Archive | Македонија RSS feed for this section

Јанакиески предизвика смеа во судот – На посетителот на Груевски му се обрати со зборовите: Јадеше гулаш, а?

Обвинетиот екс министер, Миле Јанакиески, на почетокот од денешното рочиште за насилствата во Општина Центар се пошегува со обвинетиот во истиот предмет, Александар Трајковски, кој неодамна беше фотографиран со избеганиот екс премиер, Никола Груевски, објави Фокус. „Јадеше гулаш, а?”, му рече Јанакиески на Трајковски што предизвика смеа во чекалницата. „Јадев бе, зошто да не јадам. […]

______________________________________________________________________________________________________

ДУИ: Летањето орли нема да престане

Со летање орел Али Ахмети и Бујар Османи го прославија донесувањето на Законот за јазиците, а во емисија во живо орел леташе и Груби. Два дена по официјализирањето на законот за употреба на јазиците, функционерите од ДУИ се собраа пред споменикот на Скендер Бег, означувајќи ја годината на овој албански херој. Оттаму порачаа дека целта […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски:Ќе поднесеме кривични за Заев и Џафери

Извршен е атентат, Македонија веќе не е правна држава, ќе поднесеме кривични пријави за Заев и Џафери за Законот за двојазичност и претставка до Уставниот ,изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Изјавата следуваше на состанокот со партиите од коалицијата ,,За подобра Македонија”. Мицкоски истакна дека коалициските партнери ја поддржале идејата за предвремени парламентарни избори […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Извршен е атентат врз Македонија

Со уставните ИЗМЕНИ и законот за јазиците е извршен атентат на Македонија, констатирале претставниците на политичките партии од коалицијата “За пододбра Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицковски истакна дека била искажана загриженост поради секојдневните уцени, закани и притисоци од страна на власта врз политичките неистомисленици со цел остварување на […]

______________________________________________________________________________________________________

ВО ЖИВО: Обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Пред Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1), во 18:45 часот ќе биде дадена изјава за медиуми. Ќе се обрати Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. КУРИР ја пренесува изјавата во живо.

______________________________________________________________________________________________________

Собранието го изгласа Законот за спречување на корупцијата

Собранието со 81 гласа „за“ попладнево го донесе по скратена постапка Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, во рамки на денешната 80. седница. Министерката за правда Рената Дескоска рече дека денеска пред пратениците е квалитетен европски закон во кој се инкорпорирани препораките на Европската комисија и експертската група на господинот Прибе. ” […]

______________________________________________________________________________________________________

Двоглавиот орел е знак на моето знаме

Вицепремиерот Бујар Османи даде појаснување за неговата фотографија со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која симболизираат „двоглав орел“. Како што изјавил тој, негово право е да се самоидентификува, затоа државата гарантира слобода на самоидентификација на граѓаните од етничките заедници. Двоглавниот орел значи порака „јас сум Албанец“. И тоа е знак на идентификација, ако некому […]

______________________________________________________________________________________________________

Нема одложување на почетокот на второто полугодие

Нема одложување на почетокот на второто полугодие од учебната 2018/2019 година. Ова е еден од заклучоците кои денеска ги донесе Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, а попладнево ги соопшти д-р Жарко Караџовски, член на Комисијата. По завршувањето на состанокот на Комисијата, тој рече дека вкупниот број заболени од морбили во Македонија од […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија треба да плати 9000 евра отштета за трансродовото лице „Икс”

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур пресуди во корист на трансродовото лице „Икс” кое ја тужеше Македонија поради повреда на правото на приватност и на неефикасен правен лек во земјата. Судот ја уважи тужбата врз основа на членот осум на Конвенцијата за човекови права што се однесува на повреда на правото на приватност […]

______________________________________________________________________________________________________

Груби леташе двоглав орел во ТВ емисија ВИДЕО

Симболиката на двоглавиот орел на пратеникот Артан Груби во емисија на ТВ24 предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Пратеникот во одбрана на партискиот лидер Али Ахмети и вицепремиерот Бујар Османи, кои со фотографија на која симболизираат двоглав орел ја прославија објавата на Законот за јазиците во Службен весник и самиот го покажа двоглавиот орел. Груби […]

______________________________________________________________________________________________________

92-ца пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Деведесет и две лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот на 19 јануари на Богојавление – Водици во Вардар во центарот на Скопје, информираа од Скопската епархија. Пријавувањето почна на 2 јануари, а завршува денеска. Спуштањето на крстот во водите на Вардар ќе биде на 19 јануари напладне од мостот кај […]

______________________________________________________________________________________________________

Распишана меѓународна потерница по Никола Војминовски

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница за Никола Војминовски, осуден за нападот врз пратеникот Зијадин Села. Тој вчера не беше пронајден дома при извршен надзор од полицијата, по што судот му одреди мерка притвор и даде наредба за распишување на интерна и меѓународна потерница. Војминовски е осуден на 13,5 години затвор за обидот за […]

______________________________________________________________________________________________________

Со 84 гласа „за“ го усвоија предлогот на Владата за законот против корупција

Предлог-законот за спречување на корупцијата и судир на интереси во скратена постапка, со европско знаменце е на дневен ред на продолжението на 80. седница на Собраниието, што ќе почне во 15,30 часот. Во претпладневната расправа пратениците со 84 гласа „за“ го усвоија предлогот на Владата за донесувањето на законот за спречување на корупција и судир […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО – ДПМНЕ со тужби против Џафери и Костовски

ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието, Талат Џафери и директорот на Службен весник, Мартин Костовски. Oбјавувањето на Законот за јазици во Службен весник и Законот за ратификација на спогодбата од Преспа, без потпис на претседателот Иванов, а со потпис на Џафери е противуставно, смета ВМРО – ДПМНЕ. Партијата бара Уставниот суд […]

______________________________________________________________________________________________________

По оставката во ДИК поради бонусите, Виолета Дума ќе го советува премиерот Заев

Поранешната судијка Виолета Дума, која поднесе оставка, па беше разрешена како член на Државната изборна комисија поради бонусите, го советува премиерот Зоран Заев за правосудството за месечен надомест од 40 илјади денари, потврдија од Владата за „Макфакс“. „Виолета Дума е ангажирана во кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија како надворешен соработник за правосудство, […]

______________________________________________________________________________________________________

Терористите го објавија бројот на жртвите во хотелот во Најроби – 47 убиени , десетици ранети

Тероростичката група ал- Шабаб од Сомалија објави дека во нападот на хотелско – деловниот комплекс во главниот град на Кенија , убиле 47 лица. Податокот е објавен на сајтот на терористичката организација , без натамошни детали . Оваа терористичка организација веднаш по почетокот на нападот , ја презеде одговорноста. Според очевидци , неколку мажи со […]

______________________________________________________________________________________________________

УПОЗ бара седумчасовен работен ден и прогласување на 2 јануари и 2 мај за празници

Иницијатива за прогласување на 2-ри јануари и 2-ри мај за неработни денови, како и воведување на седумчасовен работен ден, ќе поднесе до Владата на Р. Македонија Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани. Претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски, на денешната прес-конференција, посочи дека е време Македонија да се приклучи на европските […]

______________________________________________________________________________________________________

Законот за јазици стапува на сила без потписот на Иванов- оние кои нема да го почитуваат казна до 5 илјади евра!

Законот за употреба на јазиците кои минатата година се изгласа од владејачкото мнозинство на СДСМ, денес веќе е објавен во Службениот весник на Република Македонија, со што Македонија станува двојазична држава, а притоа освен македонскиот и албанскиот јазик е службен јазик на цела територија. Закон има 25 членови кои ја регулираат употребата на јазикот. Покрај […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1