06/02/2019 14:26
•
Posted by: MK News
За отстранувањето на железната ограда пред Владата нема да биде потрошен ниту еден денар од парите на граѓаните. За отстранувањето ќе се искористат внатрешните ресурси од Владата, односно постојните капацитети на службите во рамки на Владата, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Оградата ќе биде ставена во депо, а сите понатамошно одлуки во врска со […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2019 14:18
•
Posted by: MK News
Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески свика седница на Стручниот колегиум на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија. Седницата е свикана во проширен состав, односно покрај Јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија ќе присуствуваат и вишите јавни обвинители на Вишите јавни обвинителства и јавниот […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2019 14:16
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски денес (06.02.2019) оствари средба со Претседателот на Република Србија и претседател на СНС г. Александар Вучиќ. Во текот на средбата се дискутираше за состојбите во регионот, можностите за соработка кои стојат на располагање. Воедно се разговараше и за соработката помеѓу двете сестрински партии и искористување на потенцијалите на тој […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2019 14:16
•
Posted by: MK News
Амбасадорите на 29 земји членки на Северно-атлантската алијанса денеска во седиштето на организацијата го потпишаа Протоколот за членството на Македонија во НАТО. На церемонијата во седиштето на Алијансата, во Брисел, присуствуваше министерот з анадвбрешни работи Никола Димитров, кој утринава директно допшатува во Брисел од Вашингтон. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на почетокот изјави дека […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2019 14:10
•
Posted by: MK News
Владата на Република Македонија по потпишувањето на Протоколот за пристапување кон НАТО упати благодарност до сите граѓани од сите етнички заедници за мудроста и трпеливоста која ја покажале во изминатите 25 години. – Вашата мудрост и трпеливост да не ги прифатите повиците за конфликт и поделби и да изберете политики кои носат економски просперитет, безбедност […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2019 14:07
•
Posted by: MK News
Експремиерот Никола Груевски, сега бегалец, на социјалната мрежа „Фејсбук“ го честиташе денешното потпишување на протоколот за НАТО. Тој смета дека Владата го нарушила концептот на правичност, фер договор и разумен компромис. Според Груевски, Грција добила речиси сè. Тој во долгиот напис на неколку страни, пишува и дека ова е прв дел од неговите размислувања. Фејсбук […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2019 14:01
•
Posted by: MK News
Ви честитам што ставивте крај на еден процес со овој Протокол за пристапување кон НАТО. Сега очекуваме овој процес на реализација на Протоколот да протече беспрекорно, а Канцеларијата на НАТО е тука за да ве советува, да ве поддржува се до крајниот момент, кога ќе станете членка на Алијансата, што ќе биде еден малку подолг […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2019 13:54
•
Posted by: MK News
Ова е голем, историски ден за сите наши граѓани. Денес, најголемиот безбедносен сојуз на светот, НАТО, ни кажа добредојде. Денес седнавме рамо до рамо со нашите сојузници, на иста маса, во иста Алијанса. Ова на својот Фејсбук профил го напиша премиерот Зоран Заев по потпишувањето во Брисел на Протоколот за прием на Македонија во НАТО. […]
______________________________________________________________________________________________________
05/02/2019 16:34
•
Posted by: MK News
На жешкото столче денеска прва седна Радица Лазареска –Геровска државен советник во министерството за правда, и таа како и другите кандидати не можеше да ги избегне незгодните прашања. Внимание предизвика и претседателската на Државната комисија за јавни набавки Маја Малахова на која од претставниците од невладиниот сектор и беше забележано дека не работела транспарентно . […]
______________________________________________________________________________________________________
05/02/2019 16:32
•
Posted by: MK News
Новинарот Ивор Мицковски, преку својот Фејсбук профил се огласи во врска со отказот кој го добил во телевизија Телма. „Тешко наоѓам зборови во моментов затоа што сум ставен во позиција да се правдам и покрај неправдата што ми се нанесува, и лагата која е толку дрско изречена на моја штета дека сам сум одлучил да […]
______________________________________________________________________________________________________
05/02/2019 16:24
•
Posted by: MK News
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги продолжува активностите во Брисел како дел од учеството на политичкото собрание на европската народна партија. И на денешните средби со Мекалистер, Вајгл и Вебер Мицкоски предупредил од можноста за кражба на гласови на претстојните претседателски избори од страна на власта. Тој најпрвин оствари средба со господинот Дејвид Мекалистер кој […]
______________________________________________________________________________________________________
05/02/2019 16:18
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство соопшти дека вчера се прегледани 14 пациенти со симптоми на морбили од кои хоспитализирана била само една пациентка од Гостивар, додека останатите 13 пациенти биле пуштени на домашно лекување поради полесната клиничка слика на морбили. – Од нив, шест се деца на возраст од една до две години и се невакцинирани, а […]
______________________________________________________________________________________________________
05/02/2019 16:14
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ денеска ги соопшти осумтемина кандидати за претседател на државата. До архивата на партија пристигнати се 8 кандидатури, но конечниот број на апликанти ќе биде познат деновиве со оглед на фактот дека дел од апликациите, би можеле да стигнат и по пошта. Никита Шектуковски – професор на Математичкиот факултет Ѓорѓи Манасков – претседател на Стопанската […]
______________________________________________________________________________________________________
05/02/2019 16:10
•
Posted by: MK News
Пратеникот и претседател на Сојуз на Ромите, Амди Бајрам, веќе објави дека ќе се кандидира за претседател, а рече дека ќе бара поддршка со лајкови на Фејсбук. – Прво ќе отвориме фејсбук страна, со лајкови ќе работиме. Ќе идеме четири дена со лајкови и кога ќе дојеме до цифра што треба, ќе се заблагодарам на […]
______________________________________________________________________________________________________
05/02/2019 16:03
•
Posted by: MK News
Талат Џафери, претседателот на македонското Собрание, заедно со опозиционерот Илија Димовски беа единствените кои гласаа „воздржано“ минатата недела за дополнување на Законот за пратеници со кој се предвидува пратениците кои ќе имаат казна затвор од 6 месеци, да го изгубат правото на пратеничка плата. Тој за дебатниот магазин на ТВ21 „Click Plus“ рече дека кога […]
______________________________________________________________________________________________________
05/02/2019 10:30
•
Posted by: MK News
Во емисијата Студио 1 на 1ТВ гостуваше лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, кој се кандидираше за претстојните претседателски избори и истакна дека поддршка ќе побара од сите пратеници, без оглед од која партија се. -Овие денови одиме со лајкови, да видиме дали ќе има десет илјади и еден лајк. Тоа е пробно, колку […]
______________________________________________________________________________________________________
05/02/2019 10:20
•
Posted by: MK News
Вкупно девет кандидатури пристигнале до ВМРО-ДПМНЕ за претстојната Конвенција на која ќе се избира кандидат за претседател на државата, дознава Лидер од извори во партијата. Изворот за порталот потврдува дека професорката Гордана Силјановска Давкова по иницијативата на 30 интелектуалци, кои побараа од неа да се кандидира за претседател, испратила кандидатура до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај […]
______________________________________________________________________________________________________
05/02/2019 10:15
•
Posted by: MK News
Инспекторатот на Град Скопје досега два пати има интервенирано во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза” во Чаир. Денеска повторно е пратен инспекторот како последна опомена до болницата и до Министерството за здравство за да го променат котелот. Доколку не постапат на тој начин, болницата ќе биде затворена од страна на Градот. На […]
______________________________________________________________________________________________________