15 та жртва од автобуската несреќа – 39-годишен маж им подлегна на повредите


На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Скопје, утринава во 5 часот, почина уште еден од патниците кои настрадаа во сообраќајната незгода кај селото Ласкарци. Станува збор за петнаесетиот загинат, маж на возраст од 39 години во оваа голема несреќа.

Патникот при несреќата се здобил со тешки повреди на градниот кош и белите дробови и веднаш пренесен во Болницата „8-ми Септември“. Но, поради сериозноста на повредите уште ноќта бил префрлен КАРИЛ.

Врз повредениот биле извршени две операции истата вечер откако бил донесен на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување поради големо крварење од белите дробови.

За жал поради сериозноста на повредите, утринава починал.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1