24/01/2019 12:47
•
Posted by: MK News
Антонио Милошоски ја поддржа кандидатурата на Влатко Ѓорчев за претседател на државата. -Колегата Владимир Ѓорчев се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на партиската конвенцијата. Му честитам за мотивираноста и како делегат на Конвенцијата во Струга ќе ја има мојата целосна поддршка, напиша Милошоски на Фејсбук и додаде: „Најбитното за ваквата поддршка е тоа што […]
______________________________________________________________________________________________________
24/01/2019 12:43
•
Posted by: MK News
Пред да биде одложено денешното рочиште во предметот „Титаник 3“, за изборни нерегуларности во Чаир, дојде до препукување меѓу обвинителите на СЈО и одбраната на обвинетиот пратеник од ДУИ, Ејуп Алими. „Сдк.мк“ пренесува дека Алими им се обратил на обвинителите од СЈО Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи во врска со еден од клучните сведоци на […]
______________________________________________________________________________________________________
24/01/2019 12:39
•
Posted by: MK News
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози,а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни служби. На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетувања на коловозот брзината е ограничена на 40 КМ / h. На одредени патни […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2019 15:53
•
Posted by: MK News
Вонредните мерки за намалување на загадувањето се стопираат денеска во 18 часот, информираше Шилегов. Според информациите на Градот среднодневните концентрации на ПМ 10 честички во воздухот се под дефинираниот праг за алармирање од 200 милиграми на метар кубен. Овие мерки и препораки ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот. Од […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2019 15:51
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија е подготвена за претседателските избори на пролет, во пакет со евентуални предвремени парламентарни избори, ова денеска го потврди првиот човек на комисијата Оливер Дерковски. Според него, самиот факт што е изборен циклус не треба да влијае доколку се оди на двојни избори, но таквата одлука ќе има финансиски импликации. Прашан за избирачкиот […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2019 15:40
•
Posted by: MK News
Концентрациите на ПМ10 честички паднаа под утврдениот праг на алармирање на 200 микрограграми, но се уште се над максимално дозволените. Загадувањето на воздухот и денеска е над дозволеното, мерките воведени вчера и денеска се применуваат, а се очекува од утре да бидат укинат. Последните мерења на мерните станици на Министерството за животна средина и просторно […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2019 15:38
•
Posted by: MK News
Владата на Република Македонија, согласно својата претходно донесена одлука, ја испрати целосната содржина од Законот за употреба на јазиците на мислење до Венецијанската Комисија, заедно со алтернативниот текст на членот 8*, кој не е составен дел од Законот, од причина што се постави прашањето за неговата усогласеност со Уставот на Република Македонија, соопшти денеска Владината […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2019 15:34
•
Posted by: MK News
Три нови случаи со мали сипаници (морбили) се регистрирани вчера во Скопје. Станува збор за дете на возраст од една и пол година од населбата Чаир, како и за 10-месечно дете и петгодишно дете од Центар, кои не биле вакцинирани, информираат денеска од Министерството за здравство. Со овие три нови случаи, како што посочуваат, од […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2019 15:25
•
Posted by: MK News
Беким Алиу од Куманово – кој за време на нападот во Диво Насеље (2015) на терористите преку фејсбук им ги откриваше позициите на полицијата а во исто време и ветеран терорист на ОНА од војната во 2001 – бил поставен на советничка позиција во владата, пишува Република.мк На социјалните мрежи поставил фотографии на кои е […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2019 15:15
•
Posted by: MK News
Законот за јазици денеска е испратен до Венецијанската комисија, заедно со двете алтернативни одредби и се очекуваа Комисијата во регуларен период да ги даде своите сугестии, кои потоа ќе бидат вградени во текстот. Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога очекува Комисијата да се произнесе по законот и […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2019 15:11
•
Posted by: MK News
Законот за јазиците „е неповратен процес“, порача денеска вицепремиерот Бујар Османи. Ги повика ВМРО ДПМНЕ да го прифатат тоа и да се вклучат во процесот на имплеметирање на законот. Најсериозно ги повикувам да бидат дел од работните групи за имплементирање на Законот, рече Османи. Владата во моментов размислува до Венецијанската комисија да испрати за оценка […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2019 15:09
•
Posted by: MK News
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ја оспорува и содржината и процедурата во која е донесен законот за употреба на јазиците. Партијата на Христијан Мицкоски денеска поднесе инцијатива за проверка на уставноста на овој закон. Најголем проблем за нив е тоа што со законот се воведува втор официјален зкаон во државата, со што се губи значењето на македонскиот […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2019 15:07
•
Posted by: MK News
Десетина имиња се разгледуваат во редовите на СДСМ како можни кандидати за иден претседател, меѓу нив има Македонци, Албанци, Турци, Срби, се со цел да се пронајде личност која ќе биде најприфатливо и максимално консензуално решение, колку што е можно тоа да се направи за да се опфатат сите, истакна премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи […]
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2019 16:17
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ денес поднесува иницијатива до Уставниот суд за оцена на уставноста на Законот за двојазичност, кој беше донесен на насилнички начин од страна на власта, со газење на Уставот, законите и процедурите за донесување и објавување на законите. Указот за прогласување на законот за двојазичност е објавен само со потпис на Талат Џафери и без […]
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2019 16:12
•
Posted by: MK News
Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, во изјава за „Слободен печат“ ги отфрла обвинувањата на бизнисменот Зоран Азманов дека му побарал рекет од 50.000 евра. – Каков рекет, какви 50.000 евра, немојте тоа да го земате за сериозно. Со бизнисменот зборував двапати, тој бараше да се видиме, да се договориме, јас му реков дека нема простор – вели […]
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2019 16:09
•
Posted by: MK News
Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од Никола Груевски против премиерот Зоран Заев, потврдија од судот за „Макфакс“. Причина е тоа што Груевски преку адвокат во меѓувреме ја повлекол тужбата против Заев за неговата изјава за случајот случајот „Македонска банка“. Од Основниот суд Скопје 2 за „Макфакс“ велат: „Тужителот […]
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2019 16:06
•
Posted by: MK News
Ски центарот Маврово, денеска и утре, ќе овозможи бесплатно скијање за ученици додека не се вратат во училишните клупи. – Им излегуваме во пресрет и ги покануваме сите деца да бидат наши гости и да дишат чист воздух на планина додека да помине критичниот период. Се надеваме дека на оваа наша иницијатива ќе се приклучат […]
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2019 16:04
•
Posted by: MK News
Креаторот на лажни вести од Куманово Слаѓан „Цаго“ Бојковски, кој се споменува како централна фигура во истражување на холандскиот сервис за откривање на лажни вести „Њузчекерс“, е вработен како професионален војник во АРМ, потврдија од Генералштабот на АРМ за САКАМДАКАЖАМ.МК. „Лицето кое се споменува во написите во медиумите е вработено како професионален војник во АРМ […]
______________________________________________________________________________________________________