Archive | Македонија RSS feed for this section

Министерство за здравство: Се работи за лажна вест

Со демант, се огласија од Министерството за здравство. Информациите на социјалните медиуми дека министерот за здравство, Венко Филипче ја вакцинирал неговата внука Илина од МРП вакцина е лажна вест! На социјалната мрежа фејсбук, министерот Филипче објави информација и фотографија како ја вакцинира внуката со вакцина од редовниот календар на имунизација, со цел со неговиот личен […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ одржува Централен комитет

Претседателските и евентуалните предвремени избори во фокусот на денешниот Централен и Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Евентуалните двојни избори во фокусот на партиите.. СДСМ се уште гради став, кој треба да го соопшти во текот на престојнава недела. Опозициската вмро-дпмне попладнево одржува седница на Централниот комитет, на кој разговара за актуелната политичка состојба. На оваа тема […]

______________________________________________________________________________________________________

Успеавме пријателе! – му пиша Али Ахмети на Коѕијас

Писмото што Ахмети му го испрати на поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас го пренесуваме интегрално: Поздрав драг Никос, конечно дојде денот кога заедно можеме да му се радуваме на еден толку голем заеднички успех. Често се присеќам на многуте наши силно конструктивни, секогаш отворени и искрени средби, кога ја споделувавме истата цел, имавме […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Железни опинци ќе облечам, просечна плата од 500 евра во Македонија ќе има

Ја зголемивме минималната плата, а таа отвори спирала на покачување на платите во Македонија. Со тоа, сега просечната плата е 24.548, а претходно беше 22,889. Дојдовме до просечна плата од 400 евра, ако треба железни опинци ќе облечам, ама 500 евра просечна плата во Македонија ќе има. Ова го изјави премиерот Зоран Заев на трибината […]

______________________________________________________________________________________________________

Надрилекар од Србија обвинет за смртта на Славчо Петров

Надрилекар од Србија е виновен за смртта на 31 годишниот Македонец Славчо Петров, обвинува неговата сестра. Таа во телефонски разговор за сител тврди дека Мирољуб Петровиќ од Крушевац кој бил противник на традиционалната медицина, ги убедувал дека со тревки ќе го излекува туморот на мозокот на нејзиниот брат. Јовановиќ раскажа дека првиот контакт со доктортот […]

______________________________________________________________________________________________________

Три дечиња болни од рак заразени со морбили

Три деца болни од рак заразени со морбили на Детската клиника. Нивната здравствена состојба засега е стабилна. Едно од децата по третманот е пуштено на домашно лекување. -Тоа се деца од хематоокнолошкиот оддел кои се заболени во тек на примање на терапија. Ова се деца кои престојуваат на Оддделот за хематоонкологија и кои за викенди […]

______________________________________________________________________________________________________

Првата честитка до Ципрас стаса од Заев

Заедно со нашите народи испишавме историска победа. Првата честитка до грчкиот премиер за ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент стигна од премиерот Заев. Честито мој пријателе @tsipras_eu, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа, пишува Заев. […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови врнежи од снег во Македонија

Врнежи од снег насекаде во земјата и нова снежна покривка денеска во Македонија. Само во југоисточниот дел има врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе биде во позитива и ќе се движи од нула до пет сантиметри. Снежна покривка од 76 има на Попова Шапка, 60 Маврово, 41 Лазарополе, 30 Крушево, 24 Пожаране, 8 […]

______________________________________________________________________________________________________

Игор Јанушев шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница за претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ го избра Јован Јаулески. Меѓу другите кадровски решенија кои беа утврдени, за советник за меѓународна политика на претседателот Христијан Мицкоски е избран Стефан Андоновски, додека за советник за меѓусоседска политика е избран Тони Димитриевски, информираат од партијата. -ИК изврши избор и на претседатели […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре обилни врнежи од дожд и снег

Македонија утре ќе потпадне под влијание на нов студен и влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд, каде што врнежите ќе бидат обилни и поројни. Локално, како што информираат од УХМР, се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен. На повеќе места ќе има врнежи […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Ќе бидам прв со двојазичен пасош во Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев, вчера во интервју за АлсатМ, рече дека тој веројатно ќе биде првиот кој ќе добие двојазичен пасош, согласно Законот за употреба на јазиците и кој ќе се води на новото име на државата, Република Северна Македонија. Во текот на целото интервју, Заев немаше проблем да го користи скратеното име Северна Македонија, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Ѓорчев ја стартуваше внатрепартиската трка за претседател – СДСМ ќе ги чека партиските анкети

Влатко Ѓорчев влегува во трката за наследник на Иванов. На патот до Водно му стои партиската конвенција на средина од идниот месец и претседателските избори на крајот од април. 40 годишниот татко на 4 деца се решил на ваков чекор бидејќи како што вели не можел да го гледа она што и се случува на […]

______________________________________________________________________________________________________

Милошоски: Ѓорчев ќе ја има мојата целосна поддршка како делегат на Конвенцијата во Струга

Антонио Милошоски ја поддржа кандидатурата на Влатко Ѓорчев за претседател на државата. -Колегата Владимир Ѓорчев се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на партиската конвенцијата. Му честитам за мотивираноста и како делегат на Конвенцијата во Струга ќе ја има мојата целосна поддршка, напиша Милошоски на Фејсбук и додаде: „Најбитното за ваквата поддршка е тоа што […]

______________________________________________________________________________________________________

На тој каурот ќе му ја расплачеме фамијата, закани од обвинетите функционери на ДУИ

Пред да биде одложено денешното рочиште во предметот „Титаник 3“, за изборни нерегуларности во Чаир, дојде до препукување меѓу обвинителите на СЈО и одбраната на обвинетиот пратеник од ДУИ, Ејуп Алими. „Сдк.мк“ пренесува дека Алими им се обратил на обвинителите од СЈО Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи во врска со еден од клучните сведоци на […]

______________________________________________________________________________________________________

АМСМ со вонреден извештај – Внимавајте на овие патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози,а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни служби. На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетувања на коловозот брзината е ограничена на 40 КМ / h. На одредени патни […]

______________________________________________________________________________________________________

Се укинуваат мерките против загадувањето, утре почнува второто полугодие

Вонредните мерки за намалување на загадувањето се стопираат денеска во 18 часот, информираше Шилегов. Според информациите на Градот среднодневните концентрации на ПМ 10 честички во воздухот се под дефинираниот праг за алармирање од 200 милиграми на метар кубен. Овие мерки и препораки ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот. Од […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: На Централен одбор во петок ќе одлучуваме за евентуални предвремени избори

Државната изборна комисија е подготвена за претседателските избори на пролет, во пакет со евентуални предвремени парламентарни избори, ова денеска го потврди првиот човек на комисијата Оливер Дерковски. Според него, самиот факт што е изборен циклус не треба да влијае доколку се оди на двојни избори, но таквата одлука ќе има финансиски импликации. Прашан за избирачкиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Намалено загадувањето, но се уште над дозволеното

Концентрациите на ПМ10 честички паднаа под утврдениот праг на алармирање на 200 микрограграми, но се уште се над максимално дозволените. Загадувањето на воздухот и денеска е над дозволеното, мерките воведени вчера и денеска се применуваат, а се очекува од утре да бидат укинат. Последните мерења на мерните станици на Министерството за животна средина и просторно […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1