО годишно ќе ја чинат земјата 1,2 милиони евра, изјави вечерва вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. -Според разговорите кои што ги имавме во НАТО, проценките, калкулациите, негде околу 1,2 милиони евра ќе придонесува Македонија во буџетот за НАТО. Тоа не е голема сума. Факт е дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Субвенции од Градот Скопје за современи еко уреди за затоплување

Град Скопје првпат досега распишува јавен повик за субвенционирање инвертер клима уреди и други современи уреди за затоплување на домаќинствата. -За секој купен инвертер клима уред, секој заинтересиран граѓанин кој ќе ги исполни условите за субвенционирање ќе има можност да добие половина од вкупната вредност на уредот, но не повеќе од 15.000 денари, рече на […]

______________________________________________________________________________________________________

25 годишна девојка од Охрид починала поради компликации од свински грип.

Уште една жртва на свински грип во Македонија. По петгодишното девојче кое почина на Детската Клиника, здравствените власти денеска потврдија дека опасниот вирус земал уште еден човечки живот. Станува збор за 25 годишна девојка со Даунов синдром. 25 годишна девојка од Охрид завчера починала на КАРИЛ поради компликации од свински грип. Пациентката на Клиниката за […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска селекција, а утре избор на нови членови на Антикорупциската комисија

Во Собранието на Република Македонија денеска треба да се состане Комисијата за селекција, која треба да го изврши да го изврши рангирањето на кандидатите за идни членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Секој член од Комисијата за селекција ќе даде оценки за 57-те кандидати кои ги поминаа интервјуата. Секој кандидат може да добие […]

______________________________________________________________________________________________________

Избегнувајте ја оваа улица: гужва поради реконструкција на убиството на Саздо

На Ѕидот на сообраќајниот срам се појави фотографија на која се гледа огромна гужва и редици автомобили кај хотелот Континентал. Избегнувајте го овој дел од градот ако седнувате во кола денеска, се само дел од коментарите на социјалните мрежи. Според информациите на терен во моментов се врши најавената реконструкција за убиството на 20 годишниот Никола […]

______________________________________________________________________________________________________

Пет годишно детенце од Скопје почина од грип

Петгодишно дете од Скопје е првата жртва од грипот годинава во земјата. Девојчето починало ноќеска по полноќ на Клиниката за детски болести каде престојувало само 13 часа. Прво било лекувано во болницата во Козле од воспаление на белите дробови, но по влошување на состојбата го препратиле на скопските клиники. Педијатрите и лабортаториски потврдиле дека има […]

______________________________________________________________________________________________________

Во јануари 20 дена биле со температури под нулата

Постудено од вообичаено, со минимални температури под нулата, и со траење од над 20 дена, како и со натпросечни количества врнежи, односно екстремно влажно време било во минатиот месец, се наведува во денеска објавениот преглед на температурите на воздухот и количествата врнежи на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Средната месечна температура варирала од – 3,8 […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски го поздрави потпишувањето на протоколот, иако цената е „недостоинствена“

Претседателот ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, уште вчера го поздрави денешното потпишување на протоколот за прием на Македонија како 30-та членка во НАТО во седиштето во Брисел. Сепак, тој во разговор за МИА по средбите во Европскиот парламент додал дека пред пристапниот протокол цената за да се стигне до истиот е платена недостоинствено од премиерот Зоран […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинителството пресече: Никој не е виновен за бегството на Груевски

Основното јавно обвинителство утврди дека ниту едно службено лице не помагало, ниту учествувало во организацијата и реализацијата на бегството на Никола Груевски. Досега прибавените докази упатувале на заклучок дека имало определени пропусти во постапувањето на надлежните институции, но тие не претставувале кривично-правно дејствие и не се во надлежност на Јавното обвинителство. Во продолжение, Обвинителството хронолошки […]

______________________________________________________________________________________________________

Царовска: Средствата за граѓаните се тука, обесштетувањето почна, сега се останува на ОЈО

Нашата работа е да го заштитиме системот, законските измени се направени, финансиските средства за граѓаните се тука, обесштетувањето почна, се останато е работа на ОЈО, изјави денеска министерката Мила Царовска пред промоцијата на „Датабазата на експертки“, во врска со случајот со Вториот пензиски столб. Во однос на обвинувањата од страна на ДУИ и нивните изјави […]

______________________________________________________________________________________________________

Бошњаковски: За отстранувањето на оградата нема да се трошат пари од граѓаните

За отстранувањето на железната ограда пред Владата нема да биде потрошен ниту еден денар од парите на граѓаните. За отстранувањето ќе се искористат внатрешните ресурси од Владата, односно постојните капацитети на службите во рамки на Владата, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Оградата ќе биде ставена во депо, а сите понатамошно одлуки во врска со […]

______________________________________________________________________________________________________

Јовески го свика Стручниот колегиум на јавните обвинители за правното мислење на Врховен

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески свика седница на Стручниот колегиум на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија. Седницата е свикана во проширен состав, односно покрај Јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија ќе присуствуваат и вишите јавни обвинители на Вишите јавни обвинителства и јавниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски се сретна со српскиот претседател Вучиќ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски денес (06.02.2019) оствари средба со Претседателот на Република Србија и претседател на СНС г. Александар Вучиќ. Во текот на средбата се дискутираше за состојбите во регионот, можностите за соработка кои стојат на располагање. Воедно се разговараше и за соработката помеѓу двете сестрински партии и искористување на потенцијалите на тој […]

______________________________________________________________________________________________________

Земјите членки на НАТО го потпишаа Протоколот за членство на Македонија во Алијансата

Амбасадорите на 29 земји членки на Северно-атлантската алијанса денеска во седиштето на организацијата го потпишаа Протоколот за членството на Македонија во НАТО. На церемонијата во седиштето на Алијансата, во Брисел, присуствуваше министерот з анадвбрешни работи Никола Димитров, кој утринава директно допшатува во Брисел од Вашингтон. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на почетокот изјави дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата со благодарност до граѓаните, медиумите и политичките субјекти по потпишувањето на Протоколот за НАТО

Владата на Република Македонија по потпишувањето на Протоколот за пристапување кон НАТО упати благодарност до сите граѓани од сите етнички заедници за мудроста и трпеливоста која ја покажале во изминатите 25 години. – Вашата мудрост и трпеливост да не ги прифатите повиците за конфликт и поделби и да изберете политики кои носат економски просперитет, безбедност […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски со честитка за НАТО: Македонија во спорот за името отстапи речиси сè

Експремиерот Никола Груевски, сега бегалец, на социјалната мрежа „Фејсбук“ го честиташе денешното потпишување на протоколот за НАТО. Тој смета дека Владата го нарушила концептот на правичност, фер договор и разумен компромис. Според Груевски, Грција добила речиси сè. Тој во долгиот напис на неколку страни, пишува и дека ова е прв дел од неговите размислувања. Фејсбук […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1