Ол стар викенд: Охриѓанецот Осман играше со македонско и турско знаме на патиките


Во НВА лигата се одигра мечот на ѕвездите во подем во кој тимот на САД го совлада остатокот на светот со 161-144.
Еден момент сепак ги разнежи фановите од Македонија откако турската ѕвезда Чеди Осман на мечот настапи со патики на кои беа македонското и турското знаме.
Осман кој е роден во Македонија со тоа и упати голема чест на родната земја:-– Роден сум во Македонија, а ја претставувам Турција. Двете знамиња на моите патики покажуваат дека тие обележја се постојано во моето срце. Знам дека оттаму добивам голема поддршка – кажа Осман кој мечот го заврши со два поени и четири асистенции.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1