Archive | Македонија RSS feed for this section

Видео: Груевски снимен во трговски во Унгарија

Унгарскиот портал 444.hu објави видео снимка од поранешниот македонскиот премиер, Никола Груевски, како се шета во трговскиот центар WestEndCity, лоциран во центарот на Будимпешта на популарната улица Ваци. Порталот објави дека поранешниот премиер се шетал во саботата навечер, кога трговскиот центар почнал да се празни, а продавниците да се затвораат“.

______________________________________________________________________________________________________

Веља: Немав намера да го убијам Саздовски, жал ми е

Судењето за убиството на Никола Саздовски продолжи по паузата по барањето на адвокатот на обвинетиот Бесир Беља, Насер Рауфи, кој побара прво да се изврши реконструкција на настанот, а потоа да се врши вкрстено испитување на обвинетите, што беше одбиено од Судечкиот совет, објави 24 Инфо. Прв сведочеше Беља, кој диреткно беше испитан од адвокатот, […]

______________________________________________________________________________________________________

Азманов: Ми дојде Боки 13 и ми побара 50.000 евра рекет за да немам никакви проблеми

По повод најавената ТВ-емисија „Инсајдер“ што ќе се емитува на 1 ТВ, на која се споменува името на Зоран Азманов, претседател на надзорниот одбор на Настел ДООЕЛ, тој денеска на прес конференција кажа дека против сопственикот на телевизијата Бојан Јовановски, поднел кривична пријава за изнуда и за изнесување невистини, пренесува Прес24 Азманов на средбата со […]

______________________________________________________________________________________________________

Свети Сава, 27 јануари, неработен за припадниците на српската заедница

Свети Сава, 27 јануари (недела), е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија им го честитаат празникот.

______________________________________________________________________________________________________

Град Скопје со итни мерки против загадувањето на воздухот

Автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници од денеска, 20 јануари, ќе возат бесплатно за граѓаните на Скопје. Одлуката денеска ја донесе Град Скопје и стапува во сила веднаш, а ќе важи до моментот на намалување на загадувањето на воздухот за што јавноста ќе биде дополнително известена. Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху на прес-конференција […]

______________________________________________________________________________________________________

Браво за ова дете: Малиот Христијан го фати крстот во Дебар

Деветоодделенецот Христијан Јаковлевски е најсреќниот од трите момчиња кои денеска скокнаа по светиот крст во Дебар. -Пресреќен сум. Првпат го фаќам светиот крст. Посакувам многу здравје, среќа и радост за сите, мир и благосостојба во целиот свет. Бог се јави, за многу години да ни е овој голем празник – изјави Јаковлевски. Светиот крст во […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Водици повикува да се исчистиме од гревовите

Премиерот Зоран Заев по повод верскиот празник Богојавление – Водици упати писмо со честитки до Архиепископот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до сите православни верници. – Празникот Богојавление – Водици повикува да се очистиме од гревовите на алчноста, од гревовите на гневот и омразата. Со крштевањето во осветените […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопје ноќеска најзагаден град во светот

Ноќеска еден час по полноќ Скопје бил на првото место меѓу градовите со најголемо аерозагадување во светот. Според мерењата на Специјализираната интернет страница за следење на воздухот „Ер вижуал”, индексот на загадување во Скопје, во еден часот по полноќ бил 430. Со тој индекс на загаденост, Скопје бил на врвот на листата, а веднаш по […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов: На Водици, Бог да ни даде сила да истраеме пред искушенијата и надеж за подобро утре

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите православни верници. -Славејќи го крштевањето на Господ Исус Христос, го прославуваме нашето духовно раѓање и ја потврдуваме нашата вера. Со осветувањето […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Со празнувањето на овој свет ден се продолжува негувањето на нашата традиција

Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, да го честитам големиот христијански празник, Богојавление – Водици. Славејќи […]

______________________________________________________________________________________________________

Иван Лотески го фати крстот во Охрид

Иван Лотески, Вевчанец по потекло од охродски Варош го фати крстот за Водици во водите на Охридското Езеро. Лотески и лани го фати крстот во Охрид. Тој посака среќа и здравје за себе и семејството. – Не очекував и оваа година, многу сум изненаден. Имав среќна година, се надевам дека и оваа пак, изјави Лотевски […]

______________________________________________________________________________________________________

Кристијан Ниневски го фати светиот крст во Скопје

Дваесет и петгодишниот Кристијан Ниневски од Скопје го фати светиот крст што архиепископот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан го положи во водите на реката Вардар во Скопје. Ниневски првпат го фаќа крстот, а веќе шест години учествува на традиционалната манифестација што во Скопје се организира по повод големиот христијански […]

______________________________________________________________________________________________________

Каракамишева повикана на разговор за полиција

Професорката Тања Каракамишева денеска била на информативен разговор во полициска станица, бидејќи била пријавена за ширење на говор на омраза. Информацијата ја сподели Каракмишева на нејзиниот фејсбук профил. Ја пријавеле од Хелсиншкиот комитет за претходна објава исто така на фејсбук, која се однесувала на мигрантите. Карамишева обвинува дека станува збор за политички прогон. -Нема да […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО – ДПМНЕ: Законот за двојазичност е штетен и ќе предизвика далекусежни последици

Почитувани, Законот за двојазичност е штетен и ќе предизвика далекусежни последици по Република Македонија. Дополнителен проблем е што законот е донесен на начинот на кој што се донесува е насилнички и недемократски. Доколку ваквото самоволие на власта реализирано преку поединци остане неказнето, огромен е ризикот преседанот во иднина да се претвори во правило. Затоа ВМРО […]

______________________________________________________________________________________________________

Транспортна стратегија до 2030. : Со воз до скопскиот меѓународен аеродром

Околу 104 активности ќе се реализираат во транспортната мрежа во Македонија до 2030 година. За реализација на овие проекти предвидено е да се потрошат околу 4,2 милијарди евра од кои најголем дел ќе се обезбедат преку кредити и ИПА средства. Ова е предвидено во Националната транспортна стратегија што ја донесе Владата на предлог на Министерството […]

______________________________________________________________________________________________________

Кекеновски го даде Законот за јазици на Уставен суд

Професорот Јове Кекеновски денеска до Уставниот суд на Република Македонија поднесе иницијатива за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците, бидејќи смета дека Собранието го донело без потребниот број гласови. -Имајќи го во предвид став 1 од амандманот 18 на Уставот на Република Македононија, сметам дека Собранието го усвоило овој Закон со недоволен […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Димитров се откажаа од се што е македонско

Писмото на Димтров до грчкото Министерство за надворешни работи, уште еднаш потврдува дека со Договорот од Преспа не само што се менува уставното име туку се менува и македонскиот идентитет, се брише и јазикот, историјата и културата. Со други зборови Заев и Димитров се откажаа од се што е македонско. Законот за јазици, промената на […]

______________________________________________________________________________________________________

Пазарџиите ги затворија тезгите, протестираат против новиот Закон за зелени пазари

Скопските пазарџии денеска протестираат против новиот Закон за зелени пазари со кој се бара тие да имаат лиценци за работа. Тие го блокираа булеварот кај Битпазар, а се протестира и пред Собранието на Република Македонија. Според законот, лиценците за тезгите ќе чинат 3.600 денари, а за втора тезга ќе треба да доплатат уште 2.400 денари. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1